МОН обезбедило 1,4 милиони учебници, а учениците сепак фотокопираат


Министерството за образование и наука денеска се пофали дека преку откуп на учебници за кои министерството не ги поседува авторските права и преку печатење на оние кои се во сопственост на МОН, досега во 2023 година обезбеден е тираж од 1.374.324 учебници. Над 98% од нив, се веќе дистрибуирани. Но, од друга страна пак, родителите на […]

МОН: Платите на наставниците од овој месец се зголемуваат за 15%


Платите на наставниците и на другите вработени во основните и средните училишта продолжуваат да се зголемуваат. Како резултат на заложбата за создавање квалитетно образование кое се темели на мотивирани наставници,  министерот за образование и наука Јетон Шаќири и претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура, Јаким Неделков потпишаа спогодба која предвидува зголемување на […]

МОН: Студентите да ги подигнат наменските платежни картички за субвенциониран студентски оброк


Студентите од втора и повисоките години на студии кои аплицирале и ги исполниле условите за субвенциониран студентски оброк, за што добиле потврда од Министерството за образование и наука, заради остварување на правото, како следен чекор имаат обврска задолжително да се регистрираат на активната онлајн платформа на Шпаркасе Банка и да ги ажурираат своите податоци на […]

МОН: Изработката на учебници е комплексен процес што зависи од повеќе фактори, независни од системско влијание


Министерството за образование и наука, во врска со информацијата на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација за „Состојбата со обезбедување на учебници во основното образование за учебната 2023/24“, укажува дека изработката на учебници е комплексен процес што зависи од повеќе фактори, независни од системско влијание. Согласно законските и подзаконските акти, навремено се започнати и […]

И за викенд се доставуваат учебници за сите да имаат на 1 септември


Сите учебници кои досега се одобрени за користење од страна на Националната комисија за учебници се испечатени и интезивирана е испораката до училиштата. Согласно акцискиот план, целосно завршена е испораката во југоисточниот регион, а во моментов учебници се распределуваат во училиштата во главниот град и во општините во северниот и западниот дел на државата.  Процесот […]

МОН реагира на дезинформациите: Учениците ќе имаат учебници


Учебници за учениците ќе има. За време на летниот период годинава Министерството за образование и наука успеа сите одобрени учебници да ги испечати и до 1 септември тие ќе бидат испорачани до училиштата и на располагање на учениците. Еден мал дел учебници, кои не се испечатени, всушност сé уште се во постапка, односно за нивно […]

Учебниците за трето и шесто се во изработка, МОН очекува да стигнат набргу по почетокот на учебната година


Согласно планот за реформа на основното образование кој се спроведува етапно, годинава комплетно нови учебници треба да има за трето и шесто одделение, за што се изработени нови наставни програми од Бирото за развој на образованието (БРО),  доставени во декември 2022 за трето и во април 2023 за шесто одделение.  -Со учебниците за трето сме […]

Обезбедени наставни и нагледни средства по историја и географија за сите основни училишта


Од септември во сите основни училишта во државата ќе бидат на располагање новите наставни и нагледни средства по историја, географија и другите предмети од групата општествени науки, со што часовите ќе станат значително поинтересни за учениците и наставната материја полесно ќе се совладува. Кабинетите по овие предмети во моментов се опремуваат со различни видови географски […]

МОН: Континуирано организирање обуки за јакнење на професионалните компетенции на наставниците


Еден од трите аспекти на образовниот систем во кои вложува Министерството за образование и наука, заедно со другите надлежни институции и со поддршка од меѓународните партнерски организации, покрај инфраструктурата и наставните програми и учебници, е наставниот кадар. Во таа насока, интензивно се работи на подигнување на мотивацијата на наставниците преку обезбедување на повисоки плати, подобри […]

Прифатени 268 од 686 приговори за државната матура од јуни, пријавување за августовскиот испитен рок


 Државниот испитен центар (ДИЦ) соопшти дека по прелиминарните резултати од државната матура во јунската испитна сесија, објавени на 4 јули, приговор во законскиот рок поднеле 686 кандидати од кои прифатени се 268.  -Доколку на кандидатите им е прифатен приговорот, се менуваат перцентилите и/или оценката по тој предмет. Во рамките на законските прописи, денеска (12 јули […]

Шаќири: За десет дена МОН ќе има став дали ќе се поместува почетокот на учебната година


Министерот за образование и наука Јетон Шаќири најави дека за десет дена МОН ќе излезе со став дали ќе има поместување на почетокот на учебната година од стандардниот термин 1 септември.  Најави дека наредната недела пред Комисијата за човечки ресурси  ќе ги претстави трите предлози за почеток и завршување на учебната година.  -Ќе бидат вклучени […]

Ќе се полага приемен за средното медицинско училиште во Скопје, има повеќе пријавени


Првото пријавување на учениците се реализираше преку електронско аплицирање на 20 и 21 јуни 2023 година. Прелиминарната ранг листа се објави на 22 јуни 2023 година, а доставувањето на потребната документација до училиштата беше на 22 и 23 јуни 2023 година. Конечните ранг листи се објавија на 24 јуни 2023 година.  Согласно Конкурсот за запишување […]

Започнува нов проект за јакнење на демократските капацитети на учениците


Со конференција на тема „Едукација за демократска култура – од политика до практика“ денеска започна имплементацијата на новиот проект „Квалитетно образование за сите“ чија цел е јакнење на демократските капацитети на учениците, а го имплементира Советот на Европа со финансиски средства обезбедени од германската влада.  Во своето воведно обраќање, министерот за образование и наука Јетон […]

МОН бара од ДИЦ да се лоцира одговорноста за пропусот на полагањето на вториот екстерен испит


Министерството за образование и наука информира дека од Државниот испитен центар побарало да се лоцира одговорноста меѓу учесниците во спроведувањето на државната матура за, како што наведува „направениот пропуст при полагањето на вториот екстерен испит по англиски јазик“. -Иако тестот не им бил достапен на учениците пред полагањето, односно истиот е споделен меѓу матурантите преку […]

Грантови за училишта за активности на ученици со различно етничко потекло


Четиринаесет училишта добија грантови за спроведување заеднички наставни и воннаставни активности на ученици од различно етничко потекло, кои следат настава на различни наставни јазици. Целта на активностите е јакнење на соработката и довербата помеѓу младите, а финансиските средства за нивна реализација се обезбедени преку проектот „Градиме нови мостови“ кој беше најавен на почетокот на годинава […]

Уписите се ближат – МОН повикува да новите средношколци да се фокусираат на стручно образование


На 20 јуни започнуваат уписите во средните училишта и јас упатувам апел до младите да се фокусираат на средното стручно образование, кое ценам дека е вистински избор и нуди поголема веројатност за добра иднина. Државата има дефицит на стручен кадар и доста работни места со солидни примања, каде се бараат квалификувани работници се непополнети. Така […]

МОН: Ново основно училиште во село Чифлик во Сопиште


 Владата на последната седница даде позитивно мислење за основање на ново општинско основно училиште „Дитурија“ во село Чифлик, Општина Сопиште. Како што соопштија од Министерството за образование и наука, училиштето ќе се основа со поделба од веќе постоечкото основно училиште „Драга Стојановска“ во село Ракотинци. Во состав на новото училиште се планира да бидат и […]

МОН и УНИЦЕФ со работилници за јакнење на компетенциите на стручните соработници во училиштата


Продолжуваат работилниците за стручни соработници од сите основни и средни училишта во државата. Министерството за образование и наука, со поддршка на UNICEF MK досега организираа шест работилници во Охрид, Битола, Тетово, Куманово и две во Скопје, преку кои успавме да вклучиме и да разговараме со 411 стручни соработници. Целта на работилниците е да се изгради […]

Два пати најавено, ниту еднаш почнато етапното реконструирање на студентските домови


Етапната реконструкција на сите девет државни студентски домови ќе започне во втората половина на годинава. Во првата фаза која ќе се заокружи за 18 месеци од почетокот на градежните работи, целосно ќе се реконструираат студентските домови „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски – Питу“. Како што информираат од МОН, економските оператори кои се одбрани во постапката […]

МОН препорачува: Режим на користење на мобилните во училиштата и униформи


Владата на денешната седница усвои сет препораки наменети за училиштата како и за сите останати учесници во воспитно-образовниот систем со цел во овој сензитивен период да се делува во насока на безбедноста во училишните објекти и превенирање на врсничкото насилство. Станува збор за 10 владини препораки кои се плод на еден широк процес на консултации, […]