МОН ги објави резултатите од конкурсот за стипендии за студии од втор циклус во 2023/2024 година


Министерството за образование и наука објави резултати од Конкурсот за доделување стипендии за студии од втор циклус во земјава за академската 2023/2024 година, објавен во декември минатата година. На веб-страницата на МОН се достапни листите со прифатени кандидати што ги исполнуваат условите во областа на општествените науки и во областа на техничко-технолошките и природно-математичките науки.  -Сите кандидати […]

Се реконструира студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“ во Скопје


Активностите за реконструкција на студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“ во Скопје предвидени во договорот кој на почетокот на годината МОН го потпиша со австриската компанија „Штрабаг“, како најповолен понудувач на меѓународниот тендер, започнаа да се реализираат на терен. За 18 месеци објектот ќе добие подобрена одржливост, ќе биде енергетски ефикасен што значи ќе придонесе […]

Објавени повиците на МОН за финансиска поддршка на ученици и студенти


Министерството за образование и наука денеска го објави повикот за финансиска поддршка за учениците од основните и средните училишта чии семејства имаат вкупни месечни приходи од нето плата до 50.000 денари и повикот за финансиска поддршка на студенти кои живеат надвор од местото на студирање за академската 2023/24 година. Двата јавни повика се дел од […]

Втор отворен повик за предлози за фондот за интегрирано образование


Министерството за образование и наука и Мисијата на ОБСЕ во Скопје објавија втор повик за предлози во рамки на проектот на Мисијата „Градење нови мостови“, кој е дизајниран да ги подобри односите меѓу младите со различно потекло и јазици во текот на училишниот ден и преку заеднички наставни активности. – Повикот е за Фондот за интегрирано образование, […]

Резултати од конкурсот за доделување 500 стипендии за ученици од дуалани паралелки од здравствена струка за учебната 2023/2024


Министерството за образование и наука ги објави резултатите од конкурсот за доделување 500 стипендии за ученици од дуалани паралелки од здравствена струка за учебната 2023/2024 година. На веб-страницата на МОН е објавена листата на добитници на оваа стипендија и е достапен за преземање Договорот за стипендија кој секој добитник треба да го пополни во три […]

МОН ги исплати студентските стипендии заклучно со март


Министерството за образование и наука изврши исплата на средства по основ на студентски стипендии, со што сите стари и нови корисници на стипендии ги добија средствата за тековната академска година, заклучно со март. Во меѓувреме, исплатена е и втората рата на сите студенти кои имаат потпишано анекс кон договорот за стипендија и навремено доставиле спогодба […]

Повисоки плати за вработените на УКИМ за 22 отсто, зголемување ќе им се исплати и за јануари


Вработените на најстариот државен универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје од овој месец ќе добиваат повисоки плати во просек за околу 22%, а ретроактивно ќе им се исплати и разликата за јануари. Со ова започнува исполнувањето на обврската на државата која произлегува од колективниот поединечен договор на оваа високообразовна установа потпишан на 29.12.2022 година, […]

Исплатени стипендиите за учениците и студентите


Министерството за образование и наука информира дека исплатени се ученичките и студентските стипендии на сите нови корисници, кои доставиле договор за стипендија во предвидениот рок. Станува збор за 3.300 ученици и 3.000 студенти, нови корисници на кои исплатени им се средства заклучно со месец февруари 2024 година. Одбиените кандидати за стипендија ќе имаат можност за […]

Заврши протестот на студентите, министерот ќе ја разгледа нивната иницијатива за календар на активности


Студентите што протестираа пред Министерството за образование и наука попладнево незадоволни од доцнењето на исплатата на стипендиите и на другите субвенции се разотидоа и немаа средба со министерот Јетон Шаќири. Тој на прес-конференција рече дека денеска го поканил претседателот на Универзитетското студентско собрание (УСС) на Скопскиот универзитет на средба во МОН и дека бил известен […]

Образование 2023: Задоцнети учебници, лажни бомби, слаби ПИСА-резултати


Основците и средношколците се на зимски распуст и во училишните клупи ќе се вратат на 22 јануари за второто полугодие од 2023/2024 година. Учебната година првпат ќе заврши на 17 јуни затоа што со одлука на Владата се воведува и пролетен распуст, од 29 април до 5 мај 2024. Во календарската 2023 продолжи примената на […]

Квизови, осумнасочници, видеа, слики содржат дигиталните учебници за четврто, петто и шесто одделение


Дигитализацијата на образованието стигна во Македонија. Денеска, беа презентирани новите дигитални интерактивни учебници за четврто, петто и шесто одделение. Тоа се истите учебници кои веќе ги има во печатена верзија, но и како ПДФ формат на е-учебници, но сега се збогатени со дополнителни прашалници, квизови, работни и наставни листови, видеа, фотографии. Од помош треба да […]

МОН објави резултати од конкурс за стипендии за средношколци запишани во дуалните паралелки


 Министерството за образование и наука ги објави  резултатите од Конкурсот за стипендии за ученици кои се запишани во дуални паралелки во јавните средни училишта за учебната 2023/2024 година. Конкурсот на МОН е за доделување 1500 стипендии за ученици кои се запишани во дуалните паралелки  (паралелки во стручно образование во кои ќе се реализира практично образование со зголемен […]

МОН: Да продолжи дијалогот помеѓу Министерството за финансии и ДИЦ до целосно усогласување на ставовите


Министерството за образование и наука (МОН) апелира да продолжи дијалогот помеѓу Министерството за финансии и Државниот испитен центар (ДИЦ) до целосно усогласување на ставовите на двете страни, односно изнаоѓање на решение кое ќе задоволи барања на ДИЦ, а фискалните импликации ќе бидат во рамки на расположливите буџетски можности.  -Потсетуваме дека со потпишувањето на новиот општ […]

МОН: Со дигитализација на образованието, вложуваме во развојот на државата


Подобрување на квалитетот на наставата, стекнување на дигитални вештини и безбедно пребарување на интернет, се дел од придобивките од набавената ИТ опрема за 40 основни училишта, преку проектот на Министерството за образование и наука за унапредување на основното образование кој е финансиран со средства од Светска банка. Како што соопшти денеска Министерството за образование и […]

Безбеден интернет добиваат 40 основни училишта


Четириесет основни училишта во државата добиваат современа опрема за безжичен и безбеден пристап до дигитални образовни ресурси. Опремата е набавена преку проектот на Министерството за образование и наука за унапредување на основното образование кој е финансиран со средства од Светската банка. Во училиштата се поставуваат безжични пристапни точки преку кои ќе се овозможи интернет пристап […]

МОН: Училиштето на Вања ќе продолжи со психолошка поддршка за учениците


 Министерството за образование и наука (МОН) изразува длабоко сочувство до семејството и блиските на трагично починатата Вања. Невино дете, кое наместо да му се радува на животот, не по своја волја и вина, замина во вечноста, испраќајќи порака дека општеството и граѓаните мора повеќе да ги прифаќаат и да ги шират вистинските вредности за мир, […]

МОН утре ќе почне да објавува повици за автори за нови учебници за седмо одделение


Министерството за образование и наука утре ќе ја почне постапката за изработка на учебници за седмо одделение кои ќе се користат идната учебна година, откако Бирото за образование и наука (БРО) минатата недела ги достави до МОН наставните програми за седмо според Концепцијата за основно образование која се спроведува етапно. Министерот Јетон Шаќири соопшти дека […]

Студентите во странство финансирани од државата ги враќаат парите, велат од МОН


  Да се запише студент од Македонија на „Џулијард“, а државата да не го поддржи, или државата да го финансира, а студентот да не се врати назад? На оваа релација се размислувањата на Владата и Министерството за образование и наука од една страна и Независниот академски синдикат (НАкС) од друга страна деновиве, кога од академскиот […]

Нухиу: Концептот на дуално образование да се прошири и на факултетите


Заменик-министерот за образование и наука Агим Нухиу очекува концептот дуално образование да се прошири и во високото образование. Како што објави МОН, Нухиу на настан на Земјоделскиот факултет во Штип изразил задоволство што образовните установи во државата сè повеќе воспоставуваат добри релации со компаниите, кои стануваат учесници во воспитно-образовниот процес, јакнејќи ја компонентата – практична […]

МОН објави девет конкурси за доделување 3.500 ученички стипендии од различни области


Министерството за образование и наука денеска објави девет конкурси за доделување 3.500 стипендии од различни области. МОН доделува 50 стипендии за талентирани ученици/чки од средното образование од областа на уметностите од јавните и приватните средни училишта, сто стипендии за талентирани ученици од средното образование (освен за талентирани ученици од средното образование од областа на уметностите) […]