Директорот на протоколот во МНР поднел оставка по гафот со словачкото знаме


  Директорот на протоколот во Министерството за надворешни работи поднел оставка од функцијата поради гафот со словачкото знаме за време на посетата на шефицата на словенечката димпломатија Тања Фајон во Скопје. За ова синоќа информираше министерот за надворешни работи Бујар Османи, и додаде дека тој ја прифатил оставката. Гафот се случи пред десетина дена кога […]

МНР апелира до сите државјани да се воздржат од патување во Иран


  Министерството за надворешни работи апелира до сите државјани на Република Северна Македонија да се воздржат од патување во Исламската Република Иран, поради масовните и насилни протести во различни делови од земјата, а особено во Техеран. Воедно, доколку наши граѓани во моментот се наоѓаат на територијата на Иран, Министерството за надворешни работи ги повикува да […]

(Видео) Отчет на Османи: Во последен момент ја спасивме земјата од балканскиот вртлог


Во последен момент успеавме да ја извлечеме државата од балканскиот вртлог, порача министерот за надворешни работи, Бујар Османи во отчетот за сработеното што го даде претпладнево на пресек од неговиот мандат. При преземање на Министерството за надворешни работи имал, како што рече, неколку приоритети, како добри односи со Европската Унија и со САД, добри односи […]

МНР: Немаме информации дека македонски државјани се борат во Украина


Министертво за надворешни работи на Северна Македонија нема информации за евентуално учество на македонски државјани во војната во Украина, по објавата на руското Министерство за одбрана дека меѓу странските платеници кои се борат на украинска страна имало и 72 наши граѓани. – Министерството за надворешни работи не располага со релевантни информации поврзано со евентуалното учество […]

Зградите на Владата и на МНР во боите на ЕУ


Зградите на Владата и на Министерството за надворешни работи вечерва се обоени во боите на Европската унија во знак на денешниот официјален почеток на простапните преговори. – Денес во Брисел запишавме ново поглавје во македонската историја и ветуваме дека забрзано ќе чекориме кон дополнителен развој и стабилност за сите наши граѓани. Европските вредности се наши […]

МНР: Конзулатот на Северна Македонија во Солун е во комуникација со семејствата на нашите државјани


По добиените информации за несреќата во Посиди, Грција, од вчера нашите дипломатски-конзуларни претставништва во Грција се во интензивна комуникација со надлежните грчки органи, односно со крајбрежната служба за спасување. -Според досегашните информации, вчера околу 15:00 часот тројца наши државјани кои влегле во морето, поради лошото невреме се нашле во беспомошна ситуација да се оддалечуваат од […]

МНР го осуди говорот на омраза во бугарското собрание и врачи вербална нота


Министерството за надворешни работи денеска соопшти дека најостро ги осудува вчерашните написи „Македонија е Бугарија“, кои можеа да се видат во рацете на дел од пратениците за време на заседанието по првата точка во бугарското Народното собрание, но и усно пренесени од говорницата за време на истата седница. – Таквите пораки се противни на европските […]

Околу седум амбасадори чекаат да поминат во собраниската Комисија, прв пат ќе се пополни целата дипломатска мрежа


Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија Бујар Османи прашан дали има поврзаност стратешкиот дијалог со САД, со очекувањата за ново вето во однос на интеграциите во ЕУ, исткана дека поврзаност од таков конспиративен аспект нема. Едноставно, како што рече, се созреаја условите, 15 години одлично стратешко партнерство меѓу двете држави, 30 години дипломатски […]

МНР го поздрави усвојувањето на Резолуцијата на Европарламентот за земјава


Министерството за надворешни работи соопшти дека го поздравува усвојувањето на Резолуцијата на Европскиот парламент за Република Северна Македонија на денешната пленарна седница во Стразбур, посочувајќи дека како и досега, европратениците упатија јасна политичка порака за важноста од забрзување на европскиот интегративен процес и итно започнување на преговорите за членство на земјава во ЕУ. – Охрабрува […]

Економијата и одбраната во фокусот на стратешкиот дијалог со САД


Согласно одличната соработка со САД и силната поддршка која ни ја даваат континуирано, но и бројните иницијативи во сите општествени сектори, сметавме дека времето е созреано за подигнување на уште едно повисоко ниво во скалилото на односи, а тоа е изјавата за стратешко партнерство со САД да се преведе во процес на стратешки дијалог што […]

Османи, Рау и Линде утре на средба со Кулеба на полско-украинската граница


Тројката претседавачи со ОБСЕ, министрите за надворешни работи на Северна Македонија Бујар Османи, на Полска, Збигњев Рау и на Шведска, Ан Линде, утре ќе отпатуваат на полско-украинската граница.   Како што информира МНР, за време на нивниот престој ќе остварат средба со министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба и ќе го посетат прифатниот […]

Зградата на МНР во боите на НАТО


Зградата на МНР вечерва е осветлена во боите на НАТО по повод утрешното одбележување две години откако земјава е полноправна членка на Алијансата. -Да се биде дел од трансатлантското семејство, особено во овие времиња на геополитичка нестабилност, е значајно постигнување и цврста гаранција за нашата безбедност и просперитет, напиша министерот за надворешни работи Бујар Османи […]

Ослободени македонските камиони кои беа запленети во Украина


Вратени им се камионите и превезуваната роба на македонските транспортери кои беа запленети од украинските власти на граничниот премин „Јагодине” меѓу Украина и Полска, соопшти МНР. – По многубројните активности преземени од страна на Министерството за надворешни работи и нашите амбасади во Полска и Украина, како и благодарение на соработката од страна на украинските надлежни институции, на транспортерите […]

МНР: Учеството во која било странска војска е кривично дело


Од Министерството за надворешни работи велат дека како земја пријател на Украина, имаме разбирање за сложената состојба во која се наоѓа Украина и која ги става во посебна состојба украинските власти да повикуваат за секаков вид помош, во сите пријателски земји, вклучувајќи и придружба, и/или доброволци кои би се приклучиле на украинската армија во одбраната од […]

Грчко МНР: Неприфатливи се изјавите на портпаролката на руското МНР


Неприфатливи ги карактеризираше портпаролот на грчкото МНР Александрос Папајоану, изјавите на портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова, која говореше за „антируска информативна кампања во Грција“, став кој на социјалните мрежи го сподели руската амбасада во Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Грција во […]

МНР: Сѐ уште има активни коридори за евакуација за нашите државјани во Украина


Две семејства со наши државјани од Одеса, Украина веќе се дел од коридорот обезбеден преку координација со Владата на Република Бугарија и очекуваме во текот на денот да пристигнат во Бугарија, соопшти Министерството за надворешни работи. Во контекст на истата соработка, од МНР упатуваат апел до нашите граѓани кои се наоѓаат на територијата на Украина, […]

Уште еден апел на МНР за напуштање на Украина


Поради сериозно влошената безбедносна ситуација во и околу Украина, МНР упати посебен апел до нашите државјни кои сѐ уште се наоѓаат во Украина, итно да ја напуштат земјата поради можност од воена ескалација. -Соодветно, ги повикуваме сите државјани на Северна Македонија кои во претстојниот период планирале посета на Украина, да избегнуваат патувања во земјата. Министерството […]

МНР: Работна група ќе ги проверува сите именувања на амбасадори од 2006 година


Министерството за надворешни работи (МНР) во врска со последните изјави на претседателот на собраниската Комисија за надворешна политика за именувањата и упатувањата на дипломати на највисоките позиции во амбасадите и конзулатите на земјава укажува дека во изминатава година на мандат се упатени 20 предводници на странските преставништва, од кои 16 се професионални дипломати од Министерството, […]

Османи: За неколку дена ќе има предлог за амбасадор во Бугарија


Министерот за надворешни работи Бујар Османи во изјава за БТВ најави дека за неколку дена ќе има предлог за амбасадор во Бугарија. Како што јавува дописникот на МИА од Софија, министерот Османи оценил дека е грешка што во текот на овие години Северна Македонија немала амбасадор во Бугарија, но изразил надеж дека во следните денови […]

МНР демантира дека има некаков нов договор, анекс или дополнителен текст на постоечкиот Договор со Бугарија


Министерството за надворешни работи (МНР) ги демантира информациите за нов договор, анекс или каков било дополнителен текст на веќе постоечкиот Договор за пријателство со Република Бугарија. -Министерството за надворешни работи ги отфрла ваквите шпекулации како неточни и контрапродуктивни на напорите на двете земји за надминување на меѓусебните разлики. Односите меѓу Република Северна Македонија и Република […]