Двајца македонски државјани од Маракеш стигнаа во Мадрид, во добра здравствена состојба се


Двајцата македонски државјани, кои се наоѓаа во камп во Маракеш, Мароко, се пристигнати во Мадрид и се во добра здравствена состојба, соопштија денеска од Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија. Се очекува нивно упатување кон своите домови во многу скоро време. Во врска со катастрофалниот земјотрес што го зафати Мароко, согласно ангажманот и […]

МНР препорачува да се избегнуваат загрозените подрачја од невремето во Грција


Министерството за надворешни работи (МНР) апелира сите наши државјани да ги избегнуваат загрозените подрачја од невремето во Грција и да останат на сигурно се до евентуална евакуација и посочува дека според информациите од Амбасадата во Атина, заклучно со денеска еден наш државјанин се наоѓа во градот Волос, на безбедно место, во локален хотел. -Информираме дека […]

МНР: Тројца македонски државјани евакуирани од пожарите во Грција


Во пожарите во Грција, според досегашните информации добиени од надлежните институции на земјата, меѓу загинатите нема државјани на Северна Македонија. Има еден повреден државјанин на Северна Македонија, возач на камион чија приколка била опожарена додека поминувал преку подрачје зафатено со пожари, во близина на Александропулис, соопшти Министерството за надворешни работи. -Возачот добил изгореници, кои се […]

МНР повикува македонските граѓани да ги напуштат загрозените подрачја во Словенија


Министерството за надворешни работи информира дека поради големото невреме кое ја зафатило Словенија, затворени се голем број на патишта и автопатишта низ целата земја. Ги повикуваме сите граѓани на Република Северна Македонија да ги напуштаат загрозените подрачја, особено подрачјата покрај реките. Исто така ги повикаме граѓаните кои планираат да патуваат во Словенија или транзитираат преку […]

МНР ги повика Македонците да се вратат од Нигер – еден чека евакуација


  Поради влошената безбедносна ситуација во Нигер и можноста од ескалација на истата, Министерството за надворешни работи упатува апел до државјаните на Северна Македонија да избегнуваат патување во Нигер, додека на оние кои се наоѓаат во територијата на Нигер а имаат можност да ја напуштат земјата, да го направат тоа веднаш. Министерството преку амбасадата во […]

МНР со повик: Не патувајте во Русија, тие што сте таму, напуштете ја!


 Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија одблиску го следи развојот на состојбите во Руската Федерација и е во постојана комуникација со нашите партнери и сојузници. Од Министерството за надворешни работи посочуваат дека во тој контекст се уште е на сила препораката објавена на 28 февруари 2022 година, сите граѓани на Северна Македонија да […]

МНР осветлено во сина боја по повод Светскиот ден на бегалците


По повод Светскиот ден на бегалците, 20 јуни, Министерството за надворешни работи на Северна Македонија, вечерва е осветлено во сина боја. Шефот на дипломатијата Бујар Османи на Фејсбук напиша дека тоа е симболичен гест на солидарност со бегалците во целиот свет. -Бегалците заслужуваат поддршка и солидарност, додава Османи во објавата на Фејсбук.

„Патот кон 2030“ – панел дискусија во МНР


Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија ја организира панел-дискусија за Преспа форум дијалог 2023, насловена „Патот кон 2030“. Како што информираат од МНР, панел-дискусијата ќе претставува воведен настан на третото издание на ПФД2023. На панел-дискусијата со претставници на граѓанското општество и тинк-тенкови од Балканот и пошироко коишто активно ја следат политиката на проширување […]

МНР: Осумчленото семејство заглавено во Судан ќе биде евакуирано


По добиената информација за осумчлено семејство, државјани на Република Северна Македонија, кое се наоѓа во загрозените подрачја на Судан, Министерството за надворешни работи, преку својата амбасада во Каиро веднаш стапи во контакт и доби потврда дека сите нејзини членови се во добра здравствена состојба.    Министерството преку дипломатската мрежа во регионот е во постојана комуникација […]

За инцидентот на изложбата на македонскиот ликовен уметник МНР ja повика грчката амбасадорка Софија Филипиду


 За инцидентот во Солун, кога за време на изложбата на ликовниот уметник Сергеј Андреевски, во галеријата упаднале група маскирани луѓе, кои со непристојно и вулгарно вербално однесување се обиделе да предизвикаат прекинување на изложбата, по што си заминале, известени се и Генералниот конзулат на Северна Македонија во Солун и Амбасадата во Атина, соопшти МНР. -Иако […]

Албарез во Скопје со поддршка за интеграцијата во ЕУ


Министерот за надворешни работи, ЕУ и соработка на Кралството Шпанија, Хосе Мануел Албарез Буено, денеска ќе престојува во еднодневна работна посета на Република Северна Македонија, на покана на министерот за надворешни работи Бујар Османи, соопшти македонското МНР. Освен средбата со својот домаќин, министерот Османи, шефот на шпанската дипломатија Албарез ќе се сретне и со заменик-претседателот […]

Момчиња од Македонска Каменица, Саса и Пекљани загинаа во Италија


Министерството за надворешни работи на Северна Македонија информира дека синоќа, во градот Ница Монферато, во италијанската провинција Асти, дел од регионот Пиемонт, се случила тешка сообраќајна несреќа со смртни последици за четворица учесници, од кои за тројца е утврдено дека се работи за државјани на Република Северна Македонија.    -Амбасадата во Рим, како и Генералниот […]

МНР интервенирало за средношколците заглавени на „Хоргош“ да поминат граница


Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија веднаш по добивање на информацијата за застојот на наши граѓани на унгарскиот граничен премин, преку својата Амбасада во Будимпешта, стапи во контакт со граничната полиција од каде доби потврда дека има вонреден застој на границата што е резултат од големиот број автобуси поради пролетните распусти на европските […]

МНР: Системските недостатоци се од времето кога ВМРО-ДПМНЕ раководеше со министерството


Во врска со денешната партиска трибина на ВМРО ДПМНЕ за работата и активностите на дипломатијата на Република Северна Македонија, реагираше Министерството за надворешни работи. Во реакцијата на МНР се псочува дека министерствот се соочува со сериозни системски недостатоци кои се резултат на долгогодишнo нестручно работење и длабоко партизирираниот пристап во водењето на институцијата во времето […]

Милошоски: Наместо да ја рекламира државата во светот, МНР го рекламира министерот во Македонија


Пратеникот Антонијо Милошоски на денешната панел дискусија на тема „Алармантните состојби во македонската дипломатија“, во организација на ВМРО-ДПМНЕ,  го обвини министерот Бујар Османи за евтини реклами и за злоупотреба на институцијата. Според Милошоски, МНР наместо да ја рекламира Македонија надвор од светот, го рекламира министерот во Македонија, а на стопански план МНР е најслабата алка, […]

Прекинато водоснабдување во МНР и околни објекти поради дефект


Прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на МНР, А1 и објектот во кој е сместена Финансиска полиција. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ –  Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато во 8.30 часот поради уличен дефект Ф-150 мм на ул. „Филип Втори“ бб (пред МНР). Прекинот ќе трае до отстранување на дефектот.

Двајца македонски ученици повредени во земјотресот во Турција


Двајца од осумте ученици кои престојуваат во Турција преку програмата „Еразмус“ плус, се повредени, од кои едниот има скршеница на ногата, соопшти Министерството за надворешни работи. – Нашите претставништва обезбедија информации и стапија во контакт со деветте наши државјани кои се наоѓаат во загрозениот регион. Се работи за осум ученици и нивен ментор/наставник, кои преку […]

МНР ќе ја прекине предвидената еднонеделна кампања за претседавањето со ОБСЕ


  Министерството за надворешни работи соопшти дека по сугестија на ЗНМ ќе ја прекине предвидената еднонеделна кампања преку користење веб – банери која е во функција на промоција на претседавањето со ОБСЕ. Во соопштението МНР наведува дека претседавањето со ОБСЕ претставува најголемиот надворешно – политички проект со кој Република Северна Македонија ќе се претстави во […]

АВМУ и ЗНМ како спротивна на Законот гледаат на кампањата за ОБСЕ, МНР не се сложува


 Одлуката на Министерството за надворешни работи (МНР) да потроши 100.000 евра за кампањи со цел промовирање на претседавањето со ОБСЕ е спротивна на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, порачуваат од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и потенцираат дека тоа е во спротивност со член 102 од Законот во кој се […]

МНР ги осудува иредентистичките изјави на бугарскиот пратеник Костадинов


Министерството за надворешни работи ги осудува иредентистичките изјави кои содржат и територијални претензии кон Република Северна Македонија изкажани јавно и повеќе пати од страна на бугарскиот пратеник и лидер на политичка партија, Преродба, Костадин Костадинов. – Фактот што овие изјави се повторуваат, овојпат и во Скопје и тоа на значаен и за двете страни симболичен […]