Со 17 проекти ќе се отворат работни места за 5.000 работници, вели Мицкоски


Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Македонија се наоѓа во фаза на засилен економски развој, со нов бран странски инвестиции и значајни резултати во земјоделството. Според него, во тек е реализација или финално договарање на повеќе стратешки проекти, додека земјоделството повторно станува силен двигател на економијата. Мицкоски нагласи дека Владата активно работи на привлекување на нови […]

Мицкоски: Македонија е жртва на класичен булинг на земји-членки коишто го уценуваат интегрирањето


Европската интеграција на нашата земја, можеби е единствен случај во Европа чијашто интеграција во рамките на самата Европска Унија не се цени според системот на напредок, односно како се совладуваат предизвиците, туку целиот овој процес на приклучување кон Европската Унија се темели на билатерални прашања и самото тоа го нарушува кредибилитетот на самата Европска унија […]

Мицкоски не сака да им се наметнува на работодавачите и работниците за минималната плата


Можеме да помогнеме работодавачите и работниците да најдат компромис, но не можеме да наметнуваме, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски за барањата од синдикатите за зголемување на минималната плата на 600 евра.  Мицкоски во одговор на новинарско прашање истакна дека Владата го охрабрува бипартитниот дијалог повторувајќи дека минималната плата ќе се зголеми во согласност со законот.  […]

„Ќе се повлечеме од купување нов авион и ќе се молиме да останеме живи“: Мицкоски се откажа


  Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека Владата ќе се повлече од намерата да купи нов воздухоплов и дека тоа прашање, кое го смета за беспредметно, ќе го остави за некоја идна влада. Тој го критикуваше политизирањето на ова прашање, велејќи дека освен за потребите на Владата, авионот би се користел и за хуманитарни цели. […]

Мицкоски очекува инфлацијата годинава да биде под три проценти


Премиерот Христијан Мицкоски очекува инфалцијата во наредните месеци да биде под 3 проценти, а таков износ очекува и за годишната инфлација, како што изјави денеска, во рамките на проекциите. – Во делот на храната минатата година имаше божикна, јануарска кошничка и така ќе биде и во април. Ценам дека ќе се движиме во рамките на […]

Премиерот Мицкоски ја избегна блокадата од синдикалците, дојде порано на работа


  Синдикалците денеска на протестот пред Владата не успеаја да го блокираат премиерот Христијан Мицкоски, односно да го натераат пешки да дојде на работа. Премиерот на работа дојде нешто пред да почне блокадата на булеварот „Илинден“, каде што е сместен објектот на Владата, па слободно „се прошета“.  Она што им падна во очи на присутните […]

Мицкоски: Заедничката изјава со Белата куќа за Договорот за трговија со САД е историски успех


Премиерот Христијан Мицкоски денеска изрази задоволство од усогласувањето на заедничката изјава помеѓу македонската Влада и Белата куќа, која се однесува на договорот за трговија што двете држави ќе го потпишат, а со кој ќе се овозможи подобра економија и повеќе можности за македонската економија. Со стратешкото партнерство со Велика Британија и Обединетото Кралство, завршувањето на […]

Мицкоски на средба со раководството на 4IG, пакет од 100 милиони евра инвестиции во телефонијата, вештачката интелигенција и енергетиката


Премиерот Христијан Мицкоски, денеска, во рамките на 62. Минхенска безбедносна конференција, оствари средба со раководството на 4IG. Како што информира премиерот на социјалните мрежи, разговарале за пакет од 100 милиони евра инвестиции во неколку сфери во земјата. – Во Минхен остварив средба со раководството на 4IG. Разговаравме за пакет од 100 милиони евра инвестиции, освен […]

Мицкоски: Продлабочување на стратешкото партнерство со САД


Објавата на Белата куќа на заедничката изјава меѓу САД и Македонија за реципрочна трговија претставува јасен сигнал за продлабочување на стратешкото партнерство и потврда за силната поддршка што Македонија ја ужива од САД, вели премиерот Христијан Мицкоски. Тој на својот фејсбук-профил пишува дека по договорот за партнерство со Обединетото Кралство и затворањето на постмониторинг-дијалогот со Советот на […]

Премиерот Мицкоски утре патува во Германија, ќе присуствува на 62. Минхенска безбедносна конференција


Премиерот Христијан Мицкоски, утре ќе отпатува во повеќедневна посета на Сојузна Република Германија, каде што ќе учествува на 62-та Минхенска безбедносна конференција, соопшти владината прес-служба. Мицкоски ќе биде придружуван од министрите за одбрана Владо Мисајловски, за надворешна политика и надворешна трговија Тимчо Муцунски и за внатрешни работи Панче Тошковски. Во рамки на конференцијата, планирани се […]

Мицкоски очекува убава вест од САД за царините


Премиерот Христијан Мицкоски изјави предпладнево дека денеска очекува убава вест од САД за царините за македонските производи. „Да очекувам убава вест. Изминатите месеци жестоко преговаравме, се сеќавате кога излегуваа тогаш опозициските, условно кажано медиуми, кои што критикуваа како Македонија добила 34 отсто тарифи и не знам што и не знам како“, изјави Мицкоски одговарајќи  на […]

„Работата ќе биде многу, многу поголема“: Мицкоски најавува нови истраги за марихуаната


Премиерот Христијан Мицкоски денеска не откри во чие време бил донесен спорниот правилник кој овозможил производство на марихуана кое што не ги задоволува џи-ен-пи нормите, но најави нови сознанија од истрагата која ја врши Министерството за внатрешни работи, споменувајќи притоа „одредени телефони“, „одредени разговори“ и „друг тип на докази. „Вистинското прашање е кој бил мотивот […]

Мицкоски: Постигнат е договор, околу 11 000 административци ќе земат покачување на платите од скоро 40 отсто до 2028 година


Постигнат е договор, околу 11 000 административци ќе земат покачување на платите од скоро 40 отсто до 2028 година, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски по средбата со репрезентативните синдикати во Владата. -Ова е еден поширок пакет каде ќе бидат опфатени заедно со вработените во судовите и обвинителствата некаде околу 11 000 вработени и со ова […]

Од синдикатот барале 10 отсто, добиле осум: УПОЗ и Владата се договорија за платите


  Начелен договор за платите на административците бил постигнат на сребата помеѓу Владата и претставниците на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ) што се одржа денеска во Владата. Како што изјави по средбата претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски, договореното прво треба да се стави на хартија, а потоа за […]

Мицкоски: Чествувањето на Гоце Делчев нека ни биде пример како треба да ја градиме нашата Македонија


Денес, на одбележувањето денот на раѓањето на македонскиот великан Гоце Делчев, премиерот Христијан мицкоски рече дека тој бил човек којшто оставил нераскинлива трага и денес се сеќаваме и исполнуваме на неговото дело коешто го направил и за македонскиот народ, но и за Македонија како држава, но и генерално за сите граѓани. „Неговата борба за независна […]

Има има неколку можни решенија за превозниците, вели Мицкоски


Премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање дали очекува надминување на проблемост со транспортерите идната недела на закажаниот состанок во Брисел со министрите од шесте земји од Западен Балкан, рече дека е важно што имало заедничка дипломатска офанзива со земјите од регионот и оти проблемот е препознаен од страна на ЕУ. – Овој проблеми […]

Мицкоски: Се уште стои понудата за зголемување на платите што ССМ ја одби


Принципиелно ја поддржувам секоја иницијатива на секој работник, што излегува демократски и го бара своето право за повисока плата. И тука треба да сме сите натпартиски сложни дека секој работник кој сака повисока плата треба да се поддржи, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски. Одговарајќи на прашање на пратеничката Драгана Арсова од ВМРО – ДПМНЕ во […]

Мицкоски гледа политика во протестот на ССМ за покачување на платите


Премиерот Христијан Мицкоски во вечерашното интервју за емисијата „Клик плус“ на ТВ21, во врска со најавените протести на дел од синдикалните организации рече дека секој има право да протестира. Тој посочи дека тој нема ништо против повисоки примања, но смета дека целта на синдикатите е политичка пресметка, а не повисоки плати за работниците. -Ги видов […]

„Не бев статист во Давос“: Мицкоски за учеството на Светскиот економски форум


  Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека не бил статист и не правел селфија во Давос, каде што минатата недела учествуваше на Светскиот економски форум. Тој детално кажа со кого сѐ учествувал на трите панели и со кои луѓе седел на иста маса за време на свечената вечера на која што бил поканет, но на […]

Мицкоски барал телефонски да зборува со Лајен за превозниците, но таа била во Индија


Премиерот Христијан Мицкоски очекува да се надмине проблемот на македонските превозници, кои од вчера, заедно со транспортерите од Западен Балкан, ги блокираат граничните премини барајќи да се измени правилото на ЕУ за електронска евиденција за престој во шенген-зоната во согласност со правилото 90/180 дена. Тој денеска изјави дека ова прашање е отворено уште од септември […]