Мицкоски со честитка по повод Велигден: Само заедно, со меѓусебна почит можеме да ја градиме државата каква што ја заслужуваме


Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка по повод најголемиот христијански празник Велигден, посакувајќи здравје, мир и благосостојба во секој дом. -Велигден не е само празник на верата, туку и симбол на надежта, обновата и победата на животот над искушенијата. Тој нè потсетува дека по секоја темнина доаѓа светлина, по секој предизвик – нов почеток, а по […]

Ќе носиме мерки во зависност од ситуацијата, вели Мицкоски


Премиерот Христијан Мицкоски вели дека примирјето во Заливот резултирало со мало намалување на цените на нафтата на светските берзи, но оти е рано да се проектира што ќе се случува на берзите наредната недела. Во однос на зголемувањето на цените во маркетите, пак, посочи дека ќе носат мерки во зависност од тоа како ќе се […]

Буџетот веќе има загуба од милион евра на ден, вели Мицкоски


Кризата не е само во Македонија туку и насекаде во светот. Но ние како држава имаме јасен правец и насока каде се движиме и притоа нема да избрзуваме со потези и нема да носиме решенија под притисок, оти долговите што денеска оваа Влада ги враќа, се токму резултат на такви избрзани политики без стратегија и […]

Втора шанса за електро-поврзувањето Битола–Елбасан, поставен камен темелник на 400 киловолтен далекувод


Македонија целосно ќе се поврзе со сите соседни електроенергетски системи, што значи повеќе сигурност за граѓаните, повеќе стабилност за стопанството и повеќе можности за развој, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски на поставување камен-темелник на 400 кV далновод од ТС „Битола 2” на граничниот премин Ќафасан, на македонско-албанската граница. Тој нагласи дека денес не зборуваме само […]

Мицкоски на бизнис – форум во Будимпешта: Македонија е отворена за инвестиции и партнерства


Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска се обрати на бизнис форумот во Будимпешта, на тема „Ден на деловна соработка помеѓу Унгарија и Македонија“, настан кој обедини претставници на институциите и деловните заедници од двете земји со цел продлабочување на економските односи, размена на искуства и отворање нови инвестициски перспективи. Мицкоски, во своето обраќање, истакна дека […]

Мицкоски: Идните политичари мора да се фокусираат на вештачката интелигенција и енергијата, романтичните идеи да останат во минатото


Политичарите мора да се фокусираат на енергијата и на вештачката интелигенција затоа што тоа е иднината на светот. Политичарите кои зборуваат за романтични идеи од минатото длеуваат интересно само за мала група луѓе, порача премиерот Христијан Мицкоски денеска од настанот „Youth Vision 2030: Western Balkans, Stability & AI in Education“ што се одржува во Скопје. […]

Ако продолжи растот на цената на нафтата, ќе се намалат акцизите и маржата, вели Мицкоски


Владата ја следи состојбата со цените на нафтата и доколку продолжи растот на берзите по истекот на двонеделната мерка за намалување на ДДВ-то од 18 на 10 отсто, доколку продолжи растот, следна мерка ќе биде намалување на акцизите и маржата, односно цената на складирање и транспортните трошоци – истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски. Одговарајќи на […]

Ветерниот парк на „Алказар“ ќе се гради по Велигден, иако дел од опозицијата не го сакала, вели Мицкоски


Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека долгонајавуваната инвестиција во земјава, ветерниот парк на „Алказар enerxi“, конечно ќе почне со рализација по Велигден, иако дел од опозицијата не сакала проектот да успее. Оваа инвестиција беше првата која што ја најави Мицкоски по преземањето на функцијата премиер во новата влада, а беше официјално промовирана уште на 25 […]

Горивата ќе поскапат, но граѓаните ќе заштедат, вели Мицкоски


Дневната заштеда на граѓаните со владината мерка за горивата е повеќе од 200.000 евра, а неделно се очекува да биде 1,5 милион евра. Како што рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, состојбата се следи многу внимателно, има уште неколку мерки, претстојат предизвици, но граѓаните и бизнисот треба да бидат спокојни. Одговорајќи на новинарски прашања, Мицкоски напомена […]

Фрчкоски: Постои бизнис мрежа на Мицкоски во енергетиката


СДСМ денеска на прес – конференција изнесе сериозни обвинувања за, како што велат, „бизнис мрежата на Христијан Мицкоски во енергетиката“. Од СДСМ велат дека започнува од едно име за кое Мицкоски не сака да се зборува – Душан Адамовиќ. Преку Адамовиќ, функционер на СНС – сестринската партија на ВМРО, доаѓаме до офшор компанијата од Кипар, […]

Премиерот ги прочита имињата на сите загинати во пожарот во Кочани, по реакцијата на родителите


Сите имиња на настраданите во пожарот од дискотеката во Кочани, денеска се најдоа во годоврот на премиерот Христијан Мицкоски, на Меѓународна конференција за институционалните и клиничките аспекти и решенија по пожарот во Кочани што денеска до 17 часот се  одржува во Скопје. Ова доаѓа по реакцијата на родителите на загинатите, кои пред два дена присуствуваа […]

Мицкоски очекува бензинските пумпи да ги намалат цените по добиениот попуст од ОКТА


Премиерот Христијан Мицкоски очекува малопродажните цени на бензините да бидат намалени за околу 2,5 денари по литар, откако компанијата ОКТА донесе одлука да им даде попуст на сите компании што се снабдуваат од неа за набавените деривати, што ќе трае до крајот на овој месец. Одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Кочани, тој истакна […]

Кочани и Кран-Монтана: Мицкоски тврди дека Македонија подобро реагирала од Швајцарија


  Македонскиот систем и институциите, далеку подобро се справиле со трагедијата со пожарот во дискотеката во Кочани, отколку швајцарските надлежни, при нивната трагедија во дискотеката во Кран-Монтана, смета премиерот Христијан Мицкоски. Прашан дали „чувствувате како Влада дека добро се справивте со трагедијата во Кочани пред една година?“, при денешната посета на Кочани Мицкоски беше сигурен […]

Што му кажаа странските инвеститори на премиерот Мицкоски


  Странските инвеститори денеска го потврдија сојузништвото со Владата во делот на (не)зголемувањето на минималната плата, но истовремено на маса го ставија и прашањето за исплатата на државната помош што лани доцнеше прв пат откако оваа практика за поддршка на странските инвестиции беше воведена кај нас. Странските инвеститори во земјава исто така се „избоксуваа“ за […]

Мицкоски оптимист: Проблемот со транспортерите најверојатно ќе се реши со годишни визи


Проблемот со транспортерите најверојатно ќе се реши преку издавање годишни визи со повеќекртарен влез и излез од Шенген зоната, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски. Како што информира Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања, веќе се разговара на билатерално ниво со неколку држави од ЕУ кои се истовремено и членки на Шенген зоната. -Предизвикот со транспортерите е […]

Мицкоски не гледа потреба за кризна состојба, предлозите на опозицијата биле „соцболшевизам“


  Владата денеска нема да прогласи кризна состојба која е потребна за потоа да се донесат мерки за намалување на акцизата и на данокот на додадена вредност, односно да се интервенира во цените на нафтените деривати кои од денеска се значително поскапи. Ова претпладнево го најави премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на прашања на новинарите околу […]

Мицкоски со претставници на нафтената индустрија: Состојбата е под контрола, има залихи на гориво


Нема простор за загриженост, состојбата е целосно под контрола. Залихи на горива има и нафтените потреби целосно се задоволуваат, објави премиерот Христијан Мицкоски по средбата со претставници на нафтената индустрија во државата со кои разговарал за актуелната состојба со нафтените деривати. -Разговаравме за актуелната состојба со нафтените деривати, имајќи ја предвид кризата на Блискиот Исток […]

Одлуката на Уставниот суд за линеарното покачување на пензиите е во полза на пензионерите, смета Мицкоски


Премиерот Христијан Мицкоски смета дека одлуката на Уставниот суд за уставноста на линеарното зголемување на пензиите е во полза на пензионерите.  -Што се однесува до одлуката на Уставниот суд многупати сум кажал дека нема да ги коментирам. Нормално, понекогаш тие одлуки се во согласност со вашите политики, понекогаш не се во согласност во вашите политики, […]

Мицкоски најави дека наскоро ќе почне да се гради ветерниот парк на „Алказар“


„Инвестициите коишто или се почнати или се реализираат или се во фаза на договарање на државна помош, а се дел од портфолиото на ТИР Зони изнесуваат околу 650 милиони евра, тоа се 17 проекти коишто треба да креираат до 5.000 нови работни места, а во делот на извозот се очекува да го зголемат за околу […]