Министерски работен ручек на маргините на Самитот на Брдо – Бриони


Колку повеќе зборуваме со еден глас и си помагаме едни со други во регионот, толку побрзо ќе одиме сите напред. Натпреварот во реформи, во тоа што има значење за нашите граѓани денес и утре, е единствениот политички натпревар што му треба на Балканот. Ова го истакна шефот на дипломатијата Никола Димитров на работниот ручек што го […]

Само владејачките пратеници ќе се дружат со министрите


За првпат на оваа седница за пратенички прашања предвидена е и неформална средба на пратениците од сите партии со премиерот и членовите на Владата. Иницијативата за вакво неформално дружење за време на редовната пауза од 14 до 15 часот е на пратеничката група на владејачкиот СДСМ, а во соработка со Националниот демократски институт. Сепак, на […]

„Илинденска“ бр. 2 пред широка реконструкција


СДСМ, можеби и ДУИ ќе треба да отстапат по едно министерско место во владиниот кабинет, а и натаму е отворена можноста за воведување вицепремиерско место за спроведување на реформите. Вакви се првичните очекувања од реконструкцијата на извршната власт што премиерот Зоран Заев ја најавува веќе подолго време, а сега повторно ѝ даде гласност – на […]

Таравари: Подобро се снаоѓав како министер отколку како градоначалник


Подобро се снаоѓав како министер отколку како градоначалник, вели Арбен Таравари, екс министерот за здравство и актуелен градоначалник на Гостивар, во интервју за МИА. Таравари е лекар и Виш научен соработник на Клиниката за неврологија во Скопје. – Кога ја презедов министерската функција, пристапив со голем елан и желба да се сменат состојбите во здравството. Оформив […]

Заев: Кога ќе има решение за министрите, јавноста ќе знае


Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека веднаш штом ќе има решение за новите членови во Владата јавноста ќе биде известена, не изнесувајќи информации дали синоќа се одржал најавениот состанок со коалициските партнери. – Знаете дека има испразнети пратенички места кои треба да бидат пополнети од ДИК. ДИК е во оставка, но треба да продолжи да […]

Љајиќ: ЦЕФТА да го забрза протокот на стоки низ Балканот


Српскиот министер за трговија, туризам и телекомуникации Расим Љајиќ реагираше на долгото чекање на камионите кога минуваат од една во друга држава во регионот, кое трае од седум до 48 часа и побара реформи во регионалниот трговски блок ЦЕФТА, со што би се овозможил побрз проток на стоки низ Балканот. – Според податоците на ММФ, […]