Министрите на Германија, Фраинција и Полска на состанок за поддршка на Украина


  Министрите за надворешни работи на Германија, Франција и Полска денес попладне ќе одржат состанок на таканаречениот „Вајмарски триаголник“, а форматот ќе биде доминиран од темата за поддршка на Украина, соопшти француското Министерство за надворешни работи. Јохан Вадефул, Жан-Ноел Баро и Радослав Сикорски ќе се сретнат во Париз, еден ден откако Елисејската палата беше домаќин […]

Собранието ги избра Мухамет Хоџа за министер за животна средина и Беким Сали за министер за евроинтеграции


Собранието денеска во рамки на 75. пленарна седница ги избра Мухамет Хоџа за министер за животна средина и Беким Сали за министер за евроинтеграции. Веднаш по изборот Хоџа и Сали дадоа свечени изјави пред пратениците.  Претседателот на Владата Христијан Мицкоски пред Собранието ги образложи предлозите Мухамет Хоџа да биде министер за животна средина и Беким […]

Мицотакис ја блокира истрагата на министри за милионска измама со земјоделските фондови на ЕУ


  АТИНА — Грчките владини министри и високи функционери се осомничени за договарање во масовна измама со земјоделска помош од Европската унија за стотици милиони евра. Но, и покрај тоа што се именувани како осомничени од страна на европските обвинители, тие веројатно ќе ја избегнат правдата бидејќи премиерот Киријакос Мицотакис блокира целосна истрага. „На Грција […]

Притвор до 30 дена за поранешни министри во Србија заради натстрешницата во Нови Сад


Вишиот суд во Белград одреди 30-дневен притвор на 13 осомничени, меѓу кои и поранешните министри Горан Весиќ и Томислав Момировиќ како дел од истрагата поврзана со реконструкцијата на железничката линија Нови Сад – државна граница (Келебија) и реконструкција и модернизација на железничката станица во Нови Сад. Томислав Момировиќ и уште 11 осомничени беа сослушани пред […]

Новинари открија огромни имоти на српски министри: Еден од нив има ергела


Српските министри со најимпресивен имот се Братислав Гашиќ, кој заедно со членовите на неговото семејство поседува етносело, станови, згради и земјиште во вредност од повеќе од 23 милиони евра, и Ненад Поповиќ, чии компании во Русија – и покрај санкциите што им ги наметнаа Соединетите Американски Држави – генерираат повеќемилионски приходи, открива ново истражување на […]

Британија воведе санкции против двајца крајнодесничарски министри на Израел


  Велика Британија заедно со Австралија, Канада, Нов Зеланд и Норвешка воведоа санкции врз двајца министри од израелската влада, Итамар Бен-Гвир и Безалел Смотрич, главно поради поттикнување насилство врз Палестинците во нивната кампања за преземање контрола врз новите населби на Западниот Брег. Бен-Гвир, министерот за безбедност во коалициската влада на Бенјамин Нетанјаху, и Смотрич, министерот […]

Се чекаат имињата од ВМРО-ДПМНЕ. Беса, ЗНАМ и Алтернатива ги објавија кандидатите за министри


Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска на седници треба да ги утврди кандидатите за министри од коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од партијата на мандатарот Христијан Мицкоски. Тоа тој го соопшти пред четири дена и најави дека во вторник, 18 јуни, до Собранието ќе биде доставен официјалниот список на кандидатите за членови на новата влада. […]

ЗНАМ ги објави имињата на кандидатите за министри во владата (во живо)


Движењето ЗНАМ за наша Македонија на седница на Централниот одбор ги утврди кандидатите за министри во идната влада.  Според коалициониот договор ЗНАМ би добил две министерски места, а партијата ги предлага за министер за правда Игор Филков, а за јавна администрација Горан Минчев. Кандидатот Игор Филков (роден во Скопје, 1979) е правник, приватен стопанственик, претседавач на […]

Собранието ги избра Илир Демири и Наим Бајрами за министри за здравство и за информатичко општество и администрација


Собранието попладнево, во рамки на 143-тата седница, ги избра Илир Демири и Наим Бајрами за министри за здравство и за информатичко општество и администрација на местото на нивните сопартијци Фатмир Меџити и Азир Алиу кои во петокот беа разрешени на предлог на техничкиот премиер Талат Џафери. И Демири и Бајрами се избрани со 63 гласа […]

Собранието ќе избира нови министри за здравство и за информатичко општество и администрација


Собранието денеска треба да ја продолжи 143. седница на чиј дневен ред, меѓу другото е и изборот на нови министри за здравство и за информатичко општество и администрација. За нов министер за здравство е предложен актуелниот директор на Клиничката болница во Тетово, Илир Демири, а за министер за информатичко општество и администрација Наим Бајрами. Собранието […]

Илир Демири и Наим Бајрами предлози за министри од АА


Алијансата за Албанците попладнево преку соопштение до медиумите објави дека одлучила да предложи нови кандидати за министри за здравство и за информатичко општество и администрација, на местата на Фатмир Меџити и Азир Алиу, кои како кадри на АА станаа членови на Владата. – Врз основа на статутот на партијата, членовите 152, 154, 156 и член […]

Мицкоски ги соопшти имињата на техничките министри, Панче Тошковски во МВР


  Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во „Топ тема“ на Телма ги соопшти имињата на техничките министри и заменици кои ќе ги предложи ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада, потенцирајќи дека тоа се компетентни и неизвалкани кадри чија задача ќе биде да ја обезбедат волјата на народот. Пред извесно време добив овластување од ИК и ЦК на […]

Блинкен остана осамен на состанокот со арапските министри


  Арапските водачи јавно го притиснаа американскиот државен секретар Антони Блинкен во саботата (4 ноември) да обезбеди итен прекин на огнот во Газа, неколку часа откако Палестинците рекоа дека во израелски воздушен напад загинале најмалку 15 луѓе во училиште под раководство на ОН што се користело како засолниште. Во редок отворен приказ на несогласување, највисокиот […]

Министрите за внатрешни работи на ЕУ ги усогласуваат мерките за справување со миграциски кризи


Министрите за внатрешни работи на ЕУ направија чекор напред кон усогласувањето на Пактот за миграција и азил на Унијата, постигнувајќи напредок во прецизирањето на мерките насочени кон ефикасно справување со вонредни миграциски кризи, информира шпанскиот министер за внатрешни работи Фернандо Гранде-Марласка. – Се надеваме дека пред крајот на овој месец ќе го имаме ставот на […]

Шаленберг, Липавски и Влаховски ќе ни ги пренесат официјалните ставови на ЕУ за македонското европристапно досие


Тројцата министри во „Славков“ или „Аустерлиц“ формат: министерот за надворешни работи на Австрија, Александер Шаленберг, министерот за надворешни работи на Чешка, Јан Липавски и министерот за надворешни работи на Словачка, Мирослав Влаховски утре ќе престојуваат во посета на земјава. Како што соопшти Министерството за надворешни работи (МНР), тројцата шефови на дипломатии се ополномоштени од високиот […]

Пауза во Собранието – ВМРО-ДПМНЕ бара поединечна расправа за секој од новите министри


Во Собранието е објавена едночасовна пауза на стартот на денешното продолжение на 104-седница за владината реконструкција, на барање на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски  за да се подготват за расправата за предлогот за избор на нови министри – Кренар Лога за правда, Фатмир Меџити за здравство, Азир Алиу за информатичко општество и […]

Новата влада на Бразил ќе има 37 министри


Владата на новоизбраниот претседател на Бразил Луис Инасио Лула да Силва ќе има 37 министри, односно многу повеќе од владата на Жаир Болсонаро, која имаше 23 министри, соопшти синоќа идниот кабинет на претседателот. Иако бројот на сектори се зголеми за 60 отсто за време на третиот мандат на Лула да Силва, кој започнува на 1 […]

Во Црна Гора разрешени министрите за одбрана и за надворешни работи


Собранието на Црна Гора ги разреши министрите за одбрана и за надворешни работи Рашко Коњевиќ и Ранко Кривокапиќ на предлог на премиерот Дритан Абазовиќ, на чија Влада претходно и беше изгласана недоверба. Тоа е првпат во парламентарната историја министри да бидат разрешени од влада на која веќе и е изгласана недоверба, што според мислењето на […]

Министрите за надворешни работи на ЕУ ќе разговараат за поголема помош за Украина


Министрите за надворешни работи на земјите од ЕУ денеска во Луксембург разговараат за дополнителни опции за поддршка за Украина. На маса, меѓу другото, е и предлогот на еврокомесарот за надворешни работи Жозеп Борел да се обезбедат дополнителни 500 милиони евра за испорака на оружје и друга воена опрема. Веројатно на состанокот ќе се зборува за […]

Состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ за ситуацијата во Украина


 Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска во Брисел треба да разговараат за најновите случувања во украинскиот конфликт, по викендот на зголемени тензии во Донбас, каде имаше жртви, пријавени од двете страни, јави ДПА. Зголемениот број на прекршувања на примирјето во источна Украина е предмет на особена загриженост, поради стравувањата дека рускиот претседател Владимир Путин […]