Министерството за здравство бара историчар за државен советник?


Министерството за здравство бара државен  советник за здравствен менаџмент и здравствена политика. Во огласот, кој истекува денеска, е наведен малку чуден критериум во делот на образование – услов е кандидатот да има завршени историски, економски или правни науки. Платата за оваа позиција е речиси 39.000 денари. Дополнително, се бара најмалку шест години работно искуство во струката, […]

Села ниту во Владата ниту надвор од неа


Иако во јавноста наголемо се разговара за евентуалното излегување на „Алијансата за Албанците“ од владата, Зијадин Села сепак не најавува повлекување и уште повеќе не се откажува од ресорот здравство бидејќи, според него, ѝ припаднал на неговата партија кога преговарале за формирање влада. Села за новинарите изјави дека немале ни намера на централниот комитет на […]

Заев: Новиот предлог на „Алијансата“ беше неприфатлив


Премиерот Зоран Заев изјави дека предлозите за испразнетите министерски места се испратени до Собранието на Република Македонија и оти предлогот на Алијансата за Албанците за министерското место за здравство бил неприфатлив. Во гостувањето на „Ноќно студио“ на телевизија Телма, Заев рече дека на никој од коалиционите партнери не му следува министерство по приоритет и оти […]

Села побара Министерство за бурек


И по конечната средба меѓу премиерот Зоран Заев и лидерот на „Алијансата за Албанците“, Зијадин Села, нема договор за тоа кој ќе биде новиот министер за здравство. „Алијансата за Албанците“ и натаму останува дел од владиниот кабинет, но останува цврсто на првичните ставови. По средбата, која траеше 20 минути, Села категорично изјави дека коалицијата на […]

Лекот за болеста Вилсон бил нарачан уште пред два месеци, нема кој да го даде на пациентите


Речеси два месеци во депоата стои лек што значи живот за пациентите со ретката болест Вилсон, но тие уште не го добиле оти немало кој да направи нарачка и кој да ја потпише. Ова го откриле претставници на здруженијата за ретки болести, кои вчера отишле во кабинетот на заменик министерот за здравство, Гоце Чакаровски, да […]

Заев најави средба со коалициските партнери


Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев најави нова средба со неговите коалициски партнери – ДУИ и Алијансата за Албанците, која би се одржала вечерва и на која би се разговарало за и за пополнувањето на испразнетите места во владата. Ова Заев го соопшти во изјава за медиумите во Приштина, каде што е денеска во […]

Чакаровски: Лековите за ретки болести се по депоата на веледрогериите


Недостигот на лекови се прави вештачки, рече Гоце Чакаровски, заменик министер за здравство, на синоќешната дебата во Топ Тема на која дискутираше со претставнички на организации за ретки болести. За тоа зошто лековите не се кај пациентите, Чакаровски рече имало „други интереси“ кои не сакаше да ги каже. Министерството за здравство е без министер речеси […]

Заев се чуди кој да биде министер, пациенти се чудат зошто немаат лекови


Кога ќе има министер за здравство за да знаеме кого да прашаме зошто шест месеци го немаме потребниот лек, велат од Здружението на граѓани за поддршка на лица со ретки болести „Вилсон Македонија“, откако одговор не добиле ниту преку архивата на Министерството. Тие се едно од здруженијата кое од поодамна укажува на состојбите во здравството, […]

Министерство за здравство: Бакрачески не е деградиран, за Доневски ќе каже ДКСК


Министерството за здравство вечерва ги објави заклучоците од вонредниот инспекциски надзор во охридскиот Завод за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања. Во оваа институција на работа се врати д-р Никола Бакрачески, доскорешен градоначалник на Охрид, при што излегоа информации дека е деградиран поради политички реваншизам. „Д-р Никола Бакрачески, специјалист интернист со супспецијализација-кардиологија, во 2013 […]