Скопска гинекологија ќе добие „конкуренција“ во внатрешноста


Клиничките болници во Тетово, Штип или Битола ќе нудат подеднакво квалитетни услуги како клиниката за Гинекологија во Скопје. Овие три болници ќе бидат акредитирани според стандарди за родилишта и родилките нема да се препраќаат само на Клиниката за гинекологија (ГАК) или во болницата во Чаир. Ова е една од мерките за намалување на смртноста кај […]

За инсулин годинава се предвидени исто пари колку и лани


Државата за набавка на лекови и помагала за дијабетичари за оваа година обезбеди 620 милиони денари. Тоа се гледа од Програмата за обезбедување инсулин, глаукагон, инсулински игли, ленти за мерење шеќер и едукација за дијабетесот, кој пред некој ден е објавена во „Службен весник“. Тоа е истата сума од минатата година, со таа разлика што […]

Министерството за здравство го вработи Јосиф, фармацевт со ретка болест


Јосиф Мишевски, дипломиран фармацевт со ретка болест на кожата, ќе учествува во креирање на Програмата за ретки болести. Јосиф од денеска е вработен во Министерството за здравство, во секторот фармација. „Имајќи во предвид дека лицето спаѓа во категоријата лица со ретки болести (со дијагноза ихтиоза), на овој начин лицата кои директно се засегнати од имплементацијата […]

Македонското здравство на 22 место во Европа


Македонскиот здравствен систем е рангиран на 22. место на листата на европски здравствени системи за 2017 година. На листата што ја објави Европскиот здравствен потрошувачки индекс, Македонија има 649 бода. На првото место на листата е Холандија, на второто е Швајцарија, а на третото Данска. Подобро рангирани од Македонија се Србија на 21. место и […]

Околу 300 деца со попреченост девет месеци чекаат да поправат заб


Околу 300 деца со попреченост чекаат девет месеци за да поправат заби на Клиниката за стоматологија, бидејќи толку време нема апарат за анестезија кој е за потребен за да се изврши интервенцијата. Кај децата со попреченост, секој зафат на забите мора да се прави со општа анестезија. Стоматолошкиот клинички центар е единствен во државата каде […]

Комисија ќе испитува зошто 15-годишник почина на ТОАРИЛУЦ


Министерство за здравство соопшти дека ќе направи целосна анализа за трагичниот настан во кој почина 15-годишно момче за време на операција на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ). Првичните информации говорат дека станува збор за малигна хипертермија која се случува во многу ретки случаи кај пациенти кои имаат […]

Преку „Мој термин“ ќе се следат ретките болести и бременоста


Министерството за здравство ќе го унапредува системот „Мој термин“ за што распиша тендер од пет милиони денари. Според најавите, во системот ќе се надградат постојните, но ќе се воведат и нови функционалности. „Како еден од поголемите модули што ќе се воведе со новата надградба на системот е воспоставување софтверско решение за регистар на лица со […]

Забрана за работа за болницата „Санте Плус“


Болницата „Санте Плус“ доби забрана за работа додека не ги отстрани недостатоците што ги констатирал Државниот санитарен и здравствен инспекторат, соопшти Министерството за здравство. „На ден 23.01.2018 год. (вторник) од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат е извршен вонреден инспекциски надзор во ПЗУ Свети Лазар (Моја Болница-Санте плус), во однос на почитување на законската регулатива, […]

Со 70.000 евра ќе се надградува „Мој термин“


Министерството за здравство објави тендер за надградба и одржување на националниот систем за електронски евиденции во здравството, познат како „Мој термин“. Вредноста на набавката изнесува 4 милиони и 237 илјади денари без ДДВ, или околу 70 илјади евра. .Системот треба да го подобри „лесното и ефикасно ажурирање на податоците преку едноставниот и кориснички интерфејс на […]

Шестмесечно бебе заболе од морбили


Два нови случаи на морбили регистрираше Институтот за јавно здравје. Едниот е дете на шестмесечна возраст, кое заради возраста сѐ уште не е вакцинирано (не подлежи на вакцинација) и е во добра општа состојба. Вториот случај е маж на 40-годишна возраст (вакциниран со една доза на вакцина), кој бил само амбулантски прегледан и пуштен на […]

Смртта на родилката се испитува, бебето е во стабилна состојба


Бебето чија мајка почина на 18 јануари за време на породувањето во приватната болница „Санте плус“ во Скопје, кое оттаму било донесено на Клиниката за детски болести, е во релативно стабилна здравствена состојба, прима терапија и се уште е приклучено на респиратор. Ова за МИА го изјави директорката на Клиниката за детски болести, Катерина Ставриќ. […]

Министерството за здравство формира комисијата која ќе истражува како починала родилката во приватната болница


Министерството за здравство формираше комисија која ќе треба да ја истражи смртта на 31-годишната родилка во приватната болница „Санте Плус“ во Скопје. Родилката починала во четвртокот, а во болницата требало да се породи со своето прво дете. Смртта кај неа настапила кога почнала процедурата за царски рез, поради компликации при дишењето. Состојбата на бебето е […]

Паралелниот увоз ќе „вози“ само квалитетни лекови


Поголема контрола на квалитетот на лековите што влегуваат во Македонија преку паралелен увоз, предвидува новиот текст на предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за лековите и медицинските средства. Предлог-законот пред Божиќ беше разгледан на седница на Владата и треба да биде доставен во Собранието за натамошна процедура. Целта е да се обезбедат безбедни лекови […]

Трудниците и болните да не одат на работа


Бремените жени и лица со одредени заболувања да бидат ослободени од работни обврски, препорача вчера Министерството за здравство. репораката е поради големото загадување на воздухот во Скопје. Од работа треба да бидат ослободени и лицата постари од 60 години, лицата со хронична астма и лицата со прележан инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста. […]

Филипче ќе ги спојува скопските клиники во Клинички центар


Скопските клиники повторно ќе се спојуваат во еден клинички центар, најави новиот министер за здравство Венко Филипче. Така беше до пред десет години, кога сите 31 клиника беа заедно со еден директор. Целта е да се намалат трошоците што сега се прават за посебни управни одбори, разни комисии, за економските директори кои во иднина ќе […]

Села: Заев не го зеде здравството за да прави реформи, туку за да ги продолжи своите бизнис-планови


„Во политичката игра на ДУИ, која има скриена цел поради рејтингот кој ѝ паѓа секој ден кај албанското гласачко тело, Заев гледа свој интерес, да земе добар ресор како што е Министерството за здравство и да продолжи, не со реформи во здравството, туку со неговите бизнис планови“, рече Зијадин Села во вечерашната „Топ тема“ на […]

Агенција за лекови: Доставувачите навреме да обезбедат инсулин


Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД) соопшти дека имајќи ја предвид тековната состојба поврзана со достапноста, квалитетот и снабдувањето на пациентите со инсулин, единствено е одговорна за обезбедувањето на неговиот квалитет. Од Агенцијата апелираат доставувачите навремено да ги обезбедуваат потребните количини на инсулини и тие количини да бидат за подолг временски период од еден […]

Ќе се зголемат платите и дежурствата на лекарите, ќе се вработат 348 специјализанти


Ќе се зголеми надоместокот за ноќни дежурства на лекарите и медицинските сестри на скопските клиники и во сите болници. Министерот за здравство Венко Филипче најави дека од наредната година дежурство кое сега се плаќа од 900 до 1.340 денари во работен ден, од март или април ќе биде платено 2.500 до 3.000 денари. Викенд дежурството […]

Дијабетичарите бараат инсулин, Влада тврди дека нема инсулинска криза


Портпаролот на Владата Миле Бошњаковски денеска изјави дека нема инсулинска криза и оти има доволно залихи на инсулин. – Нашите информации говорат дека во моментов има доволно залихи и не постои инсулинска криза, истакна Бошњаковски, најавувајќи дека новиот министер наскоро ќе излезе на прес-конференција и јавноста ќе има повеќе информации за сите актуелни прашања поврзани […]

Филипче „тргнува“ со паралелниот увоз на лекови


Венко Филипче вчера наутро влегол во кабинетот во Министерството за здравство, откако завчера неговиот избор помина во Собранието со 62 гласови „за“. Имал краток брифинг со заменик министерот Гоце Чакаровски, по што отишол на седница на Владата. Со тоа, без класично примопредавање на функцијата, по три месеци од заминувањето на Арбен Таравари, се пополни празното […]