Производителот од Белгија ќе ги испитува вакцините во Македонија


Инспекторите на Агенцијата за лекови и медицински средства МАЛМЕД ја чешлаат целата документација на компанијата „Македонија лек“, која е увозник и дистрибутер на вакцината МРП до здравствените домови. Инспекторите вршат контрола и во вакциналните пунктови, а до крајот на денот, според министерот за здравство Венко Филипче, ќе се знаат наодите и кој го направил пропустот […]

Интервју со Александра Грозданова: Квалитетот на вакцините најригорозно се контролира


Во екот на епидемијата со морбили претседателката на Комитетот за имунизација Александра Грозданова вели дека квалитетот и безбедноста на вакцините се едни од најригорозно контролираните процеси во фармацевтската индустрија и дека им се даваат на милиони деца на светско ниво со децении наназад. Процесот на производство на вакцините трае и по повеќе години, а земјите […]

Досега се вакцинирани вкупно 1.018 деца


Во текот на денешниот ден, до 13 часот, 28 деца примиле МРП вакцина. Досега се вакцинирани вкупно 1.018 деца. Во моментов, нема нови потврдени случаи на новозаболени лица од морбили (мали сипаници), соопшти Министерството за здравство. Вакциналните пунктови во поликлиниките „Букурешт“, „Бит Пазар“ и „Јане Сандански“ во Скопје, денеска и утре ќе работат во две […]

Дури 40.000 граѓани се на инсулинска терапија, 500 се деца


Дури 40.000 граѓани во земјава се на инсулинска терапија, 500 се дечиња помлади од 14 години од регистрираните 120.000 дијабетичари. Шеќерната болест е во подем, бројот на заболени драматично расте од година во година. Лекарите велат болеста, која се карактеризира со зголемување на нивото на гликоза во крвта, се јавува како последица на вишок килограми, а […]

Само лекарите блиски до власта го собирале кајмакот


Плаќање по успешност на здравствените работници беше воведено пред шест години. Колку лекари досега добиле повисока или пониска плата за 20 отсто, во зависност од тоа што го сработиле, а беше предвидено со мерката, не успеавме да добиеме информација од надлежните институции. Од некои клиники на одговори нè упатија во Министерството за здравство,а  од други […]

При абортусот, желбата на жената на прво место


Во предлог-законот за прекинување на бременоста волјата на жената се става на прво место со тоа што ѝ се дава право на слободен избор за абортус до 12. гестациска недела, во консултација со матичниот гинеколог. Слободен избор за прекин на бременоста жената ќе има и до 22. гестациска недела. Наместо комисија, како досега, ќе има […]

Набавени 28 илјади четиривалентни вакцини за сезонски грип


Министерството за здравство набави 28.000 дози вакцини за заштита од сезонски грип за 2018/2019 година. Како што информираат оттаму, станува збор за четиривалентна вакцина која е најнова и висококвалитетна и заштитува од четири видови инфлуенца. – Годинава, за првпат се набавуваат вакцини против сезонски грип кои се бесплатни за лица над 65 години со просечна и потпросечна пензија, како […]

Како ќе се реорганизира здравствениот систем: Од каде лекари за новите вработувања?


Нема доволно доктори, особено специјалисти за најавениот бран нови вработувања во здравството, предупредуваат лекари од внатрешноста кои и сега имаат проблеми поради недостиг на кадар. Додека министерот за здравство Венко Филипче најавува нови огласи од септември, тие се прашуваат како ќе се најде добар кадар со оглед на тоа дека доктори и сестри масовно заминуваат […]

Медарски: Немам никаква врска со фирмата од тендерот за реагенси


Мојата адвокатска канцеларија нема никаква поврзаност со фирмата што конкурирала на тендерот и одговорно тврдам дека таа фирма, нејзините основачи, управител и вработени никогаш не сум ги застапувал, ниту пак лично познавам било кој од нив, реагира адвокатот Филип Медарски. Претходно, ВМРО-ДПМНЕ праша дали е случајно тоа што единствената компанија што конкурирала на тендерот за […]

Камиловски: Раскинете го скапиот, сомнителен и штетен тендер во здравството


Jавното здравство тоне во скандали. Наместо животот и здравјето на пациентите како и подобрување на условите на работа на докторите и медицинскиот персонал, сомнителните бизнис зделки станаа главна реформа на оваа влада, министерот за здравство и СДСМ, обвини Виктор Камиловски од ВМРО-ДПМНЕ. – Еклатантен пример за злоупотреба на власт и загрозување на здравјето и животот […]

Министерство за здравство: Не е укинат Центарот за декубити во Геронтолошкиот завод


Пациентите во ЈЗУ Геронтолошки завод „13 Ноември“ – Скопје се соодветно третирани и згрижени согласно европските препораки за геријатрија и палијатива. Згрижени се во установата поради разни заболувања, а поради неподвижноста развиваат декубити. Во рамки на Геронтолошкиот завод функционира Центарот за декубити, каде тие се третираат. Центарот за декубити, како и домашната посета за третман на пациенти […]

Филипче ќе спроведе повеќегодишна набавка на инсулин


Владата на денеска одржаната седница ја усвои информацијата за повеќегодишна набавка на инсулин, глукагон, инсулински игли, ленти за мерење шеќер и инсулински пумпи со потрошен материјал за периодот септември 2018 – септември 2020 година. Од владината прес-служба информираа дека за спроведување на набавката е задолжено Министерството за здравство. Владата ја прифати и информацијата за почнување […]

Итната помош ќе добие 12 нови возила


Министерството за здравство почна јавна набавка на 12 амбулантни возила за Итната медицинска помош. Дополнително се очекуваат уште три возила од донација. Ова денеска го истакна министерот за здравство, Венко Филипче, на својот Фејсбук профил. Ова ќе значи зголемување на капацитетите на здравствените установи со возила за Итна медицинска помош, кои ќе бидат распределени во […]

Остри реакции за новата Градска болница: Асоцијацијата на архитекти нема да бара конкурсот да се повлече


Асоцијацијата на архитекти (ААМ) нема да бара Министерството за здравство да го повлече конкурсот за избор на идеен проект за нова градска болница, како што бараат дел од архитектите според кои по конкурсот, така како што е направен, не може да се сработи квалитетен проект по кој би се градела болница што ќе функционира. Од […]

МЗ: Нема да се плаќа партиципација за прегледи и лабараторија на онкологија


Министерството за здравство ги демантира информациите дека ќе се плаќа партиципација за преглед и лабораторија на пациентите на онкологија. Од Министерството за здравство посочуваат дека ослободувањето од партиципација е регулирано со Програмата за партиципација при користење на здравствена заштита на одделни заболувања на граѓаните и здравствена заштита на родилките и доенчињата во Република Македонија за 2018 […]

Повеќе од 100 пациенти чекаат Национален координатор за да продолжи трансплантацијата


Министерството за здравство досега не избра Национален координатор за трансплантација,по огласот што заврши на 4 – ти овој месец. Националниот координатор е потребен, меѓу другото,  бидејќи без него не може да се формираат ни другите тела важни за да продолжи кадаверичната трансплантација (од починат донор) , на која веќе три години чекаат повеќе од сто […]

Можно е да се раскине договорот со изведувачот на новата штипска Клиничка болница


Забавено тече изградбата на новата современа Клиничка болница во Штип, за што потврдува и државниот секретар во Министерството за здравство, Владимир Милошев. Тој истакна дека откако биле информирани дека е забавен интензитетот на изградба, биле на терен, а минатата среда имале и средба со претставници на грчката компанија, која го доби тендерот, и со подизведувачот […]

Македонија одобри 1,5 милион евра за програмите за ХИВ, трипати повеќе од лани


Собранието на Република Македонија усвои буџет од 95 милиони денари (1,5 милиони евра) за програмата за превенција, третман, грижа и поддршка за ХИВ и 30 милиони денари (половина милион евра) за програмата за контрола на туберкулозата во Македонија. Ова го истакна министерот за здравство, Венко Филипче, на отворањето на состанокот на министри за здравство на Југоисточна Европа, […]

Медицински сестри ќе се грижат за оперираните пациенти откако ќе бидат пуштени од болница


Министерството за здравство почнува со нова системска мерка за развој на  вонболничка, односно домашна постоперативна грижа, информира денеска на прес-конференција Владимир Милошев, државен секретар во Министерството. Тој рече дека сите јавни здравствени установи каде што се вршат хируршки интервенции се опфатени со овој проект, а оперираните пациенти се тие кои ќе имаат најголема корист. – Целта на […]

Медицински сестри се обучуваат за постапување при живото-загрозувачки состојби


Почнаа обуките за медицински сестри за постапување при животозагрозувачки состојби како прв чекор во континуираниот процес на едукација, информираат од Министерството за здравство. На веб страницата на Министерството е објавено дека обуките следат по средбата на ресорниот министер Венко Филипче со Здружението на медицински сестри на Република Македонија, техничари и акушерки на Македонија и Здружението на […]