УНХЦР: Расте бројот на мигранти што од Турција влегуваат во Грција


Атина– Регистрирано е зголемување на бројот на мигранти и бегалци кои по море пристигнуваат од Турција во Грција, соопшти Високиот комесаријат за бегалци на ОН (УНХЦР). Кон крајот на септември во Грција пристигнале 23.419 лица, што е за 17 проценти повеќе во споредба со истиот период минатата година, соопшти УНХЦР. Уште 560 лица пристигнале на […]

Полицијата откри 12 мигранти кај Смоквица и во Скопје


Дванаесет мигранти од кои шест од Авганистан и еден од Шри Ланка вчера биле откриени во возило со скопски регистарски ознаки на клучката во село Смоквица, а пет на меѓуградската автобуска станица во Скопје. Како што е наведено во полицискиот билтен, синоќа во 20:30 часот на клучката во село Смоквица полициски службеници запреле патничко возило „Фолксваген голф“ со […]

Кај Миравци пронадејни 14 мигранти


Вкупно 14 мигранти од кои 11 Авганистанци и тројца од Пакистан се пронајдени вчера попладне после клучката Миравци на автопатот Гевгелија – Скопје. Како што соопшти МВР, полицијата најпрво го забележала, а потоа и тргнала по возилото „Хонда“ во кое биле мигрантите. Се движело кон Скопје со голема брзина, имало скопски регистарски таблички, а со […]

Двајца мигранти тешко повредени од воз кај Гевгелија


Две лица на возраст од 26 и 27 години се тешко повредени, откако воз кој сообраќал на релација Гевгелија – Скопје удрил во нив. Настанот се случил  утринава околу 05,00 часот во близина на влезот во железничката станица Смоквица. „Патнички воз наишол на група мигранти, при што удрил во две лица. Според кажување на лицата, повредените […]

Мигранти настрадале од одрон на камења во Хрватска


Двајца мигранти настрадале од одрон на камења во Хрватска. Според полициски извори, група од 12 мигранти спиеле во шума во близина на Карловац, кога утрово огромни камења се одрониле и од висина од над 45 метри паднале врз нив. Како што пренесуваат хрватските медиуми, еден од мигрантите настрадал на лице место, откако каменот му паднал […]

Кампот за мигранти ќе чини 16 милиони евра, ЕУ плаќа


Министерството за внатрешни работи ќе го дислоцира Прифатниот центар во Гази Баба и ќе гради нов во близина на скопско Бардовци. Тој нема врска со населбата за бездомници што ќе се гради кај Визбегово во близина на Скопје. Ниту еден од овие два не биле кампови за бегалци како што со месеци се шпекулира, уверуваат […]

Мигранти од Ирак фатени на автопатот Куманово-Табановце


Припадници на граничката полиција фатија 13 мигранти од Ирак завчера изутрината во близина на бензиската пумпа на автопатот Куманово-Табановце. Мигрантите се фатени по добиени оперативни сознанија за криумчарење на мигранти од страна на полициски службеници од гранична полиција – Регионален центар – Север. Мигрантите биле без документи, деветмина од нив биле мажи, две жени и […]

Мигранти од Пакистан пронајдени во возило кај Стоби


Вкупно 25 илегални мигранти од Пакистан, од кои еден малолетен, се пронајдени утрово во товарно возило кај археолошкиот локалитет Стоби. Како што соопшти МВР, утрово во пет часот полициски службеници се обиделе да го сопрат возилото „Рено Мастер” со скопски регистарски ознаки на стариот пат Неготино – Градско. Возачот застанал, но излегол од возилото и избегал. Извршен […]

СП 2018: Марадона: Во полуфиналето на Мундијалот се „тимови од мигранти“


Легендарниот аргентински фудбалер Диего Армандо Марадона во свој стил продолжи да го анализира Мундијалот 2018. Дон Диего ги нарече полуфиналистите на Светското првенство „тимови од мигранти“. – Има мафија, која киднапира фудбалери од Африка и ги натурализира во Европа. Составите на полуфиналистите на Светското се полни најмногу со мигранти. Се сеќавам на еден разговор со […]

Стефановиќ: Србија нема да биде тампон-зона за мигрантите


Србија нема да биде тампон-зона за мигранти, а тоа не беше ниту предмет на неодамнешен состанок на лидерите на ЕУ, рече денеска српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ, по повод некои толкувања за тој состанок. Некои од земјите-членки имаат идеја оти миграциските центри треба да бидат надвор од нивните територии и дека […]

Австрија не ги прима мигрантите од Германија


Министерот за внатрешни работи на Австрија Херберт Кикл порача дека Австрија нема да прима мигранти, вратени од границата на Германија. „Ако Германија верува дека, спротивно на меѓународното право, лицата едноставно можат да бидат вратени во Австрија, тогаш ние на Германците ќе им објасниме дека тие луѓе не ги преземаме“, нагласи тој во интервју за телевизијата […]

Обвинителство: Во комбето се стиснале 23 мигранти


Јавен обвинител од Радовиш вчеравечер изврши увид на местото каде што се случи сообраќајната несреќа во која загинаа двајца мигранти. До несреќата дошло кога ТМВ „Ивеко“ со скопски регистарски таблички, со кое илегално се превезувале 23 мигранти од Бангладеш и од Шри Ланка, движејќи се на магистралниот пат А-4 во правец од Радовиш кон Штип, излетало […]

ЕУ ќе финансира центри за мигрантите во Африка


Лидерите на Европската унија на самитот во Брисел в четврток ќе се фокусираат на миграцијата, безбедноста и одбраната, како и на економските и финансиските прашања. Како што објавија на интернет страницата на Европскиот совет, лидерите се очекува да разговараат за внатрешната и надворешната димензија на миграциската политика, вклучувајќи ја и реформата на Заедничкиот европски систем […]

ЕУ мигрантите ќе ги сместува надвор од своите граници


Лидерите на ЕУ разгледуваат планови за испраќање на мигрантите пресретанати во Средоземното Море во мигранстки центри надвор од територијата на Унијата, што укажува на промена на европскиот пристап кон прашањето за миграцијата, оценува лондонски „Фајненшал Тајмс“. Според весникот, овие центри би биле користени за раздвојување на економските мигранти од лицата на кои им е потребна […]

Бројот на баратели на азил во Бугарија намален за трипати


Бројот на мигранти кои побарале азил во Бугарија од почетокот на годината е речиси за трипати помал во споредба со втората половина од 2017 година, јави БТА. Во првите пет мсеци од 2018 година барање за азил во Бугарија поднеле вкупно 492 мигранти, додека во периодот јули-декември минатата година таа бројка изнесувала 1.595 лица. Според […]

Грција примила најмногу мигранти меѓу членките на ЕУ


Во првите пет месеци од оваа година во Грција пристигнале над 19.800 мигранти, што претставува најголема бројка на прифатени мигранти во една земја членка на ЕУ, јави ДПА. Според податоците на Европската агенција за контрола на гранциите – Фронтекст, ваквата бројка на пристигнати мигранти во Грција претствува пораст за 90 отсто во споредба со истиот […]

Пронајдени мигранти и запленети оружје, цигари и друго


Во текот на минатите три недели, царинските службеници прoнајдоа 13 мигранти без документи за идентификација и спречија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани воздушни пушки, пригушувачи, оптички нишани и муниција за нив, риби и рибарски мрежи, употребуван погонски мотор за моторцикл, автоделови, цигари, додатоци на сихраната, бижутерија и фалсификати, информираат од Царинска […]

Мигрант од Мароко убиен во Хрватска


Дваесет и четиригодишен Мароканец настрадал во Велика Кладуша, Хрватска, откако бил избоден со нож. Убиството се случило сношти, околу 23 часот по локално време, во потесното градско подрачје. -Меѓу мигрантите кои биле сместени во куќа во градот дошло до вербални препирки и меѓусебно поттурнување, по што препирката ја продолжиле на улица. Еден од мигрантите бил […]

Полицијата пронајде мигранти во напуштено возило во село Речица


 Полицијата пронајде пет Пакистанци и Индиец во автомобил што по бегство од полицијата бил оставен од возачот на влезот на село Речица. На регионалниот пат село Речица – село Ваксинце ноќеска во 00:50 часот полициски службеници дале знак за сопирање на патничко моторно возило „Опел Синдра“, но автомобилот не запрел и се упатил кон село […]

Поголема група мигранти фатени во струмичко


Дваесет и пет мигранти од Пакистан изутрината биле фатени во близина на струмичкото село Костурино откако во половина час по полноќ во полицијата било пријавено дека непознати лица ги товарат во две патнички возила. Како што информира МВР, полициски службеници излегле на местото и го пронашле возилото „Форд Галакси“ со англиска национална ознака, кое било празно и […]