Нова несреќа со чамец со мигранти во Егејското море со четворица загинати


Грција– Најмалку четири лица загинаа и околу 90 чекаат да бидат спасени откако потона чамец со мигранти во Егејското море, северно од грчкиот остров Антикитира, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчките медиуми несреќата се случила вчера, а мигрантите преку европскиот број за итни случаи 112 побарале помош и рекле дека во едрилицата со […]

Во близина на Мадагаскар потона товарен брод со илегални мигранти


Товарен брод со 130 илегални патници потона крај североисточниот брег на Мадагаскар, при што загинаа 17 лица, а 68 се водат како исчезнати, соопштија денеска локалните власти. Бродот „Франциа“ рано утринава го напуштил пристаништето во градот Антанамбе во источната област Мананара Север, а најмалку 45 луѓе биле спасени од Индискиот Океан, се вели во соопштението на Агенцијата за поморска и речна навигација. Бродот […]

Мигрантите сочинуваат 3,6 отсто од светското население


Во светот денеска се одбележува Меѓународниот ден на мигрантите, а според Меѓународната организација за миграција (ИОМ) лани имало повеќе од 280 милиони луѓе со статус на меѓународен мигрант, што претставува 3,6 отсто од светското население. Меѓународниот ден на мигрантите се одбележува на 18 декември со одлука на Генералното собрание на ОН во 2000 година и […]

За пет дена во Грција пристигнале 1564 бегалци и мигранти


Од почетокот на месецов, заклучно со четвртокот, односно во првите пет дена од септември, според официјалните податоци од грчката влада за ситуацијата на островите во источниот дел на Егејското Mоре, пристигнале 1564 бегалци и мигранти. Доколку се направи анализа на податоците, во просек, дневно пристигнувале, 313 лица, најголем број пристигнувања се регистрирани во вторникот- 455, […]

Салвини го затвори најголемиот центар за мигранти во Европа


Италија – Италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини денеска го затвори центарот за мигранти на Сицилија, кој го опиша како најголем во Европа, истакнувајќи дека приливот на мигранти е намален откако тој стапи на должност пред една година. Салвини рече дека за една година бројот на мигранти во центрите е намален од 182.000 на 107.000. […]

Властите во Сараево забранија волонтери да им помагаат на мигрантите


Внеси наслов овде БиХ – Властите на Босна и Херцеговина им забранија на волонтерите од организацијата „Ејд бригејд“ од Европа и Америка да делат оброци на мигрантите што престојуваат на железничката станица во Сараево, соопштија хуманитарците, наведувајќи дека биле затворени и нивните простории во кои тие обезбедувале медицинска помош. Хуманитарците на 22 мај ги посетиле […]

Папата повози осум деца мигранти во папамобилот


Италија- Папата Франциск денеска во својот „папамобил“ повози осум деца мигранти кои неодамна стигнале во Италија од Либија. Франциск децата, кои дошле од Сирија, Нигерија и Конго, ги зема на почетокот од неговата неделна аудиенција и ги повози околу Плоштадот Свети Петар на задното седиште. Децата се радуваа и мафтаа, пред да се разделат од папата […]

Од Конгресот побарано уште 4,5 милијарди долари за мигрантите


САД – Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп побара од Конгресот дополнителни 4,5 милијарди долари поради ситуацијата на границата со Мексико, каде недостасуваат финансии за нега и сместување на мигрантите од Централна Америка, чиј прилив е зголемен. Бројот на семејствата кои пристигнуваат на границата е поголем од бројот на поединците, а потребите на семејствата се значително […]

Во камион сокрил 59 мигранти, му платиле по 1.500 евра


Грчката полиција во камион со бугарски регистарски таблички откри 59 илегални мигранти. Полицијата го запрела камионот за рутинска проверка на околу 30 километри источно од Солун, при што во неговиот заден дел ги открила мигрантите, сокриени зад материјали за изолација. Половина од мигрантите биле од Сомалија, а останатите од Авганистан, Бангладеш, Египет, Еритреја, Ирак, Судан […]

Игри со судбини


ГОРАН АДАМОВСКИ Кога во март 2016 година беше затворена т.н. „балканска рута“, над 40.000 мигранти од сиромашните африкански и азиски земји останаа заглавени на грчка територија. Преку ноќ стигна наредба од „горе“ дека портите кај Гевгелија веќе не смеат да бидат отворени за оние што без никаков документ и со еден куфер желби и сништа […]

Италијанските власти запленија брод со 49 мигранти


Италијанските власти наредија запленување на бродот Маре Џонио со 49 мигранти, кој вчера пристигна на пристаништето на островот Лампедуза. Бродот Маре Џонио, на невладината организација Медитеране, во понеделникот спаси 49 мигранти од гумен чамец, на 78 километри од либискиот брег. Против екипажот на бродот, обвинителите започнаа истрага поради можно поттикнување на илегална миграција. -Во Италија […]

Во сообраќајна несреќа во Мексико загинаа најмалку 25 мигранти


Најмалку 25 централноамерикански мигранти загинаа, а десетици се повредени во Мексико, кога камион кој ги пренесувал излетал од патот. Возилото излетало од патот меѓу градовите Сојале и Чикоасена, во јужниот дел на сојузната држава Чиапас, а која граничи со Гватемала. Главниот обвинител во земјата вели дека во несреќата најмалку 25 се загинати и 29 се […]

Трамп бара во воени објекти да се сместат 5.000 мигрантски деца


Американскиот претседател Доналд Трамп побара од Пентагон да најде воени објекти што би можеле да примат околу 5.000 мигрантски деца без придружба на мигранти, соопшти американското Министерство за одбрана. – Пентагон ќе ги идентификува можните места за сместување на децата, изјави портпаролот на американското Министерство за одбрана Џејми Дејвис, објаснувајќи дека барањето било поднесено од […]

Граничната патрола во Аризона уапси 376 мигранти


Американската гранична патрола во југозападна Аризона приведе група од 376 мигранти од Централна Америка, кои копале дупки под бариерите поставени на границата. Најголем број од уапсените мигранти се од Гватемала, од кои 176 се деца. Портпаролот на Граничната патрола Хосе Гарибеј Ил изјави дека областа станала главен коридор за илегално преминување. Тој додаде дека Граничната […]

Данска ќе ги испраќа несаканите мигранти на ненаселен остров


Данска планира мигрантите со полициско досие да ги испрати на ненаселен остров, каде едни ќе чекаат на депортација, а други ќе останат на неодредено време, бидејќи поради состојбата во сопствените татковини не можат да бидат вратени таму, објави Хина. Данскиот Парламент вчера го усвои буџетот за 2019 година, во кој е вклучен и предлогот мигрантите […]

Протести во Брисел против Договорот за миграција, полицијата употреби солзавец


Во Брисел денеска се одржаа протести против усвојувањето на глобалниот Договор на Обединетите нации (ОН) за мигрантите пришто полицијата употреби солзавец и водени топови за растерување на демонстрантите пред седиштето на Европската унија (ЕУ) . Локалните власти првично го забранија денешниот протест од страв дека може да ескалира и доведе до насилство, но Врховниот суд […]

Матис одобри испраќање на војска на границата со Мексико


Секретарот за одбрана на САД Џејмс Матис денескa одобри испраќање војска на границата со Мексико за да се спречи караванот нелегални имигранти кои доаѓаат од Јужна Америка, јавија дел од американските медиуми. Според извори на Си-Ен-Ен, Матис се уште не одлучил за бројот на војници, но вчера се говореше за бројка од 800 војници. Претседателот […]

Во сообраќајна несреќа во Грција изгореа 11 бегалци и мигранти


На регионалниот пат меѓу грчките градови Кавала и Солун, во сообраќајна несреќа рано утрово животот го загубија 11 лица откако комбето во кое што се превезувале се судрило со камион, а двете возила се запалиле. Според грчките медиуми, 11-те лица кои изгореле живи биле бегалци и мигранти. Поради тоа што телата биле јагленосани, идентификација ќе […]

Деветмина загинати при потонување на чамец со мигранти во близина на Измир


Најмалку девет лица го загубија животот, а околу 25 се водат за исчезнати, отакако, од за сега непознати причини потона чамец со бегалци и мигранти во близина на турското крајбрежје, објавија грчките медиуми, повикувајќи се на информации од турската крајбрежна служба. Како што јави дописничката на МИА од Атина, според истите информации, во чамецот имало […]

Седум авганистанци откриени во возило на гевгеличанец


Седум авганистански државјани на возраст од 18 до 38 години се пронајдени од полицијата при преглед на возило управувано од гевгеличанец утринава во селото Прдејци. Како што информира МВР, утринава во  2:30 часот од страна на патрола од Граничен премин Богородица, во село Прдејци било сопрено патничко моторно возило „Сузуки Свифт“ со велешки регистарски ознаки […]