Два последователни дена има надминати вредности на загадување, Владата и Градот треба да препорачаат мерки


Министерството за животна средина и просторно планирање денеска звести дека воздухот во повеќе делови од Скопје и во Струмица бил загаден над дозволеното два дена по ред. На ред се Владата и Град Скопје кои треба да донесат мерки за заштита на граѓаните од штетното влијание на загадениот воздух.  Согласно Уредба за изменување и дополнување […]

Франција со најмногу заболени во еден ден од почетокот на пандемијата – 104.611


  Француските власти вчера јавија за 104.611 нови случаи на зараза со корона вирус, што е најголем дневен број од почетокот на пандемијата. Последната седмодневна инциденца беше нешто помала од 647 нови зарази на 100.000 жители. Со огед на драстичниот пораст на зарази, француската влада сугерираше дека може да ги заостри антиковид мерките со нови […]

Во Грција од денеска маските задолжителни и на отворено, за непочитување казни до 300 евра


Маската од денеска одново се воведува и за надворешните простори во Грција, па така, задолжителна е и на затворено и на отворено, а за прекршување на мерката предвидена е казна од 300 евра, јави дописничката на МИА од Атина. Од шест часот утрово, во Грција стапија во сила новите мерки што вчера го соопшти министерот […]

Досега 222.333 ковид-дијагностицирани, за празниците нема да има нови мерки


Во земјава досега се регистрирани вкупно 222.333 ковид-дијагностицирани лица. Новата варијанта омикрон забрзано се шири како во светот, така и во соседството, иако кај нас уште не е регистриран ниту еден случај. Според надлежните, вакцинацијата останува единствен излез од пандемијата, а за време на празниците не најавуваат нови дополнителни мерки. Според извештајот на Министерството за […]

Од утре нови мерки во Грција: Силна препорака посетителите да се тестираат два пати по пристигнувањето


Грција– Силна препорака туристите да се тестираат на вториот и четвртиот ден по пристигнувањето; задолжителна маска и на отворено и на затворено; задолжителна двојна маска или КН95 во супермаркетите и јавниот превоз; откажување на сите јавни собири за празниците; силна препорака за тестирање пред празничните собири, се новите мерки на грчката Влада што од утре […]

Грција по празниците ќе воведе рестриктивни мерки


Јасна е позицијата на Владата дека по празниците ќе постои рамка на рестриктивни мерки, рече министерот за здравство на Грција Танос Плеврис, говорејќи во грчкиот Парламент и објасни дека во тек е состанокот на надлежната комисија на епидемиолози и се очекуваат нивните препораки, јави дописничката на МИА од Атина. Плеврис додаде дека по препораките, Владата […]

За Нова година нема потреба од нови мерки, собири има секаде


Нема дополнителни рестриктивни мерки поради новиот Омакрон сој на корона вирусот. Министерот за здравство , Венко Филипче, смета дека опфатот на вакцинацијата е висок, иако веќе нема голем интерес. Тој кажа дека дел од ковид центрите се затвораат, а болниците се растеретени. „Не можеме да предвидиме дали нова варијанта на вирусот ќе придонесе да се […]

Поради омикрон подигнат степенот на тревога во Британија, ќе се обрати Џонсон


  Здравствените власти во Велика Британија соопштија денеска дека го подигнуваат степенот на тревога поради брзото ширење на заразата со омикрон варијантата на корона вирусот. Степенот на тревога подигнат на второ највисоко ниво Степенот на тревога се крева од трето на четврто ниво, што е второ највисоко ниво и значи дека „преносот на вирусот е […]

Владата решава дали ќе ги откаже карневалите, спортските настани…


Владата денес решава за предлогот на Министерството за здравство за откажување на јавните собири наредната недела, како превенција од ширење на корона вирусот, соопшти на прес конференција Министерот за здравство Венко Филипче. Во прв план станува збор за карневалот во Струмица кој треба да се одржи вечерва, како и претстојниот карневал во Прилеп. Локалните медиуми […]

АВМУ: Детектираме случаи на говор на омраза во медиумите, никој не презема мерки


Основното јавно обвинителство и Комисијата за заштита од дискриминација не ги преземаат потребните активности откако Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) ќе констатира говор на омраза во некој медиум и при тоа ќе изготви извештај што е доставен до тие тела, е заклучокот од денешната конференција на тема „Говорот на омраза во медиумите“, […]

Мерките од Планот за економски раст претставени пред белгиските бизнисмени во Антверпен


Ве уверувам дека странските инвеститори се добредојдени во Република Македонија порача вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев на денешната тркалезна маса во Антверпен, Белгија организирана од Стопанската комора ВОКА (Voka – Kamer van Koophandel Antwerpen Waasland) каде ги презентира можностите за инвестирање во земјава пред двесетина претставници на белгиски компании. Вицепремиерот, кој е во дводневна […]

Активирани мерките за превенција од поплави


Институциите надлежни во делот на превенција и справување со поплави од денеска треба да спроведат активности согласно заклучоците од вчерашната седница на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи. Според информациите на Управувачкиот комитет ситуацијата е најкритична во северозападниот регион на Република Македонија, но и во Пелагониската котлина, како и […]

Српските мелничари бараат контрамерки за Македонија поради проблеми со извозот на брашно


Деловната асоцијација на индустриски мелници, пекари и производители на тестенини „Житоунија“ од Нови Сад ги обвини македонските власти дека со неодамна воведените мерки допринеле увозот на брашно од Србија да биде „речиси неисплатлив”, пишува денешна „Политика“. Тие бараат од Србија веднаш да воведе контрамерки за увоз на земјоделски производи од Македонија. Според новата постапка, брашното од […]

СКСЗМ : Владата да ги вклучи малите и средни компании во Законот за поддршка на инвестициите


Стопанската комора на северо-западна Македонија (СКСЗМ) и препорачува на Владата да ги вклучи микро, малите и средните претпријатија во предлог-текстот на законот за финансиска поддршка на инвестициите, а не тие да бидат регулирани со подзаконски акти. Покрај тоа, препорачува да се прошири листата на секторите кои имаат голем потенцијал за развој на економијата, да се […]

Mерките за градење доверба: Седма рунда консултации меѓу македонското и грчкото МНР


Делегации на министерствата за надворешни работи на Република Македонија и на Грција денеска во Скопје ја одржаа седмата рунда консултации во врска со Мерките за градење доверба (МГД). Како што соопштија од МНР, состанокот претставуваше продолжение на пријателскиот и конструктивен дијалог за различни области од заеднички интерес, во поддршка на напорите на Владите во создавањето […]

ОРМ бара да се намалат обврските за малите и средни претпријатија


Нема мерки и активности за олеснување на работатата на малите и средни претпријатија или за ослободување од обврските, какви што имаат големите компании. Потребна им е поддршка првенествено за опстојување поради регулативата и казнената политика кои ги оптоваруваат и се причина за пропаѓање на дел од нив уште во првата година од отворањето или за […]

Земјоделци од Струмичко и Радовишко ќе се обучуваат за современи агроеколошки мерки


Во рамки на Проектот за управување со сливот на реката Струмица, финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка, почна вториот циклус на обуки за земјоделците-кандидати за грантови за воведување на современи агроеколошки мерки. Обуката содржи интензивен теоретски и практичен дел којшто ќе трае до крајот на март годинава. Средствата ќе ги добијат најдобрите учесници […]

Се укинуваат вонредните мерки за загадувањето


Вонредните мерки и интервентните препораки за намалување на загадувањето на воздухот денеска престануваат да важат. Тие беа активирани на 8 јануари поради зголемените концентрации на ПM 10 честички во воздухот. Одлуката за укинување на мерките против аерозагадувањето ја соопштија вчера Министерството за животна средина и просторно планирање и Град Скопје, затоа што среднодневните концентрации на […]

Повторно активирани мерките против аерозагадувањето во град Скопје


Владата на Република Македонија, почнувајќи од денеска ги активира мерките за ублажување на последиците од аерозагадувањето во градот Скопје. Од владината прес-служба информираат дека мерките се активираат по добиените информации дека квалитетот на воздухот последователно два дена е надминат над дозволеното, односно над 200μg/m3 на мерните станици во Град Скопје односно мерните станици Лисиче и […]

Анѓушев: Економската поддршка ќе биде достапна за сите компании


Мерките за поддршка на економијата ќе бидат достапни за сите компании поддеднакво, без разлика дали се домашни или странски, доколку ги исполнат предвидените критериуми, порача вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев вечерва во Топ тема на телевизија Телма. – Оваа програма има критериуми. Нема да има разговарање, договарање, или преговарање, туку само критериуми. Секој […]