ИЈЗ објави препораки за заштита од топлото време поради најавата за високи температури од утре до 7 август


 Избегнување директно изложување на сонце и активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот, носење светла и лесна облека, заштитни очила и светлобојна капа, останување во затворени и климатизирани простории, при престој на отворено во тој период да се прават чести одмори под сенка, да се внесува умерена количина храна, да се избегнува […]

Владата не размислува за мерки, цените на прехранбени производи биле стабилни, вели Дурмиши


Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вели дека цените на основните прехранбени производи се стабилни и дека засега нема потреба од мерки. Доколку кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе бидат воведени мерки со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните.  – Од 55 најпродавани производи, растот е минимален и изнесува само […]

„Прилично го изложивме Буџетот“: Мицкоски за мерките за справување со енергетската криза


Премиерот Христијан Мицкоски вечерва изјави дека ќе има дополнителни мерки за справување со енергетската криза, но дека треба да се има предвид дека Буџетот до сега бил прилично изложен. Во интервју за ТВ Сител тој се пофали дека според ММФ Македонија била на трето место според преземените мерки, но не прецизираше колку тие мерки го […]

Мерката за ѓубривата е задоцнета и недоволна. Земјоделците бараат цел пакет мерки од Владата


  БИТОЛА – Мачкање очи е намалувањето на маржата за ѓубривата за 10 проценти, реагираат земјоделеците по вчерашната одлука на Владата да се намали цената на ѓубривата за 10 проценти. За земјоделците мерката е задоцнета и нецелисходна, бидејќи најголем дел од нив веќе набавија ѓубрива. Она што сега може да помогне е ретроактивна мерка и […]

Европа го вклучи алармот за снабдувањето со нафта. Што прави Македонија?


  Европската комисија денеска ги повика земјите-членки да се подготват навремено и координирано за да обезбедат безбедно снабдување со нафта и да избегнат мерки што би можеле да ја зголемат потрошувачката на гориво. Ова вклучување на алармот доаѓа откако  војната на Блискиот Исток трае веќе еден месец, без притоа да се гледа крајот на конфликтот […]

Владата конечно се одлучи да носи мерки за цените на горивата


  Иако последнава недела врвните претставници на владата повторуваа дека нема потреба од интервенции на енергетскиот пазар по забрзаното зголемување на цените на горивата и дека ситуацијата е под контрола, сепак утре Владата ќе одржи седница на која треба да се донесат мерки. „Цените на светските нафтени берзи растат, што се очекува дополнително да се […]

Хрватската влада најавува голем пакет мерки за справување со енергетската криза


  Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјави денеска дека преку нови енергетски мерки, кои се најавени за почетокот на следната недела, Владата ќе интервенира за зголемувањето на цените на енергијата да биде помало и одржливо за граѓаните и економијата. Пакетот мерки интензивно се работи, а Владата ќе ги користи алатките што ѝ се на располагање за […]

Ристески: Околу 100 млади луѓе од Штип ќе започнат сопствен бизнис


Околу 100 млади лица ќе бидат вработени или ќе започнат сопствен бизнис во Штип, преку оперативниот план за вработување. Ова денеска го најави заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, при неговата посета на градот, каде во соработка со локалната самоуправа се одржа презентација на мерките за поддршка на стопанството. Тој од настанот потенцираше дека […]

Славески поддржува мерки против високите цени ако се оддржливи на среден и долг рок


Гувернерот Трајко Славески нема информација за евентуалните нови владини мерки за стабилизирање на цените во маркетите, но смета дека секој потег што е одржлив на среден и подолг рок од страна на носителите на фискалната политика, е добредојден и ѝ помага на Народната банка во одржувањето стабилност на цените, односно ниска и стабилна инфлација. Како […]

Охриѓанецот Пеце отворил стакларска работилница со грант и му тргнало


Активностите за промоција на мерките што произлегуваат од Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2025 година денеска беа презентирани пред јавноста во Охрид. Претставници на Министерството за економија и труд, Агенцијата за поддршка на претприемништво и на Агенцијата за вработување пред присутните зборуваа за можностите […]

Владата со мерки против топлотниот бран – климатизиран јавен превоз во жешките денови


Владата ја разгледа и усвои Информацијата за спроведување на мерки согласно фаза 3 од акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението 2025 – 2030. Се задолжуваат сите министерства, органи на државна управа и други надлежни институции активно да ги спроведуваат мерките и препораките и да ги известат и координираат […]

Мицкоски најави нови мерки по растот на цените на прехранбените производи


Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека многу скоро ќе има предлог-решение за ублажување на растот на цените на прехранбените производи. Во изјава за медиумите дадена во Битола, Мицкоски не прецизираше за какво решение се работи, но рече дека се следи ситуацијата и дека сериозно пристапуваат на решавање на проблемот. – Се консултираме со екпертската јавност, […]

Објавен повик за две мерки за поддршка на почнување сопствен бизнис


 Објавен е повикот од Оперативниот план за вработување за 2025 година што се однесува на две мерки, едната за лица над 29 години која предвидува 430.500 денари (7.000 евра) грант за основање сопствен бизнис како и дополнителни до 250.000 денари за лица со попреченост, и втората за лица до 29 години што предвидува до 615.000 […]

ЕК најави мерки против Унгарија поради нацрт-законот за невладините организации


Европска комисија најави мерки против Унгарија ако Владата на премиерот Виктор Орбан го усвои контроверзниот закон со кој се ограничува работата на невладините организации. Конзервативната партија на Орбан, Фидес до Парламентот поднесе нацрт-закон, со кој се предвидени построги прописи за невладините организации финансирани од странство. ЕК наведе дека нацрт-законот претставува сериозно кршење на правата на […]

Утре истекува мерката за ограничени цени и маржи – да се надеваме дека трговците ја научиле лекцијата


 Министерството за економија и труд прво ќе ги согледа конечните резултати што ги даде мерката за ограничени цени и маржи, а потоа ќе одлучи што ќе правиме понатаму, најави денеска заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески. – Од она што го имаме досега од Државниот завод за статистика резултатите се добри, но ги […]

ЕУ укинува низа еколошки мерки


Се очекува ЕУ денеска да укине серија мерки за заштита на животната средина како дел од напорот за дерегулација во обид да се задржи чекор со САД и Кина. Фокусот на Европската унија се префрли на конкурентноста поради загриженоста за бавен економски раст, што е значително отстапување од првиот мандат на претседателката на Европската комисија […]

Ќе поевтинат ли над 1.000 производи? Мерките стапија на сила, трговците предупредуваат на „големи штети“


Од денеска се очекува да поевтинат над 1.000 прехранбени и непрехранбени производи откако во Службен весник се објавени одлуките на Владата за ограничување на бруто профитните маржи и за замрзнување на цените на дел од производите. На самиот старт на владините одлуки, вчера реагираа од Комората на трговци на големо и на мало, од каде […]

Трговците на големо и мало загрижени по одлуките на Владата, бараат средба со премиерот Мицкоски


Стопанската комора на трговци на големо и мало претежно со прехранбени и непрехранбени производи, пијалоци и тутун денеска преку соопштение изразува сериозна загриженост за вчерашните одлуки на Владата, кои беа соопштени од заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески. Бараат итна средба со премиерот Христијан Мицкоски и со министерот за економија и труд Бесар Дурмиши […]

Се ограничуваат маржите за 102 групи производи, а за осум се замрзнуваат цените


  Владата на денешната седница донесе две одлуки со кои за 102 групи производи се ограничуваат маржите во трговијата на големо и на мало, а за осумте најосновни производи практично се замрзнуваат цените на ниво од 1 февруари годинава. Двете одлуки ќе стапат на сила следниот ден откако ќе бидат објавени во „Службен весник“, а […]

Предлозите на трговците на седница на Влада, ќе се разгледуваат и дополнителни мерки


 Предлозите на трговците денеска треба да бидат разгледани на седница на Влада, а како што е најавено, ќе се разгледуваат и дополнителни можности, по што Владата ќе заземе став за тоа кои и какви мерки ќе се преземат за ограничување на цените на одредени производи.  Согласно договореното, до Министерството за економија и труд се пристигнати […]