Марјан Ристески незаконски ѝ овозможил на „Пела Транс“ да ги одржува улиците во Прилеп


Полицијата поднесе кривична пријава против поранешниот граданочалник на Прилеп, Марјан Ристески, (46) поради основано сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Како што денеска информира МВР, кривични пријави се поднесени и против М.С. (59) поради основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на постапка за јавен повик“, И.К. (63), Љ.М. (58), […]