Занаетчиите бараат мерките од Оперативниот план да бидат подостапни


Мерките од Оперативниот план за вработување да бидат достапни за секој занаетчија, да биде поедноставен начинот за аплицирање и постапката за добивањето на поддршката да биде транспарентна како во изминатиот период, му порача денеска Занаетчиската комора на заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески. Ристески одржа состанок со претставниците на Комората, на кој стана збор […]

Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери кои ќе заработуваат на грбот на граѓаните


 Во 15 часот попладнево ќе почне средбата со производителите, трговците и дистрибутерите во Министерство за економија. Како што изјави заменик министерот за економија, Марјан Ристески, на средбата уште еднаш ќе биде испратена пораката дека не смее да се профитира на грбот на граѓаните. Нема да се толерира некоректност. Ако се констатира непазарно однесување и енормно […]

Утре седница на ЕСС, мерките за цените на храната и горивата не се на дневен ред


Утре треба да се одржи седница на Економско-социјалниот совет (ЕСС). На дневен ред не се мерките за амортизирање на состојбата со цените на храната и горивата, сепак, како што рече денеска заменик-министерот за економија Марјан Ристески, не е исклучено за тоа да се разговара. – За утре е предвиден Економско-социјален совет на кој ќе бидат […]

Владината потрошувачка кошница е готова, ќе почне да се применува во септември, најави Ристески


Просечната потрошувачка кошничка е веќе изработена, донесена е и прифатена од Економско-социјалниот совет, но се усогласуваат податоците со Државниот завод за статистика. Очекувам, ако се усогласиме, од септември да почнеме да ја применуваме, рече денеска заменик-министерот за економија, Марјан Ристески.  Одговорајќи на новинарски прашања по работниот состанок во Стопанската комора, Ристески уште еднаш истакна дека  […]

Владата и натаму анализира дали има неосновано зголемени маржи, ако утврди, ќе преземе мерки


Заменик-министерот за економија Марјан Ристески денеска го повтори ставот на премиерот, дека ако се утврди зголемување на маржите за одредени производи, прво ќе се разговара со субјектите, а потоа, ако се утврди дека покачувањето е неосновано, ќе се преземат мерки. – И годишните податоци од Пазарниот инспекторат ги сублимираме, ги анализираме  заедно со Владата. Ќе […]

За развој на винската индустрија потребни се континуирани инвестиции и силна институционална поддршка


Денеска во едукативниот центар М6 во Скопје се одржа работна средба со повеќе винарии-членки на Здружението „Вина од Македонија“ на која стана збор за актуелните состојби во винскиот сектор, производството и извозот на македонските вина, а беа дадени и конкретни предлози и идеи за унапредување и поддршка на секторот. „Препознавајќи го винарството како гранка која […]

Заврши мерката „училишна кошничка“, за двајца ученици заштедата е околу 3.000 денари, вели Ристески


Заврши мерката „училишната кошничка“, заштедата за двајца ученици е околу 3.000 денари, соопшти денеска од Куманово, заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, кој најави дека во петок ќе достават известување до Владата со конечните сознанија за мерката. „Училишната кошничка“ како мерка почна од 15 август и траеше до 15 септември, годинава. -Мерката беше одлична […]

Повеќекратно ќе се зголеми казната за непочитување на Законот за нефер трговски практики, најави Ристески


Повеќекратно зголемување на казната што сега е предвидена во Законот за нефер трговски практики се планира од наредната година, соопшти денеска заменик-министерот за економија Марјан Ристески. Во изјава за медиумите по работен состанок во Стопанската комора, Ристески ги охрабри да пријават во Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) сите што имаат сознанија за изигрување на […]

Ќе направиме сѐ што можеме за да помогнеме на фабриката „Макпрогрес“, вели заменик министерот Ристески


Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески денеска ја посети фабриката на компанијата „Макпрогрес“ од Виница, каде во саботата изби голем пожар во погоните и магацините на фабриката. Пожарот нанесе голема штета и уништи дел од имотот, опремата и капиталот на фабриката која е една од најголемите производни капацитети во Македонија. На средбата со извршниот […]

Кондиторски производи, вино, достигнувања од ИТ технологијата ќе презентираат македонските компании на 4. Саем на Кина и земјите од ЦИЕ


Петнаесет македонски компании годинава ќе ги претстават своите производи на 4. Саем на Кина и земјите од Централна и Источна Европа, а официјалната делегација ќе ја предводи заменик министерот за економија Марјан Ристески. Според најавите, учесници од Северна Македонија ќе има речиси на сите форуми што се организираат на овој голем настан. На саемот, според […]

Прво опомени, па казни: Нема одложување на мерката за објавувањето на цените


Во тек се вонредните контроли, а поинтензивно ќе се спроведуваат по Велигден и нема никакво одложување, вели заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески за спроведувањето на законската мерка со која трговците се обврзуваат на своите веб-страници да ги објавуваат цените на производите и секојдневно до 10 часот да ги ажурираат. Според Ристески прво […]

Одморот во странство бил луксуз: Владината потрошувачка кошница е за тричлено семејство


  Владата во новата просечна кошница ќе го штити стандардот на граѓаните со тоа што ќе ја пресметува за тричлено семејство, наместо за четиричлено како во сидикалната кошница, но и со кратење на одморите во странство, алкохолот, цигарите и други производи кои ги смета за луксуз. Како што изјави денес заменик-министерот за економија и труд, […]

(Во живо) Прес-конференција во Владата: Еве кои се мерките за цените на производите


Проследете ја прес-конференција на портпаролката на Владата, Марија Митева и заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески, на која се очекува да бидат соопштени новите мерки на Владата за цените на основните производи.  

Ристески: Стимулираме отворање нови бизниси, самовработувања, помош на малите и средни претпријатија


На средба со стопанственици од Битола, заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески денеска истакна дека со проекти се стимулира отворање нови бизниси, самовработување, помош на малите и средни претпријатија, а со тоа и развој на нови технологии и нови начини на производство и претприемништво.  Ристески посочи дека Министерството за економија и труд во […]

Ристески: Сите маркети да ги додадат основните производи во кошницата до крајот на денот, во спротивно ќе има мерки


Доколку до крајот на денот, сите маркети кои се пријавени за новогодишната кошница не ги додадат основните прехранбени производи, а ги има 700 во синџирот, тогаш Владата ќе биде принудена да оди со одлука и мерка што не е пазарно популарна, но ќе мораме за да го заштитиме стандардот на граѓаните, изјави денеска заменик министерот […]

Возраста за одење во пензија, засега, останува иста, но како да се пополни дупката во ПИОМ


Предлогот на Фискалниот совет да се зголеми старосната граница за пензионирање на 67 години предизвика реакции во јавноста. Од Сојузот на синдикати на Македонија го оценија ваквиот предлог како сериозно загрижувачки и наместо тоа побараа сериозни политики за зголемување на вработувањето на младите и мерки за пристојна работа со почитување на правата од работен однос […]

Новогодишната потрошувачка кошничка ќе опфати околу 500 производи


Наголемо се подготвува новогодишната  потрошувачка кошничка и граѓаните треба да ја очекуваат наредниот месец со околу 500 производи, изјави Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд. Тој рече дека се извршени сите консултации со стопанските комори, синдикатите и Асоцијацијата за заштита на потрошувачите. -Имавме поопсежни консултации со повеќе фактори кои влијаат на крајната цена […]

Наскоро Владата ќе понуди решение за зголемување на платите во здравството, вели Ристески


Наскоро Владата ќе излезе со решение за зголемување на платите во здравството, рече денеска заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески по Извршниот одбор на Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС). Тој најави и интензивирање на социјалните дијалози, како и на состаноците со сите синдикати и невладини организации од областа на трудот, на кои, нагласи, присутен […]

Со есенската кошничка едно семејство штедело по 1.500 денари месечно, вели Ристески


Со помош на есенската потрошувачка кошничка едно просечно македонско семејство штеди од илјада до 1.500 денари месечно, посочи заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески, кој денеска присуствуваше на „Текстилијада“ во Штип. Тој посочи дека ако на ова се додаде и училишната потрошувачка кошничка која е направена на стартот на учебната година, едно просечно […]

Новата методологија за уредување на платите неприфатлива за КСОМ


За претседателот на Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија (КСОМ) Марјан Ристески, методологијата на Владата за покачување на платите од 5,3 проценти е неприфатлива.  -Владата даде некоја методологија, покачување на 5,3 проценти на платите, се надевам за сите синдикати да не е прифатливо. Македонскиот работник го интересира да кажат колку сега во моментов ќе му […]