Ковачевски во Прага повика на солидарност и соработка за да се надмине енергетската криза


  Премиерот Димитар Ковачевски во Прага во рамки на првиот состанок на Европската политичка заедница, учествува на лидерската тркалезна маса посветена на енергетиката и економијата. Заедно со премиерот Ковачевски на истата дискусија присуствуваа и премиерот на Шпанија, Педро Санчез, премиерот на Холандија, Марк Руте, премиерката на Обединетото Кралство, Велика Британија и Ирска, Елизабет Трас, како […]

Путин одбил да разговара телефонски со Макрон


  По најавата на четрите окупирани региони од Рсуја, францускиот претседател Емануел Макрон барал итен телефонски разговор со Владимир Путин. Рускиот претседател одбил да разговара денеска и, како што јавуваат руските медиуми, наводно тој разговор бил одложен за неколку дена. Путин требаше да има обраќање во живо во 20 часот по средноевропско време, но до […]

Макрон: Русија почна нов вид хибридна војна


  Франсуцкиот претседател Емануел Макрон денеска во Бенин рече дека Русија е една од послените колонијални империјални сили откако почна војна во Украина. „Русија почна офанзива против Украина, тоа е војна за територија за која мислевме дека исчезна од европското тло“, рече Макрон на прес-конференција со својот колега од Бенин, Патрис Талон. „Русја е една […]

Макрон: Македонското собрание направи одлучувачки избор


  Во редицата европски и американски политичари кои го поздравија днешното гласање во македонското Собрание вечерва се вклучи и францускиот претседател Емануел Макрон. Тој изјави дека Франција ќе застане зад Македонија на првата меѓувладина конференција. „Со суверено гласање денес за предлогот што го даде Франција пред крајот од нејзиното претседавање со Советот на Европската унија, […]

Макрон: Франција ќе застане покрај Северна Македонија за време на првата меѓувладина конференција


 Македонското Собрание направи решителен избор за Европа. Франција ќе застане покрај Северна Македонија за време на првата меѓувладина конференција, напиша францускиот претседател Емануел Макрон на „Твитер“. – Со суверено гласање денес за предлогот што го даде Франција пред крајот од нејзиното претседавање со Советот на Европската Унија, македонското Собрание повторно направи решителен избор за Европа. Франција ќе […]

Макрон го осуди апсурднотo утврдување на цената на струјата во Европа со цената гасот


Францускиот претседател Емануел Макрон денеска, на крајот од самитот на Г7 во Германија, го осуди, според него, апсурдното индексирање на цените на струјата, што силно придонесува за бранот на инфлација и создава неразумен вишок профит за операторите. -Растот на цените низ Европа е данок однадвор што доаѓа преку гасот и струјата од почетокот на војната […]

Кабинет на Макрон: Употребата на придавката за граѓаните на Северна Македонија е ненамерна грешка


 Шефот на дипломатијата Бујар Османи денеска оствари телефонски разговор со Кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон, од каде доби уверување дека при употребата на придавката за граѓаните на Северна Македонија е направена ненамерна грешка, информира Министерството за надворешни работи. Според МНР, при разговорот на Османи му е потврден официјалниот став на Франција за целосно почитување […]

Макрон ја отфрли идејата за влада на национално единство


 Францускиот претседател Емануел Макрон ја отфрли идејата за влада на национално единство. Тој оцени дека тоа не е оправдано решение за излегување од криза по парламентарните избори одржани во неделата. Истовремено, Макрон повика на компромис со политичките сили во земјата за да се дојде до „јасно мнозинство“. Во обраќањето до Французите, за првпат откако неговата […]

Макрон одржа серија средби со челниците на опозицијата, разговорите продолжуваат и денеска


Францускиот претседател Емануел Макрон разговараше со лидерите на главните опозициски политички партии кои би можеле да формираат парламентарни групи во собранието по изборите одржани во неделата. Во текот на вчерашниот ден, како и денеска тој одржува серија состаноци со претставниците на политичките партии со цел да се дефинира стратегија која ќе биде во „интерес на […]

Макрон почнува консултации со политичките партии по губењето на апсолутното мнозинство во Парламентот


Францускиот претседател Емануел Макрон денеска и утре ќе одржи серија состаноци со претставниците на политичките партии со цел да се дефинира стратегија која ќе биде во „интерес на Франција“, откако неговата коалиција Заедно го изгуби апсолутното мнозинство во Парламентот. Според извор во Елисејската палата, како што пренесуваат тамошни медиуми, „претседателот на Републиката е одлучен да […]

Мрачен ден за Макрон, го загуби мнозинството во парламентот


  Во тежок удар, францускиот претседател Емануел Макрон е на патот да го загуби своето парламентарно мнозинство во вториот круг гласање што забележа значителни придобивки и за тврдокорната левица и за екстремната десница. Во она што е голема вознемиреност за францускиот претседател, гласачите масовно излегоа во поддршка на десничарскиот Национален собир, како и на левичарската […]

Макрон, Шолц и Драги пристигнаа во историска посета на Киев


  Францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц и италијанскиот премиер Марио Драги пристигнаа во четвртокот наутро во Киев, во историска заедничка посета на украинската престолнина за прв пат од почетокот на руската инвазија. Тројцата лидери отидоа со ноќен воз за Киев, каде беа пречекани со сирени за воздушен напад среде тековната руска инвазија. […]

Лидерите на Германија, Франција и Италија се очекува да го посетат Киев во знак на солидарност со Украина


Лидерите на трите најголеми европски земји, Германија, Франција и Италија, се очекува денеска да пристигнат во Киев за да ја покажат својата поддршка за Украина, која се бори со тековната руска инвазија. Посетата на германскиот канцелар Олаф Шолц, францускиот претседател Емануел Макрон и италијанскиот премиер Марио Драги се подготвува со недели. Тројцата сакаат да ги […]

Макрон: Франција и Европа влегоа во состојба на „воена економија“


Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека неговата земја и Европа влегле во состојба на „воена економија“. Тој посочи дека по руската инвазија на Украина во февруари годинава, Франција „влезе во состојба на воена економија“ во која, како што наведе, ќе остане уште долго. Говорејќи на отворањето на Eurosatory 2022, меѓународниот саем за трговија со оружје […]

Дуда: Запрепастен сум од разговорите што Шолц и Макрон ги водат со Путин


Запрепастен сум од сите разговори со Путин, што ги водат кацеларот Олаф Шолц и претседателот Емануел Макрон. Со тие разговори не се постигнува ништо, тврди полскиот претседател Анджеј Дуда за германскиот весник Билд. За Дуда, разговорот со рускиот претседател Владимир Путин, претставува „вид на легитимизација на лицата одговорни за злосторствата што руската војска ги изврши […]

Макрон разговарал со Ковачевски и со Радев, подготвен е за состанок со Софија и Скопје за билатерален договор


Францускиот претседател Емануел Макрон, по синоќешните телефонски разговори со бугарскиот претеседател Румен Радев и со македонскиот премиер Домитар Ковачевски, соопшти дека е подготвен да ги пречека во Париз „кога ќе дојде време“ властите на Бугарија и Северна Македонија со цел да се склучи билатерален договор што ќе овозможи отворање на преговорите за пристапување на Северна […]

Макрон: Важно е Русија да не биде понижена


Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека е од витално значење Русија да не биде понижена за да може по завршувањето на конфликтот во Украина да се најде дипломатско решение. „Не смееме да ја понижуваме Русија за да можеме на денот кога ќе престанат борбите, да изградиме излезна стратегија преку дипломатија“, рече Макрон во интервју […]

Макрон е дел од проблемот, а не од решението


  Откако ги доведоа до точка на неподносливост преговорите со Македонија и го натераа нашиот државен врв да крене раце, раскараните бугарски политичари сега „преговараат“ со Европската унија, во обид да обезбедат нивните недоквакани барања да станат дел од преговарачката рамка. Во тој контекст се и најавите дека претседателот Румен Радев и премиерот Кирил Петков […]

Макрон предложи резолуција во ОН за укинување на руската блокада на пристаништето Одеса


Францускиот претседател Емануел Макрон денеска во Брисел изјави дека на неговиот руски колега Владимир Путин му предложил резолуцијата на ОН за укинување на руската блокада на пристаништето Одеса за да се дозволи извоз на украинските житарици.   -Во разговорот што го имавме со германскиот канцелар Олаф Шолц минатата сабота, му предложив на претседателот Путин да […]

Макрон во шатл дипломатија – разговараше со Радев, Петков и Ковачевски


  Навистина нема време за губење за решавање на спорот меѓу Бугарија и Македонија. Всушност, за нелогичноста на бугарската блокада на европските перспективи на Македонија, која ризикува да го урне кредибилитетот на Европската унија во целиот регион. Францускиот претседател Емануел Макрон денеска презеде телефонска шатл дипломатија со Софија и Скопје во обид да најде начин […]