Макрон го потпиша Законот за пензиски реформи, синдикатите најавија протести


Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска го потпиша Законот за пензиската реформа откако вчера истиот беше одобрен од Уставниот совет. Францускиот министер за труд Оливие Дусопт изјави дека очекува реформите да стапат во сила на почетокот на септември. Реформата, што предизвика масовни протести, предвидува зголемување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години […]

Демонстранти упаднаа додека Макрон држеше говор во Холандија


Францускиот претседател Емануел Макрон вербално беше нападнат додека држеше говор во Холандија за време на дводневната државна посета. Макрон ја изложуваше својата визија за иднината на Европа во Хаг, кога демонстрантите почнаа да му довикуваат „Каде е француската демократија? Макрон требаше да одржи говор за европскиот суверенитет на почетокот на државната посета на Холандија, по […]

Макрон смета дека Европа не смее да ги следи САД и Кина во однос на Тајван


 Францускиот претседател Емануел Макрон рече дека не е во интерес на Европа да ескалира кризата околу Тајван и оти треба да продолжи со стратегија која е независна и од Вашингтон и од Пекинг. Макрон викендов се врати од тридневната државна посета на Кина, каде што беше срдечно пречекан од кинескиот претседател Си Џинпинг. Кина во саботата почна воени вежби во близина на Тајван, како остра […]

Макрон пристигна во тридневна посета на Кина


Францускиот претседател Емануел Макрон денеска пристигна во Пекинг во тридневна државна посета на Кина. Тоа е прва посета на шеф на француската држава на Кина од 2019 година. Во попладневните часови Макрон се очекува да се сретне со француската заедница во Пекинг . За утре е планирана средба на францускиот претседател со неговиот кинески колега […]

Макрон го преживеа гласањето во парламентот, но по која цена


  Владата на Емануел Макрон тесно го преживеа гласањето за недоверба во францускиот парламент во понеделникот, откако минатата недела го спроведе длабоко непопуларниот ремонт на пензиите без гласање, што предизвика бес и спонтани протести низ целата земја. На гласањето со високи влогови во долниот дом на францускиот парламент, 278 пратеници, главно од левицата и екстремната […]

Францускиот Сенат ја усвои пензиската реформа на Макрон


Францускиот Сенат синоќа го усвои планот за пензиски реформи на претседателот Емануел Макрон со 195 гласа „за“ и 112 „против“. Клучна одредба од нацрт-законот е да се зголеми старосната граница за пензионирање за две години, на 64 години. Горниот дом на францускиот парламент гласаше за текстот по седмиот ден од националните протести против планот. Мнозинството […]

Сунак му ветил на Макрон 480 милиони фунти за спречување на миграцијата преку Ла Манш


 Велика Британија во следните три години ќе и даде на Франција 480 милиони фунти за инвестирање во полициските сили, технологијата и разузнавањето, со цел да се намали бројот на баратели на азил кои пристигнуваат на нејзините брегови, изјави денеска британскиот премиер Риши Сунак. Британските медиуми потсетуваат дека за британскиот премиер запирањето на пристигнувањето на бродовите […]

Макрон: Абортусот да се внесе во устав


  Францускиот претседател Емануел Макрон рече дека го поддржува правото на абортус да влезе во уставот, додавајќи дека со тоа би се изразила солидарност кон жените низ светот. Макрон ова го кажа на Меѓународниот ден на жената, на свеченост во чест на феминистка и правничка родум од Тунис, Гизела Халими, која почина во 2020 година, […]

Макрон до Пендаровски: Во ЕУ се почитуваат македонскиот јазик и идентитет


  Францускиот претседател Емануел Макрон испратил писмо до шефот на македонската држава Стево Пендаровски во кое изразува честитки и поддршка за постигнатиот напредок на патот кон евроинтеграциите во последната година. Макрон му честита на Пендаровски и за одржувањето на првата меѓувладина конференција за земјава за пристапување кон ЕУ, нагласувајќи дека со постигнатиот договор со Бугарија, […]

Франција и Германија ќе ја поддржуваат Украина додека е потребно


Франција и Германија ќе ја поддржат Украина во борбата против руската агресија „непоколебливо и онолку долго колку што е потребно“, ветија денеска германскиот канцелар Олаф Шолц и францускиот претседател Емануел Макрон. „Ќе продолжиме да и ја даваме на Украина сета неопходна поддршка, колку и да е потребно. Заедно, како Европејци, да го браниме европскиот мировен […]

Макрон: Ситуацијата во здравството може да се влоши


  Проблемите во францускиот здравствен сектор, може да се продлабочат наредните години, изјави денеска претседателот на Франција, Емануел Макрон. „Се соочуваме со ситуација која може да се влоши во поглед на медицинската демографија“, рече Макрон, укажувајќи на стареењето на француското население, што значи и дека голем број лекари и медицински сестри во моментот заминуваат во […]

Макрон: Француските Курди биле цел на „грозоморен“ напад


 Францускиот претседател Емануел Макрон во врска со пукањето во центарот на Париз изјави дека француските Курди биле цел на „грозоморен“ напад, упатувајќи сочувство до семејствата на жртвите и поддршка за повредените. -Француските Курди се цел на грозоморен напад во срцето на Париз. Нашите мисли се со жртвите, луѓето кои се борат за своите животи, нивните […]

Макрон влезе во соблекувалната на Франција по финалето: „Слушајте ме сега внимателно“


  Аргентина ја совлада Франција во спектакуларно финале и по трет пат во својата историја стана светски првак. Французите не успеаја да ја одбранат шампионската титула од Русија и по финалето во соблекувалната на Триколорите владееше депресија и апатија. Францускиот претседател Емануел Макрон, кој го следеше натпреварот на стадионот, веднаш отиде во соблекувалната на националниот […]

Макрон тешеше, Фернандез честиташе


Францускиот претседател Емануел Макрон излезе на теренот по финалето на Светското првенство за да им даде поддршка на „триколорите“. – Ова е тимот што ни овозможи да сонуваме, напиша Макрон на Твитер. Аргентина вечерва стана светски шампион, победувајќи ја француската селекција (3:3, 4:2 – на пенали) во финалето на Светското првенство во 2022 година во […]

Претрес во партијата на францускиот претседател Макрон


  Француската полиција изврши претрес во седиштето на партијата Препород на претседателот Емануел Макрон, како дел од истрагата за финансирањето на изборните кампањи во 2017 и 2022 година. Истрагата за финансирање на кампањата премина во оперативна фаза, а француската жандармерија влезе во седиштето на партијата на Макрон, како и во просториите на консултантската фирма „Мекинси“ […]

Макрон патува за Вашингтон, со Бајден ќе разговараат за Украина и трговските односи


Францускиот претседател, Емануел Макрон, заминува за САД во прва државна посета организирана од американскиот претседател Џо Бајден од почетокот на неговото претседателствување, со што Вашингтон ја обновува практиката на одржување политички состаноци на високо ниво прекинати поради коронавирусот. Односите меѓу Бајден и Макрон ги одбележа бурен почеток, кога Макрон накратко го отповика францускиот амбасадор во […]

Макрон повторно најави зголемување на старосната граница за пензионирање од 62 на 65 години


Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа најави дека ќе ја спроведе контроверзната пензиска реформа која ќе ја зголеми старосната граница за пензионирање за три години, од сегашните 62 на 65 години, што ќе ги натера младите генерации да работат подолго. Во интервју за телевизијата Франс 2, Макрон кажа дека промените ќе стапат на сила следната година. […]

Макрон побара од папата Франциско да контактира со Путин и Бајден за мировниот процес во Украина


Францускиот претседател Емануел Макрон побара од поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско, да контактира со рускиот претседател Владимир Путин, патријархот на Руската православна црква Кирил и американскиот претседател Џо Бајден со цел да го поттикне мировниот процес во Украина.   „Го охрабрив папата Франциско да ги покани Владимир Путин и московскиот патријарх Кирил, но и […]

Макрон вели дека Украинците ќе одлучат кога е можен мир


  Францускиот претседател Емануел Макрон нагласи денеска дека Украинците ќе одлучат кога е можен мир. „Да не дозволиме мирот да биде заложник на руската моќ“, рече Макрон за време на говорот на почетокот на собирот организиран од Заедницата на Сант Егидио, католичка добротворна организација со седиште во Рим. „Мирот е можен, но само тие (Украинците) […]

Макрон: Ова суштински ја менува војната


Францускиот претседател Емануел Макрон, реагирајќи на денешниот масовен ракетен напад врз украинските градови, ги осуди „намерните и насочени напади врз цивили“. „Ова претставува суштинска промена во природата на оваа војна“, им рече Макрон на новинарите за време на посетата на францускиот регион Мајен. Макрон додаде дека веднаш по неговото враќање во Париз, ќе се сретне […]