Повеќе од половина Грци против терминот Македонија во името


„Не“ за сложено име со вклучен термин Македонија, велат над половина Грци, односно 59 проценти, покажува последното истражување на јавното мислење во Грција. Во анкетата спроведена од агенцијата Pulse за телевизијата Action 24, за 72% од испитаниците е важен спорот за името, а 65% оценуваат дека се позитивни протестите за „Македонија“. Поголема доверба анкетираните Грци […]

(Фото) Ибрахимовиќ во Штип: Медиумите шпекулираат за причините на неговата посета


Еден од најдобрите фудбалери во моментов во светот, Златан Ибрахимовиќ, кој игра за Манчестер јунајтед, се наоѓа во посета на Македонија, а повеќе македонски медиуми веќе почнаа да шпекулираат за причината на оваа мистериозна посета на шведскиот фудбалер со босанско потекло на нашата земја. Неофицијално, Ибра е пристигнат во Штип за да оди на лов, […]

Македонија против Романија во баражот на Светското првенство во 2019 година


Романија ќе биде противник на машката ракометна репрезентација на Македонија во јунскиот бараж за пласман на Светското првенство во Германија и Данска што ќе се одржи во јануари следната 2019 година. Ова е епилогот од денешната ждрепка одржана во загрепска „Арена“ на претпоследниот дел од Европскиот шампионат во Хрватска. Македонските ракометари првиот меч ќе го […]

Талески: Ова ќе биде наша поука како не треба понатаму


Филип Талески е еден од ракометарите на кои ќе се потпира македонската репрезентација во иднината. Тој заедно со Велковски, Поповски, Кузмановски, Пешевски, добија шанса за настап и стекнување искуство од континенталниот собир на најдобрите. Талески вечерва во поразот од Данска постигна четири погодоци. – Ова Европско првенство е огромно искуство за нас. Не се надевавме […]

Македонците не знаат кој е Прибе, дел мислат дека е институција или слаткарница


И јавното мислење се подели по партиска линија, покажа најновата анкета на невладината организација „Евротинк“ направена во текот на ноември минатата година. Анкетата, генерално, потврдува дека од партиската определба во голема мера зависи какви ставови имаат граѓаните за одредени прашања, од членството во ЕУ и во НАТО, договорот со Бугарија, евентуалните алтернативи за Македонија дали […]

Анастасијадис: Нека се викаат и Северна Грција, само да се тргне иредентизмот од уставот


Ако се тргнат иредентистичките идеи и тенденции во уставот на Скопје, тогаш името не е воопшто важно, не ми е битно ако сакаат да се викаат и Северна Грција, вели кипарскиот претседател Никос Анастасијадис во интервју за „Прва емисија“ на кипарското радио 1. Тој, јавува дописникот на МИА од Атина, додава дека доколку се отстрани […]

ЕУ ќе ја признава Палестина, Македонија нема да брза


Европската унија срамежливо навестува дека веќе на пролет ќе дојде до колективно признавање на Палестина како држава. Нога ќе повлече Словенија, а нејзиниот пример треба да го следат и останатите земји што досега не ја признаваа самостојноста на државата на Блискиот Исток. Овие вести доаѓаат по контроверзниот потег на американскиот претседател, Доналд Трамп, чија администрација […]

Македонија загуби од Чешка и изгуби шанса за пласман во полуфинале


Во вториот натпревар од втората фаза на Европското ракометно првенство вечерва во Вараждин, Македонија загуби од Чешка со 25:24. По овој пораз македонските ракометари ги загубија шансите за висок пласман. Бодрени од преку 3.000 навивачи „црвено-жолтите“ имаа одличен почеток и по девет минути водеа со 4:1. Три минути подоцна Кирил Лазаров од пенал зголеми на […]

Истражување на Галуп: Поддршката за лидерство во Македонија во пораст


Резултатите од последното истражување на Галуп, спроведено во 134 земји, покажува дека просечното ниво на одобрување на лидерството на САД предводени од претседателот Доналд Трамп опаднало на 30 отсто, додека пак во Македонија таа подршката е во пораст. Во последната година од Администрацијата на претходникот на Трамп, Барак Обама, подршката на САД во светот била […]

Македонските ракометари на крстопат на ЕП: Да се биде или не вечерва против Чешка


Македонија вечерва (20.30 ч.) по петти пат ќе излезе на мегдан на Европското ракометно првенство во Хрватска. На ред е дуел со репрезентацијата на Чешка како прва од двете меч топки во Вараждин за историско полуфинале на завршните турнири. Потоа ќе следува и судир со Данска (среда, 18.15 ч.) во последната етапа во мисијата Фајнал […]

Приоритетите на бугарското претседавање со ЕУ пред македонската Влада


Амбасадорот на Бугарија во Македонија Иван Великов Петков, денеска на седница на македонската Влада, ќе ја презентира програмата и приоритетите на бугарското претседателство со Советот на Европската Унија. На 50. седница на Владата ќе се обратат и претставници од Банката на Советот на Европа во врска со новиот клинички центар во Скопје, информира владината прес-служба. […]

Десницата не гледа обединувач во ВМРО-ДПМНЕ


Понудата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за обединување на десницата дадена во интервју за „Независен весник“, со цел соборување на Владата предводена од СДСМ, наиде на резервираност кај десничариските партии во земјата. Од него најпрво се бара целосно дистанцирање од политиките на претходниот претседател Никола Груевски, па дури потоа можност за евентуална соработка. За […]

„Спортске новости“: Македонци, оставете го Червар


Реномираниот хрватски дневен спортски весник „Спортске новости“ денеска излезе со коментар: „Не го даваме Лино“, алудирајќи на критиките што деновиве стигаат на негова адреса, особено од македонска страна. Во текстот се потсетува дека тој е олимписки и светски првак и оти еден пораз како тој против Шведска не може да го избрише сето тоа што […]

Грците не ја даваат „Македонија“


Околу 60.000 Грци се собраа вчера во Солун на протестот платен и организиран од дијаспората и од десничарските организации во земјата, а со цел да се побара од владата во Атина да не прифаќа име што ќе го вклучи зборот Македонија во преговорите со нашата земја. На протестот дојдоа повеќе луѓе од очекувањата, но сепак […]

ЕП во ракомет: Шпанија ја приземји Македонија


Македонија го доживеа првиот пораз на Европското ракометно првенство во Хрватска. Шпанија беше убедлива со 31:20 и се проби на второто место на табелата во групата 2 во Вараждин. „Црвено-жолтите“ сега се четврти на табелата и во наредното коло (вторник, 20.30 ч.) ќе играат со Чешка за задржување на шансите за посакуваното полуфинале. Македонската репрезентација […]

И Заев ги бодри ракометарите во Вараждин


Облечен во националниот дрес, премиерот Зоран Заев дојде во Вараждин за да ги бодри македонските ракометари на мечот против Шпанија. Во арената на северот во Хрватска има околу три илјади македонски навивачи. Македонија се бори за историски пласман во полуфиналето.

Масовен протест во Солун за Македонија


Со грчки знамиња и знамиња со сонцето од Вергина, со слогани дека Македонија е грчка и со плакати со пораки „Македонија била е и ќе биде грчка“,  „Тргнете ги рацете од Македонија“, „Името е нашата душа“ илјадници Грци се собраа во центарот на Солун на протестот за „одбрана на името“. Собирот, јавува МИА, започна кусо […]

ЕП во ракомет: „Фалангата“ на Раул против „фуријата“


Македонија на Раул Гонзалес против Шпанија на Раул Гонзалес е дербито на неделната програма во групата 2 во Вараждин во рамки на Европското ракометно првенство во Хрватска. „Црвено-жолтите“ од Балканот ќе влезат во дуел со „црвено-жолтите“ од Пиринеите како една од трите непоразени селекции на турнирот и како првопласирани во конкуренцијата. Влогот е огромен. Евентуален […]

Двајца албански државјани фатени со 33 килограми марихуана


Кривична пријава и 30-дневен притвор добија двајца државјани на Албанија, С.С.(36) и А.Т.(24), осомничени за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Како што соопшти МВР, тие набавиле вкупно 33,4 килограми опојна дрога марихуана и ја спакувале во 47 најлонски пакетчиња. Ја ставиле во две патни торби и […]

АМСМ апелира: Внимателно, коловозите се влажни, Плетвар под магла


Сообраќајот во Македонија се одвива по влажни коловози. Низ целата земја врне дожд, додека снег врне во Крива Паланка, Страцин, Куманово, Тетово, Попова Шапка, Гостивар, Стража, Маврово, Павлешници и Кула, информираат од АМСМ. Поради појава на магла, додаваат оттаму, намалена е видливоста на Плетвар од 50 до 100 метри. На одредени патни правци кои поминуваат низ […]