Британскиот Дом на лордови бара прием на Македoнија во НАТО и без решение за името


Британскиот Дом на лордови бара од Владата во Лондон да се заложи Македонија да стане членка на НАТО без оглед на тоа дали ќе биде решено прашањето за името. Во извештајот „Велика Британија и иднината на Западен Балкан“ на Домот на лордовите усвоен во декември лани, а објавен на 10 јануари годинава, се наведува дека […]

Заев: Прифаќаме географска одредница за името


Ние сме подготвени на географска одредница за името. Во име на успехот на преговарачкиот процес со Грција за спорот со името, нема да коментирам повеќе“, рече премиерот Зоран Заев на вчерашната прес-конференција во Владата. Ова е прва изјава на македонски функционер и тоа претседател на Влада, во кое јавно се прифаќа менување на уставното име […]

Денес се објавува Стратегијата за Западен Балкан, Османи: До 2025 година Македонија во ЕУ


Карл Билд предупредува дека ако пропаднат преговорите меѓу Грција и Македонија за името, пропаѓа и стратегијата за европска интеграција на Балканот Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, наспроти неповолната внатрешна политичка клима, нерешениот спор со Грција и блокираната работа на парламентот околу законот за јазиците, вчера излезе со оптимистичка најава дека Македонија и Албанија идната […]

Коѕиас бара од Македонија јавно да каже која ќе биде одредницата во сложеното име


Очекуваме од Скопје, конечно да излезе и јавно да каже која ќе биде придавката во сложеното име и да им го објасни тоа на граѓаните, вели Никос Коѕиас, министерот за надворешни работи на Грција, во интервју за Eуроњуз на грчки јазик. Тој тврди дека Атина веќе го подготвува теренот за Грците да го прифатат сложеното […]

Македонија и Русија ќе ја унапредуваат економската соработка


Унапредување на економската и трговската соработка меѓу Македонија и Русија договориле денеска министрите за земјоделство Љупчо Николовски и Александар Ткачов на средбата во Москва. Министерот Николовски, кој престојува во тридевна официјална посета на Руската Федерација, нагласил дека македонската Влада ќе продолжи да ги поддржува македонските компании во промоцијата на земјоделско-прехранбените производи на рускиот пазар, преку […]

Aнкета: Името и идентитетските прашања влијаат на перцепцијата за ЕУ


Името и идентетските прашања силно влијаат на перцепцијата на граѓаните за членството во ЕУ, покажува дебатната анкета за придобивките и предизвиците од членството на Македонија во ЕУ спроведена од Институтот за европска политика. Истражувањето е спроведено од 1 до 7 ноември 2017 година кога се анкетирани 1.200 испитаници, како и на 18 и 19 ноември […]

Стратегијата за Западен Балкан предвидува почеток на преговори на Македонија со ЕУ во 2019


Во најновата верзија на Стратегијата за Западен Балкан, се наведува дека земјите од регионот ќе станат членки на ЕУ, „но не во состојбата во која се наоѓаат денес“. Европската комисија утре ќе ја објави Стратегијата за кредибилната перспектива за проширување кон Западен Балкан, во која се предупредува на две важни прашања кои се однесуваат на […]

Османи: Протестите не треба да влијаат на преговорите


Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи коментирајќи ги протестите што се одржаа вчера во Атина, оцени дека се дел од јавната политичка дебата која се одвива во различни форми и демократски загарантирано право ако се мирни и ненасилни, но оти тоа не треба да влијае на проецот за решавање на прашањето за името. – Меѓутоа, […]

Хакирана вебстраницата на Канал 103, осамна грчка порака


Вебстраницата на независното музичко радио од Скопје, Канал 103, денеска е хакирана од извесна грчка заедница која се нарекува „Црни шапки“ (Black Hat). Популарно кажано, тие успеале да ја хакнат интернет страницата www.kanal103.com.mk и на истата оставиле порака во која велат: „Ние сме заедницата „ЦрнаШапка“. Нашите постапки се против нациите кои ја користат својата „моќ“ […]

(Во живо) Протест во Атина: „Македонија е грчка“


Под силни безбедносни мерки, со затворени улици и метро-станици денеска на плоштадот Синтагма пред грчкиот парламент ќе се одржи долго најавуваниот протест. „Солун кажа, на ред е Атина да извика: Македонија е една и грчка“, порачаа организаторите на протестот во видеоповикот, објавен на социјалните мрежи, а уште од завчера започнаа со подготовките на Синтагма. Според […]

Истражување: 71 отсто од Грците прифаќаат решение без терминот „Македонија“


Само 22,5 отсто од Грците прифаќаат сложено име, а седум од 10, односно 71,5 отсто сакаат решение без терминот Македонија, покажува истражувањето на јавното мислење спроведено од солунскиот Универзитет Македонија и фондацијата за надворешна политика ЕЛИАМЕП, кое денеска го објавува грчкиот весник „Катимерини“. Во 2016, јавува дописникот на МИА од Атина, на истото прашање, во […]

Нови контејнери за селекција на стакло поставени во повеќе градови


Нови контејнери за селекција на стаклен отпад, т.н. зелени контејнери се поставени во Скопје, Прилеп, Охрид, Струга, Струмица, Штип и во Велес, соопшти компанијата „Пакомак“, која ги повикува жителите да се приклучат на еко-мисијата и да ги користат што е можно почесто. „Во повеќе акции за спроведување стаклен отпад од домовите, реализирани во Охрид, Прилеп и во Скопје […]

Метео: Сообраќај по влажни коловози, на Попова Шапка врнежи од снег


Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по влажни коловози. Во јужните делови од државата коловозите се претежно суви, соопштија од ЈП „Македонија пат“. На Попова Шапка се бележат врнежи од снег кој наместа се задржува на коловозот, но во моментов снегот не го попречува одвивањето на сообраќајот. На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури […]

Грчки медиуми со детали од заканите до Коѕијас: Имаме три куршуми, по еден за секоја Македонија


„Имаме три куршуми, по еден за секоја Македонија“, пишувало, според грчките телевизии Стар, ЕРТ и Скај, во дописот со закани испратен завчера до шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас. Освен ова, јавува дописникот на МИА од Атина, според истите извори, било откриено и второ писмо што било адресирано до уште тројца министри во грчката влада. […]

„Фајненшл тајмс“: ЕУ прима шест балкански држави – меѓу нив и Македонија


Планот на ЕУ е во членството да вклучи шест балкански земји: Албанија, Србија, Црна Гора, Македонија, Босна и Херцеговина, но исто така и самопрогласената држава Косово, пишува „Фајненшл тајмс“. Според наводите на весникот, главна причина за ваквиот потег на Брисел е тоа дека Балканот служи како терен преку кои илјадници мигранти стигаат до територијата на […]

ФИФА посвети статија на „црвено-жолтите“: Македонија може до подобри резултати


Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) во денешната статија посветена на македонската репрезентација се осврна на резултати на „рисовите“ постигнати минатата година во која забележаа голем напредок на светската ранг листа. „За само една година Македонија напредуваше од 166. до 73. позиција на ФИФА ранг листата. Тоа е репрезентација која во 2017 година забележа пет победи, три […]

Бутарис: Ние губиме ако соседите не се интегрираат во НАТО и ЕУ


Наместо да му олесниме на соседот, ние ги нарекуваме Цигано – скопјани, вели солунскиот градоначалник и се прашува „однесување ли е ова?“. Во изјава за локалните медиуми од Солун, Јанис Бутарис коментира дали и што губи Грција, доколку нашата земја не се интегрира во евро- атлантските институции. – Ние губиме многу работи, го губиме нашето […]

Протест и контрапротести во Атина в недела, на 4 фавруари


Солун кажа, сега е редот на Атина да викне: Македонија е една и е грчка, порачуваат организаторите на протестот закажан за в недела, во официјалниот видео спот објавен на социјалните мрежи. Организаторите ги повикуваат граѓаните масовно да излезат на атинскиот централен плоштад, пред грчкиот парламент. „Гркинки и Грци, Македонци и Македонки, сите во Атина в […]

Грчки анархисти: Ќе се лее крв“ на протестот во Атина


„На 4 февруари може да се лее крв“, предупреди грчката анархистичка група „Рубикон“ во пресрет на протестот во Атина за името „Македонија“, што го организираат десничарски здруженија со поддршка на некои политички партии и на црквата. На социјалните мрежи анархистите објавија дека „4 февруари ќе биде нивниот ден и нема да помине без жртви“ и […]

Грчката црква го поддржува протестот во Атина


Со официјални претставници, тројца митрополити од Светиот синод, Грчката православна црква ќе учествува на протестот во недела во Атина, за името на Македонија. За ставот на црквата против употребата на терминот Македонија и за учеството на ГПЦ во протестот на 4 февруари во Атина, архиепископот Јеронимос ги известил организаторите на собирот на нивната средба во […]