Курц: Македонија сега има шанси да се приклучи кон ЕУ


Македонија има шанси да се приклучи кон ЕУ, откако вчера Скопје и Атина постигнаа договор за решавање на спорот за името, изјави денеска во Берлин австрискиот канцелар Себастијан Курц. Курц нагласи дека гледа јасна перспектива за целиот регион на Западен Балкан и за Македонија како членка на ЕУ. На заедничка прес-конференција со германскиот министер за внатрешни […]

Лавров го поздрави договорот меѓу Македонија и Грција


Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изрази надеж дека договорот за новото име на Македонија ќе биде во интерес на Атина и на Скопје и дека ќе го подржат граѓаните и на двете држави, пренесе Спутник од Белград. – Секогаш нагласувавме дека се залагаме за пронаоѓање договор за тој проблем, без мешање однадвор, без поставување […]

Договорот со Македонија, главна тема во грчките медиуми


Постигнатиот договор, кој некои во Грција го нарекуваат историски, други проблематичен, од вчера попладне е главна тема во медиумите кај јужниот сосед, јави дописничката на МИА од Атина. Во утринските информативни емисии на грчките телевизии, на порталите, во весниците, новинарите во Грција го анализираат договорот, што доби а што загуби едната или другата страна, но […]

Баша: Посакувам на Северна Македонија да и се отвори патот кон НАТО


Постигнатиот договор меѓу Македонија и Грција за прашањето на името, го поздрави лидерот на најголемата албанска опозициска партија Љуљзим Баша, оценувајќи го како повеќе од значаен. – Постигнатиот договор меѓу двата соседа е повеќе од значаен и посакувам на Северна Македонија да и се отвори патот кон интеграцијата во НАТО, напиша претседателот на Демократската партија […]

Грчки владини извори со свои коментари за договорот


До крајот на 2018-та ќе треба да се заврши со сите предвидени обврски и чекори од македонска страна и ратификацијата во грчкиот парламент и македонското собрание, а со тоа и официјално стапување во сила на договорот меѓу двете земји, коментираат грчки владини извори, јави дописничката на МИА од Атина. Според предвиденото во овој период до […]

Македонските ракометари гостуваат во Романија во реваншот од баражот за СП


Македонската ракометна репрезентација денес и гостува на Романија во реванш натпреварот од баражот за Светското првенство 2019. Избраниците на селекторот Раул Гонзлаес имаат солидна предност од осум голови и голема шанса да излезат како вкупен победник од двомечот. Досега Македонија има шест учества на Мундијалите и пет во низа, па ова ќе биде убава можност […]

Мицотакис: Договорот е лош, Грција да не го потпише


Решението што е договорено е лош договор и е спротивно на ставот на мнозинството Грци, вели лидерот на опозициската Нова демократија, Кирјакос Мицотакис во изјава за постигнатиот договор меѓу Македонија и Грција. Како што јави дописничката на МИА од Атина, Мицотакис повторно го обвини  грчкиот премиер дека нема политички легитимитет и дека води тајна дипломатија […]

Могерини: ЕУ да отвори преговори со Македонија


Високата претставничка за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини, ги поздрави двајцата премиери за нивната одлучност и лидерство во постигнувањето на историскиoт договор. – Овој успех им припаѓа на лидерите на двете земји и нивните екипи, но пред сѐ на граѓаните на двете земји, и на Европа. Преговарачкиот процес, под водство на ОН, и медијацијата […]

Зголемен бројот на туристи во Македонија


Во Македонија во април годинава се евидентирани 82 635 туристи, кои оствариле 164 183 ноќевања, соопшти Државниот завод за статистика. Бројот на туристите во април 2018 во однос на април лани, е зголемен за 21.4 отсто, а на ноќевањата за 17.2 проценти. Бројот на домашните туристи е зголемен за 12.3, а на странските туристи за 25.5 отсто. Бројот […]

Заев: Предвремени избори би биле изгубено време за Македонија


Враќање на фрустрациите, радикализмот, квазипатриотизмот, нациоанализмот, се последиците од евентуалното отфрлање на договорот со Грција на референдумот што ќе се одржи во Македонија, рече премиерот Зоран Заев во вечерашната дебата на „Топ тема“. – Сето тоа не ни треба. Ние градиме граѓанско, мултиетничко општество. Македонија има перспектива „запишана во катастар со имотен лист“ како секоја […]

Македонија со една нога е на СП


Македонската ракометна репрезентација ја победи Романија со 32:24 во првиот дуел од баражот за Светското првенство 2019 година во Германија и Данска. Натпреварот лошо почна за Македонија со водство на гостите од 2:0. Потоа следуваше серија на „црвено-жолтите“ од 6:0 и водство од четири гола разлика во 12.минута. Во првиот дел Македонија имаше и плус […]

БПЦ: Ќе им помогнеме на браќата во Македонија


Подготвени сме да сториме се што можеме и што е во согласност со светите канони на светата Црква за да им помогнеме на нашите православни браќа во денешна Македонија, пишува во посланието на Синодот на БПЦ по повод 1000-годишнината од Охридската архиепископија. Во посланието, објавено на веб страницата на Светиот синод на БПЦ, се вели […]

Се огласи Владата по шпекулациите во српските медиуми дека пропаднале преговорите за името


Владата на Република Македонија останува посветена на изнаоѓање решение кое го штити и зајакнува достоинството и идентитетот на граѓаните на РМ. Шпекулациите во овие сензитивни моменти не можат да придонесат оваа стратешка цел од национален интерес, велат од македонската Влада во врска со шпекулациите пласирани од регионални медиуми. Најаважно е, како што посочуваат од Владата, […]

Жбогар: Решението освен за Македонија и Грција ќе биде добро за Регионот и за Европа


 Решението на долгогодишниот спор меѓу Република Македонија и Република Грција ќе биде добро за двете држави, но и за Регионот и за цела Европа, изјави денеска амбасадорот на Делегацијата на ЕУ Самуел Жбогар за време на посетата на Националниот парк „Пелистер“ во Битола. Според амбасадорот Жбогар, потребни се трепение и доверба за да тоа се […]

Првиот ден на Рамзан Бајрам, 15 јуни, неработен за сите граѓани на Македонија


Министерството за труд и социјална политика соопштува дека, согласно Законот за празниците, 15 јуни 2018 година (петок), првиот ден на Рамазан Бајрам, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија. Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од муслиманска вероисповед им го честита Рамазан Бајрам.

Во Македонија евидентирани околу 600 лица без државјанство


Потреба за менување одредени законски решенија, поедноставување на процедурите за впишување во матичната книга на родените, меѓуинституционална соработка, и поефикасна работа на терен за откривање и решавање на статусот на лица кои се без лични документи и државјанство, констатираа дел од учениците на денешната дебата на која беше презентирана и „Анализата на правната рамка поврзана со […]

(ФОТО) Шоу на ексклузивни спортски автомобили во Скопје


Атрактивни моќни автомобили денеска беа прикажани на плоштадот „Македонија“ во Скопје. Настанот насловен како „Рели за ексклузивни автомобили“ се организираше по иницијатива и покана од „Парк хотел и спа Скопје“. Љубителите на спортските автомобили уживаа во повеќе од 40 лимитирани серии возила, меѓу кои: „Ламборгини Авентадор спајдер“ – со над 700 коњски сили, во исклучително […]

Бејли: Решавањето на името позитивно за Македонија и Грција, но и за целиот регион


САД веќе долго време им даваат поддршка на Република Грција и Република Македонија во однос на решавање на спорот со името, истакна амбасдорот Џејс Бејли. Одговарајќи на новинарско прашање на пауза од првиот Македонски енергетски форум 2018 што денеска и утре се одржува во Струга во организација на АД ЕЛЕМ, рече дека решавањето на овој долгорочен проблем […]

Нова демократија бара известување од Коѕијас за информациите на Милошоски


Oпозициската Нова демократија, преку надлежниот за надворешна политика Јоргос Кумуцакос, бара известување од грчкото МНР за информациите на поранешниот шеф на македонската дипломатија, односно како што пишуваат во соопштението, „за јавно изразениот став на поранешниот министер за надворешни работи на Скопје, Антонио Милошоски според кој Алексис Ципрас е подготвен да ја обврзе земјата со договор […]

Грчките медиуми очекуваат позитивен одговор од Заев


Во исчекување на телефонскиот разговор и позитивниот одговор од Заев, е најчестиот коментар, но и наслов во грчките медиуми во однос на евентуалниот договор меѓу Македонија и Грција. Новинарите во Грција, прогнозираат, повикувајќи се на свои информации, но и на информациите пласирани во македонските медиуми во изминатиот период дека телефонскиот разговор меѓу двајцата премиери би […]