ВМРО-ДПМНЕ: Капитулантскиот договор нема да донесе подобар живот


Зоран Заев и криминалниот картел кој го води ја донесоа Република Македонија во потчинета положба. Капитулантскиот договор кој го потпиша Заев е понижувачки за целата држава. Правата вистина е дека иденитетот не е зачуван, соопштија од опозицијата. Зоран Заев го брише терминот Македонија. Грчкиот премиер Ципрас соопшти дека договорот не признава постоење на македонска националност, […]

Американската компанија „Теламон“ ќе вложи 4 милиони евра во Македонија


Американската компанија „Теламон“ ќе вложи четири милиони евра во капацитет во земјава во кој според бизнис планот на компанијата, предвидени се 300 нови вработувања во првите пет години. Информацијата за предлог – договорот за доделување на државна помош на друштво за производство и трговија „Теламон Европа Македонија ДООЕЛ Скопје“ министрите ја  усвоија  на денешната 75-та […]

Спасовски: Македонија е против бегалски кампови на нејзина територија


Европскиот комесар задолжен за миграција, Димитрис Аврамопулос, одговори дека на овој состанок не се разгледувала идеајата за отворање на бегалски кампови во земјите од регионот. Македонија, од своја страна, е одлучно спротиставена на ваквата идеја, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. По состанокот на министрите за внатрешни работи од земјите на Западниот Балкан со […]

Македонија догодина со нов, современ систем за заштита од град


На 181 точка низ Македонија треба да се постават системи за заштита од град. Приоритетни се Ресен, Преспа, Тиквеш и Струмичко како најранливи региони. Процесот за нивна набавка е почнат, а се очекува да биде заокружен идната година. Како што изјави  министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, станува збор за сосема нова, современа […]

Ефектот „Македонија“ ќе ги подобри грчките надежи за олеснување на долгот


Постигнатиот договор за името меѓу Македонија и Грција би можел да му помогне на грчкиот премиер, Алексис Ципрас, да добие подобри услови за олеснувањето на грчкиот долг,  пишуваат британски медиуми. Состанокот на Еврогрупата е закажан за 21 јуни во Брисел, кога Грција се надева почне да излегува од програмите за спасување, во кои е заглавена […]

Владата го испраќа Договорот со Грција на ратификација во Собранието


Владата на Република Македонија на денешната 74. седница го разгледа и усвои Предлог – законот за ратификација на Конечната спогодба за решавање на разликата како што е опишана во резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации 817 (1993) и 845 (1993), престанување на Времената спогодба од 1995 година и воспоставување на стратешко партнерство помеѓу […]

Хрватска го поздрави договорот меѓу Македонија и Грција за името


Хрватска го поздрави договорот меѓу Македонија и Грција за името, и очекува отворање преговори за членство во Европската унија. – Министерството за надворешни работи го поздравува договорот за името меѓу Република Македонија и Грција. Хрватска очекува Македонија да отвори преговори за членство во Европската унија и да стане членка во НАТО, се вели во соопштение […]

Официјална Тирана го поздрави потпишувањето на договорот меѓу Македонија и Грција


Официјална Тирана го поздрави потпишувањето на договорот меѓу Македонија и Грција,оценувајќи го како нова страница за добрососедство. – Во преубавата Преспа, која ги обединува трите народи и нашите соседни земји, граѓаните на двете земји, регионот, претставниците на Европската унија и Обединетите нации, станаа сведоци на нова страница за добрососедски односи и соработка во европски дух,-стои […]

Потпишувањето на Договорот низ фотографии


Денешниот ден 17 јуни 2018 од многумина е карактеризина како ден од историско значење, бидејќи Македонија и Грција ставија крај на тридеценискиот спор околу името. Шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас денеска во Псарадес ги ставија своите потписи на договорот за решавање на македонско-грчкиот спор за името и стратегиско […]

Американските медиуми за договорот меѓу Македонија и Грција


Дел од медиумите во САД пишуваат за датумот и местото на потпишување на договорот помеѓу Македонија и Грција, додека некои телевизии ги набројуваат случаите во историјата со преименување на земји. Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, „Ројтерс“ денес се повика на владини извори и потврди дека договрот ќе биде потпишан во недела. – […]

Захариева: Правиме се Македонија да започне преговори за членство во ЕУ


Договорите меѓу Македонија и Бугарија и Македонија и Грција се многу важни и сметам дека новиот со Грција нема да се одрази на нашиот, рече министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Екатерина Захариева одговарајќи на прашање на МИА како потпишувањето на доворот меѓу Македонија и Грција ќе се одрази на веќе потпишаниот договор меѓу […]

Во недела во Преспа потпишување на договорот за името


Министрите за надворешни работи на Република Македонија и на Република Грција, Никола Димитров и  Никос Коцијас во недела во регионот на Преспа ќе го потпишат конечниот договор за решавање на македонско – грчкиот спор за името и за стратегиско партнерство помеѓу двете земји, соопшти денеска прес центарот на Владата. На потпишувањето на договорот ќе присуствуваат […]

Мариа Колиа Царуха: Нема да го поддржиме договорот, за нас Македонија е Грција


За нас, Македонија е Грција и Грција е Македонија, рече министерката за Македонија и Тракија, Мариа Колиа Царуха од редовите на Независни Грци, говорејќи на расправата во парламентот и го повтори ставот на нејзината партија дека нема да гласаат за договорот, но остануваат во владата, ја поддржуваат и ќе гласа против предлогот на Нова демократија […]

Уште е дилема каде ќе се потпише Договорот – сведоци Столтенберг и Нимиц?


Се уште се противречни информациите за тоа кога и каде ќе се потпише Договорот меѓу Македонија и Грција со кој треба да се стави крај на деценискиот спор за името. Засега, извесно е само дека потпишувањето ќе биде викендов. Грчкиот весник „Катимерини“ објави дека договорот меѓу Македонија и Грција ќе се потпише во недела во […]

Кумуцакос: Владата бараше аргументи што се во прилог на другата страна


Земјата со потпис ќе ја обврзе еден премиер кој е изолиран и од народот и од неговиот владин кабинет, премиер што нема согласност од министерот за одбрана, рече одговорниот за надворешна политика во опозициската Нова демократија, Јоргос Кумуцакос на денешната расправа во грчкиот Парламент за гласање недоверба на Владата. Како што јави дописничката на МИА од […]

Вучиќ: Спорот за името на Македонија и проблемот со Косово не се исто


Решавањето на спорот за името на една држава, каков што е случајот со Македонија, не може да се спореди со проблемот со Косово, изјави денеска во Крушевац српскиот претседател Александар Вучиќ. Одговарајќи на новинарско прашање за неговиот став околу решавањето на спорот околу името на Македонија и дали поради тоа очекува притисок врз Белград во […]

Договорот за името ќе се потпише во недела или понеделник


Потпишувањето на договорот за името меѓу Македонија и Грција нема да се одржи во сабота, туку во недела или уште поверојатно, во понеделник, дознава „Независен весник“. Првичниот план беше премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас да стават параф на решението во сабота во 15 часот на грчкиот дел од Преспа, но ќе дојде до одлагање […]

Анализа: Грчките партии за договорот меѓу Македонија и Грција


Постоењето македонски јазик и македонска националност во договорот меѓу Македонија и Грција се главните забелешки од грчките опозициски партии кај јужниот сосед, откако беше постигнато решение меѓу двете земји. Како што јави дописничката на МИА од Атина, коментарите од опозициските партии во Грција се негативни, според досегашните јавни настапи, изјави и соопштенија и веројатно е […]

Гонзалес: Заслужено одиме на Мундијалот


Mакедонската ракометна репрезентација обезбеди пласман на Светското првенство, што во јануари 2019 година ќе се одржува во Германија и Данска. Иако во реванш натпревар од баражот Македонија на гостувањето во Клуж загуби од Романија со 26:25, сепак благодарение на убедливата победа на првиот дуел во Скопје на кој славеше со 32:24  обезбеди шесто учество на Мундијалите. […]

Македонија обезбеди пласман на Светското првенство во ракомет


Македонската ракометна репрезентација обезбеди пласман на Светското првенство, што во јануари 2019 година ќе се одржува во Германија и Данска. Во реванш натпревар од баражот Македонија на гостувањето во Клуж загуби од Романија со 26:25, но благодарение на убедливата победа на првиот дуел во Скопје на кој славеше со 32:24, обезбеди шесто учество на мундијалите. […]