Македонија против Косово во полуфиналето на Лигата на нациите


По триумфот над Азербејџан од 4:0, репрезентацијата на Косово ќе биде  противник на Македонија во полуфиналето од разигрувањето за пласман на Европскиот шампионат. Во решавачкиот дуел на стадионот „Фадил Вокри“ за првата позиција во  третата група од Д лигата, Косово го декласираше Азербејџан, а прва ѕвезда на натпреварот беше Арбер Зенели кој три пати се запиша […]

Македонија убедливо го преслуша Гибралтар и ќе игра полуфинале за пласман на Европско првенство


Прво место во четвртата група од Д-лигата на Лигата на нации, пласман во поквалитетната Ц-лига и полуфинале на домашен терен во плејофот за ЕП, обезбеди македонската фудбалска репрезентација по вечерашната победа над Гибралтар со 4:0. Избраниците на селекторот Игор Ангеловски целосно доминираа на „Филип Втори“ и сосема заслужено ги освоија трите бода, а победата можеше […]

Врнежи од дожд и снег и ноќеска


Врнежите ќе продолжат и во ноќните часови и ќе се преместуваат на исток. На повеќето места ќе врне снег, на пониските места во централните делови ќе бидат мешани од дожд и снег, а на крајниот југоисток од дожд, најавува Управата за хидрометеоролошки работи. Времето во Македонија е облачно со врнежи претежно од снег, а долж […]

Поради врнежи од снег во прекин сообраќајот на патот Берово-Виница


Од 18.10 часот вечерва поради снежни врнежи е во прекин патниот правец Берово-Виница за патнички и за тешки товарни возила, информираат од Автомотосојузот на Македонија. Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. На планинските премини Стража, Ѓавато, Буково и Пресека има остатоци од кашест снег на коловозот, но нема забрана за движење на […]

Ангеловски пред дуелот со Лихтенштајн: Играме за голема цел, најважни се трите бода


Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски пред вечерашниот натпревар со Лихтенштајн од Лига на нации со победнички уверувања од Вадуц. „Атмосферата секогаш била на највисоко ниво. Ќе изберам 11 фудбалери кои треба да ја донесат победата. Верував во оваа репрезентација кога малкумина веруваа. Но, главното што треба да го направат е вечерва. Не е […]

Заев: Македонија во НАТО најдоцна во 2020 година


Премиерот Зоран Заев денеска повика постапката за помирување да се води низ транспарентен процес под будното око на јавноста за на крајот, како што рече, да успееме да направиме целосно помирување во општеството за да имаме подобра Македонија вредна за достоинствен живот. Очекува дека во текот на следната недела ќе биде утврден составот на Комисијата […]

Косово: Затворен патот кон Македонија


Патот кој го поврзува Качаник со Генерал Јанковиќ, односно со границата со Македонија на преминот Блаце, денеска ќе биде затворен неколку часа поради градежни работи на таа делница од новиот автопат Приштина-Скопје, јави дописникот на МИА од Приштина. Како што соопшти косовското Министерство за инфраструктура, патот ќе биде затворен во текот на денешниот ден од […]

ЕБОР: Растот на македонската економија годинава два осто


Англија- Најновата прогноза на Европската банка за обнова и развој за растот на македонската економија за годинава е два отсто. Во извештајот за економските перспективи, ЕБОР за 2019 година предвидува раст на БДП од три проценти. Во делот за Македонија Банката наведува дека се забележува умерено раздвижување, но се уште помало од вкупниот раст на регионот. […]

Борисов: Стискаме палци, ама не ви се мешаме


Договорот со Бугарија и Договорот со Грција отворија голема перспектива за Македонија, вели во разговор со дописничката на МИА од Атина, бугарскиот премиер Бојко Борисов кој учествуваше на Третиот евро-арапски самит што во изминатите два дена се одржа во грчката престолнина. Борисов порача дека „стискаат палци и и посакуваат успех на Македонија“, а коментирајќи ги […]

Раул Гонзалес: Одигравме многу лошо


Македонија не ја оправда фаворитската улога и претрпе пораз од Грција во квалификациите за Европското првенство во 2020 година, а селекторот Раул Гонзалес изрази загриженост за лошата игра на нашиот национален тим. – Одигравме многу лошо, а не игравме добро ниту против Турција. Денеска против Грција не функционираше ниту нападот, ниту пак одбраната. Иако сите мислеа со колкава разлика ќе ги победиме Турција и Грција, сепак […]

Македонија шокирана од Грција, Лазаров: Срамота


Македонската ракометна репрезентација доживеа тежок пораз во квалификациите од ЕП 2020 година. Попладнево, подобри од Лазаров и друштвото беа грчките ракометари, кои во Кожани славеа со 28-26 (10-12) и забележаа историска победа, имајќи предвид дека станува збор за репрезентација што е меѓу послабите во Европа и која никогаш не се пласирала на некое големо натпреварување. […]

За осум години – убиени 70 жени


Во периодот од 2008 до 2016 година во Македонија се случиле вкупно 70 убиства на жени. Со оглед на тоа што институциите не препознаваат податоци за фемицид, бидејќи не е дефиниран како посебно кривично дело и не е инкорпориран во Кривичниот законик, идентификувани се 54 жртви, а во 51 случај има основа за фемицид. Пристап […]

Метју Палмер на 22 октомври во Македонија


Заменик-помошникот државен секретар на САД, Метју Палмер, в понеделник на 22 октомври ќе престојува во посета на Македонија за да разговара за американската поддршка на договорот од Преспа и за важноста на македoнската реформска агенда, соопшти амбасадата на САД во Скопје. Палмер ќе се сретне со владини и политички претставници, меѓу кои и премиерот Зоран […]

Вучиќ: Место да признаат за референдумот, играат мнозинство


По неуспехот на референдумот во Македонија и изборите во БиХ се охрабрувам да кажам дека имаме потреба од посилна ЕУ во регионот. Потребно ни е нешто опипливо, не само поддршка, туку потребно ни е исполнување на ветувањата од Европа, рече српскиот претседател Александар Вучиќ на Белградскиот безбедоносен форум. На отворањето на форумот, Вучиќ заедно со […]

Македонија официјално ги почнува претпристапните разговорите за членство во НАТО


Со посетата на членовите на Комитетот за интеграција во НАТО и на Работниот комитет за интерација на седиштето на Алијансата во Брисел денеска и утре почнуваат претпристапните разговори за членство на Македонија во најголемиот воено-политички сојуз во светот. Македонија на Самитот на НАТО во Брисел во јули и официјално доби покана за членство, но влезот […]

Македонија на 84. место во Извештајот за глобалната конкурентност


Македонија е рангирана на 84. место во Извештајот за глобалната конкурентност што го изработува Светскиот економски форум. Во извештајот за 2018 година се вклучени 140 земји. Светскиот економски форум го изработува извештајот врз основа на 12 критериуми: продуктивност, институции, инфраструктура, развој на ИКТ сектор, макроекономска стабилност, здравство, образование, технолошката подготвеност, пазар на труд, финансиски систем, големина на пазар, […]

Лига на Нации: Ерменија го запре налетот на Македонија


Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва во Ереван беше убедливо поразена од Ерменија со 4:0 (1:0) во меч од групата 4 во Д-дивизијата на Лигата на нациите. За Македонија ова беше првиот пораз во натпреварувањето. Прецизни за домаќините беа Маркос Пицели (12), Јура Мовсисјан (67), Геворг Газарјан (81) и ѕвездата на Арсенал, Хенрик Мхитарјан во 90-тата […]

Премиерот и вчера разговарал со пратениците на ВМРО-ДПМНЕ


Очекувам да се изнајде храброст, да се надминат партиските и политичките предрасуди, спреги и да се внимава на иднината на државата, затоа што оваа шанса е неповторлива. Одлуката која ја носиме е со огромна одговорност и важност за иднината на граѓаните и верувам дека сите ние пред се и над се ќе мислиме на нашата […]

Јовановски, Спасов, Колбе…во составот на македонско- грчкиот комитет


Атина – Универзитетските професори Далибор Јовановски, Никос Чаусидис, Људмил Спасов, Ана Чупеска-Станишковска, Фахри Рамадани и Кица Колбе, се членовите од македонска страна во Заедничкиот интердисциплинарен комитет на експерти (ЗИКЕ) со Грција – за историски, археолошки и образовни прашања. Предводник на тимот од македонска страна, како што е познато, е амбасадорот Виктор Габер. Од Грција, пак, […]

ММФ ја намали прогнозата за раст на македонската економија


Економскиот раст на Македонија годинава ќе биде 1,6 проценти, предвидува Меѓународниот монетарен фонд во есенскиот извештај „Перспективите на светската економија“. Претходнодната проценка на ММФ за растот на македонската економија беше 2,8 отсто. ММФ за наредната година прогнозира дека БДП на Македонија ќе порасне за 2,6 проценти, а до 2023 година годишен раст од 3,4 отсто. Од земјите […]