Путин: Постои надворешен притисок за зачленувањето на Македонија во НАТО


Србија – Политиката на САД сериозно го дестабилизира Балканот, а Русија ќе продолжи со воено-техничката соработка со Србија, изјави рускиот претседател Владимир Путин во пресрет на утрешната посета на Белград, во интервјуто за весниците „Политика“ и „Вечерни новости“. Говорејќи за добрите економски и политички односи со Србија, рускиот претседател одговарајќи на прашањето за дестабилирачката улога на […]

Ципрас и Каменос ќе зборуваат за „Северна“


Коалициски партнери во грчката Влада, Алексис Ципрас и Панос Каменос утре во 10.30 часот по локално време ќе одржат средба, објавија грчките медиуми, повикувајќи се на владини извори. Според истите информации, Ципрас денес разговарал со Каменос и го поканил утре наутро да се сретнат. Претходно, медиумите во Грција, пишуваа дека според информации од партијата Независни […]

„Независните“ бараат Северна само за нaдвор, Заев рече не


Не е усовен амандманот на „независните“ пратеници, кои бараа називот Северна Република Македонија да се употребува само за надворешна употреба. Премиерот Зоран Заев кусо рече оти тоа не е прифатливо. Македонија и Грција склучија договор со кој новото име Република Северна Македонија важи и за домашна и за надворешна употреба. Се очекува мнозинството да ги […]

Македонија победнички на Мундијалот


Македонската ракометна репрезентација со убедлива победа ги почна настапите на Светското првенство во Германија. Во меч од првото коло во групата Б, совладана е Јапонија со 38-29 (18-13). Најефикасен во нашиот тим беше капитенот Кире Лазаров со осум гола, а по седум дадоа Дејан Манасков и Стојанче Стоилов, кој беше прогласен и за играч на […]

Индекс на демократија 2018: Норвешка прва, Македонија на 78 место


Англија-Македонија на Индексот на демократија за 2018 година на британскиот неделник „Економист“ напредна за десет места во споредба со минатата година и се наоѓа на 78 место со 5,87 поени, на скала од нула до 10. Земјата се наоѓа во категоријата „хибридни режими“, кој ги опфаќа државите со поени од 5,98 до 4,06. Со индексот […]

Годишен хороскоп за 2019: Што велат ѕвездите за Македонија?


Мунданата астрологија е гранка на астрологијата која ги проучува глобалните светски случувања, хороскопите на државите, па така и случувањата во нив: од политичката сцена па до временските непогоди, од социјалните настани, па до спортската арена, а која има глобално дејствување врз сите жители на одредена држава. Птоломеј јасно ја објаснува различноста на сите народи и […]

Благо разочарување во Македонија по оставката на Матис


Шефот на Пентагон, Џејмс Матис, кој допатува во Скопје пред референдумот  симболично да аплаудира за, како што рече, неуморните напори да се постигне историскиот договор со Грција, е последно на богатата листа имиња кои ја напуштаат администрацијата на претседателот Доналд Трамп. Но како што коментираат светските медиуми, веројатно тоа е најважното и со најголемо влијание […]

Ракометарките против Словенија во баражот за СП 2019


Репрезентацијата на Словенија ќе биде противник на Македонија во бараж за женскотo ракометнo Светско првенство во 2019 година. Првата средба ќе се одигра во Скопје кон крајот на мај или на почетокот на јуни, а реваншот е по седум дена во гости. Победникот од двомечот ќе обезбеди учество на завршниот турнир во Јапонија (30 ноември […]

Новинарите си избраа нов лидер: Младен Чадиковски го наследува Насер Селмани во ЗНМ


Младен Чадиковски од ТВ „24 вести“ е избран за нов престедател на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Функцијата од Насер Селмани ја презема со 86 гласа „за“ наспроти 77. што ги доби неговиот противкандидат, Столе Наумов од „Канал 77“. Во тек е пребројување на гласовите за членови во Управниот одбор, во Надзорниот одбор и […]

Грците мислат дека сме победници со договорот од Преспа


Последното истражување на јавното мислење во Грција, спроведено од агенцијата за рејтинг MRB Hellas, а објавено од информативниот портал „Реал“, покажува дека 7 од 10 Грци негативно го оценуваат Договорот од Преспа, исто толку сметаат дека договорот не ги гарантира грчките интереси, повеќе е наклонет и повеќе им служи на македонските интереси и во иднина […]

Иванов последен пат се обраќа на 28 декември


Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов на 28 декември, во 12 часот, ќе има редовно годишно обраќање пред пратениците во Собранието. Известувањето за годишното обраќање на шефот на државата веќе е доставено до Собранието на Република Македонија. Ова ќе биде последно обраќање на Иванов како шеф на државата, бидејќи неговиот мандат истекува на 12 мај […]

Помпео: Приемот на Македонија во НАТО ќе го намали руското влијание


Влезот на Македонија во НАТО ќе ја засили способноста на балканските земји да се спротивстават на „недобронамерните активности“ на Русија во регионот, изјавил државниот секретар на САД Мајк Помпео по средбата со алтернативниот министер за надворешни работи на Грција Јоргос Катругалос. Тој нагласил дека САД го поддржуваат историскиот Преспански договор и верува дека грчкото раководство […]

За неполно полугодие се иселила цела паралелка од Кочани


Иселувањето стана сериозен проблем во Македонија. Клучниот момент, според универзитетскиот професор Кирил Барбареев, е што младите, а сè повеќе и возрасните не гледаат надеж дека работите одат на подобро. Преголем временски период сме општество на неправда, вели тој, загубена е надежта, а кога умира надежта, почнува депресијата и дезинтеграцијата на општеството. Посочува дека треба да […]

Во Македонија невработени 199.325 лица


Стапката на невработеност во третиот квартал од годинава се намали на 20,8 отсто, објави Државниот завод за статистика. Стапката на невработеност на крајот на 2017 година изнесуваше 22,4 отсто, а во вториот квартал годинава 21,1 отсто. Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2018 година, активното население во Република Македонија изнесува 958.770 […]

Македонскиот пасош 36. во светот


Македонија е на 36. место на листата земји чии пасоши овозможуваат најлесно патување, покажува рангирањето што го направила интернет страницата Паспорт индекс за 2018 година. Со македонски пасош слободно може да се влезе во 77 земји, додека за 41 земја визата се издава веднаш при влегувањето. За носителите на македонски пасоши потребна е виза за […]

Македонија во поволна група ќе брка пласман на ЕП 2020


 Фудбалската репрезентација на Македонија ги доби своите противници за квалификациите за ЕП 2020. Македонија ќе игра во групата „Г“ заедно со Полска, Австрија, Израел, Словенија и Латвија. Европското ќе се одржи во 12 градови – Лондон, Минхен, Рим, Баку, Санкт Петербург, Букурешт, Амстердам, Даблин, Билбао, Будимпешта, Глазгов и Копенхаген. Најдобрите две репрезентации од секоја група […]

Македонија и Бугарија заеднички да ги одбележуваат Св.Кирил и Методиј и на Прличев


Мултидисциплинарната експертска комисија меѓу Бугарија и Македонија ќе им прдложи на владите на двете земји заедничко одбележување на Денот на Светите браќа Кирил и Методиј и на Григор Прличев, соопштија по дведновните разговори во Софија копретседателите на комисијата од бугарска и од македонска страна Ангел Димитров и Драги Георгиев, пренесува БТА. -Со нашите колеги од […]

Бујановац го сместивме во Косово, Србите бесни


Лапсус, невнимание или незнаење уште еднаш ги разжестија македонско-српските односи. Белградските весници ја прераскажуваат случката на Горан Стевановиќ од селото Жбевац кај Бујановац, кому матичарите од Скопје му издале официјален документ за смртта на татко му, според кој малото гратче на југот од Србија се наоѓа во Косово. „Малку е да кажам дека сум збунет. […]

„Телам“: Папата Франциско догодина доаѓа во Македонија


Папата Франциско во мај наредната година ќе ја посети Македонија, објави аргентинската државна новинска агенција „Телам“ повикувајќи се на извори во Ватикан. Посетата на Македонија ќе биде дел од регионалната турнеја на папата која ќе ги вклучи и Романија и Бугарија. Ова ќе биде прва посета на поглавар на Римокатоличката црква на Македонија, Романија и […]

Македонија гласаше за прием на Косово во Интерпол


Македонија гласала за прием на Косово во Интерпол, соопштија српските медиуми. Иако барањето на Приштина за членство во оваа светска полициска организација не помина ниту во првиот, ниту во вториот круг од гласањето, земјите од регионот речиси стопроцентно ја подржаа новата република. „За прием гласаа Словенија, Хрватска, Македонија, Црна Гора и Бугарија, додека против беа […]