Пекарите ќе мора да произведуваат леб со замрзната цена, најмалку 80 отсто во однос на декември


  Министерот за економија Крешник Бектеши од аеродромот во Загреб, Хрватска, на пат за Скопје се огласи на својот фејсбук профил и ја објави новата одлука со која производителите на леб имаат обврска да го произведуваат и да го ставаaт во промет лебот со замрзната цена. Одлуката е со денешен датум и ја има потпишано […]

Пазарната инспекција вели генерално се почитува одлуката за цената на лебот, извршила надзори во над 400 фирми


Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) вчера и денеска изврши надзори и контроли во над 400 економски субјекти на ниво на цела држава при што утврди дека генерално се почитува одлуката на Владата за замрзнување на цената на лебот од 450 гама на 33 денари. -Досега од контролите е утврдено дека цената на лебот во зависност од […]

Прилепските пекарници не испорачуваат леб, чекаат решение, реагираат производителите на пченица


Втор ден нема испорака на леб во прилепските маркети и продавници и граѓаните се снаоѓаат како знаат и умеат. Прилепските пекарници ситуацијата ја оценуваат како „статус кво“. Леб по 33 денари продаваат само во нивни продавници, за испорака и дистрибуција не им се исплаќа. За производителите на пченица нема оправдување што трпат граѓаните. Александар Ристески, […]

Помалите штипски пекари ја намалија цената на лебот и до пет денари


Намалена е цената на лебот во одредени штипски пекари, откако Владата и официјално ја замрзна цената на 33 денари. Николче Малинов, сопственик на пекарата „Штипски сокак“, вели дека одредени пекари ја имаат намалено цената на лебот за пет денари, а рафтовите на пекарите не се празни. -Ние го намаливме лебот и од денеска се продава […]

Пекарите велат дека си ја почитувале одлуката и затоа нема леб


  Тоа што нема бел и полубел леб на полиците во маркетите значи дека сите ја почитуваме одлуката донесена во понеделникот на состанокот во Стопанската комора, изјавија за МИА претставници од пекарската индустрија. Според нив, засега промена на ваквата одлука нема. Во меѓувреме, Државниот пазарен инспекторат е на терен и врши интензивни контроли – дали […]

Леб нема по продавниците


  Од утрово, рафотвите за леб останаа празни, иако пекарите најавија дека леб ќе доставуваат додека не стапи на сила одлуката на Владата за замрзнување на цената на 33 денари. Луѓето кои утрово пазареа леб велат дека не нашле. „Сега бев во продавница. Има само неколку леба што останале од вчера. Тоа не е бел […]

Владата одлучи: Цената на лебот 33 денари до 31 мај


Цената на лебот не смее да надмине 33 денари, за бел и полубел леб, на парчиња или цел, со тежина до 450 гр, одлучи денеска Владата.  Како што појасни министерот за економија Крешник Бектеши, оваа мерка ќе важи до 31 мај 2023 година. „Со оваа одлука се определува цената на лебот во трговијата на мало, […]

Пекарите се заканија – ако се замрзне цената, нема да испорачуваат леб


  Производителите на леб денеска се заканија дека доколку Владата донесе одлука за замрзнување на цената на овој производ, тие веднаш ќе престанат да го произведуваат  и да го испорачуваат на пазарот, и тоа не само „народниот“, туку сите видови леб. Ваква одлука донеле едногласно 32 индустриски пекари од целата држава плус здруженија на мали […]

Бектеши: Во вторник ќе се замрзне цената на лебот и нема да биде над 33 денари


Во вторник ќе се замрзне цената на лебот и нема да биде над 33 денари и за белиот и полубелиот леб. Ова е само прв чекор од производите наведени во одлуката на Владата. Ќе следат и нови одлуки за замрзнување на цените. Се прават анализи за тестенините и тие средства ќе се користат за укинување […]

Во 2023 година стабилни цени на лебот и брашното


Граѓаните во 2023 година може да очекуваат стабилни цени на брашното и лебот, велат мелничарите. Тоа, нагласуваат, е последица, пред се, од донесувањето на владината Одлука со која на компаниите им се овозможи да плаќаат струја по 80 евра за мегават час. Како што вели за МИА претседателот на Групацијата на мелничко-пекарската индустрија, Горан Малишиќ, мелничката […]

Бектеши очекува до 13 отсто пониски цени на лебот, млекото и месните производи во почетокот на декември


  Министерот за економија Крешник Бектеши очекува во почетокот на декември да има намалување на цената на основните прехранбени производи од пет до 12 – 13 отсто. Ако нема толкаво намалување, како што рече денеска по средбата со производителите и со претставниците на најголемите ланци маркети, ќе се донесат новите мерки што произлегуваат од Законот […]

Цената на лебот падна на 32 денари, владините мерки со ефект


По маркетите веќе може да се забележат ефектите од мерките на Владата, лебот е со намалени цени, а денес можеше да се купи леб за 32 денари. Мерката со која Владата им помага на компаниите кои произведуваат основни прехранбени продукти да плаќаат стабилна и пониска цена на електрична енергија на крајот носи придобивки за сите […]

На мелничарите не им се брза со поевтинување на лебот


  Мелничарите најавуваат поевтинување на лебот за околу 10 отсто кон крајот на декември или од почетокот на идната година. Тие ја поздравуваат владината одлука за обезбедување електрична енергија по поволни цени со која се опфатени производителите на храна и велат дека од неа најголем бенефит ќе имаат граѓаните. Но, сепак, како што објаснуваат, цената […]

Од 1 декември посебна мерка за помош на производителите на леб, масло и други основни прехранбени производи


Министерот за економија Крешник Бектеши денеска соопшти дека веќе е подготвена мерка за производителите на основните прехранбени производи, а нејзината операционализација треба да почне од 1 декември. Како што истакна Бектеши, одговорајќи на прес-конференција во Владата, во соработка со Министерството за финансии се креираат мерки и за малите компании кои се на слободниот пазар. -Со […]

Лебот ќе поскапи, најавуваат мелничарите


  До крајот на ноември цената на лебот, брашното и печивата ќе се зголеми за најмалку 10 проценти, најавуваат мелничарите. Причини за поскапувањето, велат, се скапата струја и растот на берзанските цени на пченицата. Мелничарите бараат субвенции за електричната енергија или да бидат додадени на регулираниот пазар зашто само така би се смирила ситуацијата и […]

Во ЕУ за една година лебот поскапе 18 отсто, најмногу во Унгарија, дури 66 отсто


  Од август 2021 до истиот месец годинава цената на лебот во Европска Унија забележа раст во просек од 18 проценти, се наведува во денешниот извештај на европската агенција за статистика Евростат. За споредба цената на лебот во ЕУ во период од август 2020 до истиот месец во 2021 година се зголемила за три отсто. Се разбира, не сите земји-членки имаат слична […]

Ако државата не ни помогне, можно е населението да остане без леб, велат мелничарите


  По лавината реакции во јавноста околу поскапувањето на лебот, мелничарите велат дека и сегашната цена не е доволно висока доколку се земат предвид сите зголемени трошоци. Ако Владата не им помогне, предупредуваат дека е можно да дојде до целосно колабирање на дејноста и населението да остане без леб. Како што истакнува за МИА претседателот […]

Нема поевтин леб од 50 денари


`Ржаниот леб вчера достигна вртоглава цена од 93 денари, интегралниот од 84, а белиот на парчиња од 56 денари. Цените се нешто пониски во поголемите маркети, но речиси никаде веќе не може да се најде леб под 50 денари. За една година, за одредени типови на леб, цената скокна за 100 отсто и не застанува […]

Лебот, маслото за јадење и брашното се продаваат по набавни цени, измените за ДДВ и за акцизи пред пратениците


Лебот, маслото за јадење и брашното од вчера се продаваат по набавни цени, а за дел од основните прехранбени продукти се намалени маржите со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните и да се сочува нивниот животен стандард во екот на најголемата економска криза кога на светските берзи секојдневно расте цената на горивата. […]