Цените на лебот и пецивата да не се покачуваат до крајот на април: Состанок во Министерството за економија


Состојбата со цените на лебот и пецивата е под контрола и тие не се покачени во 99 % во државата, беше посочено денес во Министерството за економија каде што се одржа работен состанок на Групациите од мелничко пекарската индустрија на коморите и нивните членови (Стопанската комора, Сојузот на стопански комори на Македонија и Стопанска комора на […]

Енергетската криза удира кај што е најтенко – поскапуваат лебот и белите печива


  Три до пет денари – за толку се зголемува цената на лебот – основниот прехрранбен производ за најголемиот дел од македонската популација, за која новите цени ќе претставуваат значаен удар за животниот стандард. Иако во номинален износ поскапувањето не делува многу, тоа сепак е околу десет отсто во однос на досегашните цени кои се […]

Лебот нема да поскапи


Нема да се зголеми цената на лебот, рече денеска претседателот на ССК Горан Ѓорѓиевски. Како што истакна на прес-конференција, стабилна е цената на пченицата, а нема да има големи флуктуации ниту во однос на суровото сончогледово масло. Одговорајќи на новинарски прашања во врска со евентуалните нови владини мерки, Ѓорѓиевски нагласи дека бизнисот не е за […]

За пет години лебот поскапел 65 отсто, трети сме во Европа по зголемување на цената


Во Македонија во последните пет години лебот поскапел за 65 отсто, што е едно од наголемите поскапувања на овој производ меѓу европските земји. Како што покажуваат податоците на Евростат тоа е третото најголемо поскапување на лебот во изминатите пет години. Поголеми поскапувања на лебот имало во Унгарија, каде лебот во тој период поскапел за 113 […]

Во Бугарија значајно поскапе лебот откако се врати ДДВ од 20 проценти


Во Бугарија се бележи значително зголемување на цените на лебот, откако од 1 јануари се врати ДДВ стапката од 20 проценти. – Еден од најчестите типови леб, кој до неодамна се доставуваше по цена од 1,35 лева, сега чини 1,62 лева – точно 20 отсто поскапување, изјави Марија Кабамитова, сопственичка на мала продавница во Пловдив, […]

Во Србија поскапува лебот од брашното Т-500


Владата на Србија денеска одлучи да биде зголемена цената на лебот од брашното Т-500 поради како што наведуваат поскапување на суровините. „Поскапувањето нема значително да влијае на стандардот на потрошувачите“, тврдат од српската Влада во соопштение. Во соопштението од Владата не е наведена која е максималната цена на лебот од брашно „Т-500“.

Малишиќ: Одредени компании го поскапеа лебот за 10 отсто, стабилизирање на цената со почеток на жетвата


Одредени компании го поскапеа лебот за 10 отсто, велат мелничарите. Тоа, според нив, е импликација на зголемените цени на пченицата на светските берзи и регионалните пазари во мај за исто толку проценти. Како што вели за МИА претседателот на Групацијата на мелничко-пекарската индустрија при Стопанската комора Горан Малишиќ, во наредниот период, со почетокот на жетвата, […]

Лебот нема да поскапи следните два месеца, компаниите се жалат на проблеми со ликвидноста и со одлив на кадри


Има промени во цените на житото на светските берзи, но засега, барем најмалку 1,5 до два месеца, цената на лебот и на останатите основни прехрабени производи во земјава нема да се промени, велат пекарите. Според нив, по месец-два повторно ќе се прави анализа со оглед на руско-украинскиот конфликт и турбуленциите на Блискиот Исток, како и […]

До 29 февруари продолжени замрзнатите цени


Владата одлучи ограничувањето на цените на основните прехрамбени производи да го продолжи до крајот на февруари. Според последната одлука, тоа требаше да заврши на крајот на овој месец.  Повеќе мерки донесе Владата синоќа на 222-та владина седница: Продолжено е ограничувањето на цените на основните прехранбени производи, вода и одредени видови пијалоци до 29 февруари; Утврдени […]

Мелничарите потврдија дека е шпекулација поскапувањето на лебот, вели Николовски


Мелничарите потврдија дека се шпекулации информациите во јавноста за наводното поскапување на лебот и дека нема основа за такво нешто кога е драстично намалена цената на суровината и кога се стабилизирани цените на електричната енергија. Излегоа со ист став како Министерството за финансии и Министерството за земјоделство. Ние ќе ја свикаме Потсекторската група уште еднаш […]

Лебот нема да поскапи, ова е само шпекулација, тврдат мелничарите


Цената на лебот во однос на брашното ќе нема никакви поместувања, освен ако драстично не поскапат енергенсите или електричната енергија како минатата година, тврдат мелничарите. Но, во таков случај, тие очекуваат Владата да реагира навремено и да ги изрегулира на соодветно ниво цените на енергенсите или струјата за да не се повтори, велат, проблемот од […]

Бесими повикува да не се шпекулира со поскапувањата, нема основа за зголемување на цената на лебот


 Во време на криза не треба шпекулативно да се зголемуваат цените. Владата е подготвена да разговара со мелничката индустрија и да реагира соодветно за да ги заштити граѓаните. Но, секој носи дел од одговорноста, рече денеска министерот за финансии Фатмир Бесими во врска со најавите во медиумите за поскапување на лебот. Според Бесими, најавите за […]

Шпанија одложува наплата на ДДВ за основните прехранбени производи


Шпанија нема да наплатува данок на додадена вредност (ДДВ) на основните прехранбени производи додека цените не бидат „посоодветни“, рече министерката за економија Надиа Калвино. На 1 јануари, владата ја суспендираше наплатата на 4 отсто ДДВ за основните прехранбени производи како – леб, сирење, млеко, овошје и зеленчук и житарки, бидејќи цените на храната силно ги […]

Владата го продолжи ограничувањето на трговската маржа до 30 јуни


Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука за изменување на Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки. Со Одлуката, се продолжува примената на веќе утврдени највисоки трговски маржи, од 30 април 2023 година, до 30 јуни 2023 година, за следниве стоки: •        за леб бел (сечен на парчина или цел), […]

Трговци ќе платат 15.600 евра оти не ја замрзнале цената на лебот


Претходната недела Државниот пазарен инспекторат има извршено 750 надзори во трговски објекти на територијата на цела Македонија. Со цел да се утврди дали трговските објекти ја почитуваат владината одлука за намалување на цената на лебот до 33 денари извршени се над 300 надзори и издадени се прекршочни платни налози во средности од 960.000 денари за […]

„Замрзнатиот“ леб на рафтовите повеќе го нема отколку што го има


  Денешната проверка во повеќе големи супермаркети покжа дека инспекторите ќе имаат полни раце работа да пропверат дали пекарниците навистина се придржуваат кон одлуката на Владата, што ја прифатија, 80 отсто од нивното производствода биде од бел и полубел леб. И тој да се продава за 33 денари. Во повеќето случаи, како што проверивме, белиот […]

Пекарите од утре ќе испорачуваат леб и по 33 денари, но правно ќе се пресметаат со Владата


Пекарската индустрија од утре ќе почне да испорачува бел и полубел леб од 33 денари, но ќе поведе и судска постапка за наплата на штетата што ја претрпува од владината одлука за замрзнувањето на цената на лебот. Како што изјави  претседателот на Групацијата на мелничко-пекарската индустрија Горан Малишиќ, компаниите максимално ги почитувале мерките за поддршка, а […]

Ред се редат битолчани за бел леб од 33 денари


  БИТОЛА – Битолчани стојат во редици за бел леб со цена под 33 денари. Во центарот на градот среде сообраќај се чека во редици, стрпливо, само да се дојде до векна бел леб по пристапна цена. Редиците се за бел леб од прилепска пекара, велат граѓаните и коментираат дека прилепчани ја спасуваат Битола, додека […]

Пекарите ќе го соопштат ставот по одлуката дека се обврзани да произведуваат и испорачуваат леб


Во текот на денов се очекува да биде соопштен ставот на пекарите по синоќешната Одлука за определување обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед, со која производителите на леб се обвзуваат да го произведуваат и да го ставаaт во промет лебот со замрзната […]

Како трката по субвенции доведе до криза со лебот


Владата им наложи на пекарите да продаваат леб по замрзната цена и да произведуваат најмалку 80 отсто бел и полубел леб во однос на количеството производено во декември лани. Ваквиот експресен потег беше очекуван, откако минатите два дена рафтовите за леб во повеќето продавници осамнаа празни, по радикалната реакција на компаниите од мелничко-пекарската индустрија да […]