УХМР: Најмногу дожд во Куманово, најмалку Тетово и Маврово


До 13 часот во невремето што зафати делови од Македонија најногу дожд наврна во Куманово – 20 литри на метар квадратен, во Скопје Петровец 16, Скопје З. Рид 11, Лазарополе 4  и помалку од 1 во Маврово и Тетово, соопшти УХМР. Оттаму информираат дека врнежите на Метеоролошката станица Зајчев Рид траеле само 25 минути и тоа […]

Општина Куманово не сака споменик за загинатите полицајци


„Советот на општина Куманово вчера донесе срамна и скандалозна одлука, одбивајќи поставување на спомен обележје на: Жарко Кузмановски, Ненад Серафимовски, Сашо Самојловски, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Исмед Османи, Љубиша Аранѓеловиќ и Горан Стојменовиќ, македонски бранители кои ги дадоа својот живот за нашата татковина“, реагираат денеска од ВМРО-ДПМНЕ. Во најголемата опозициска партија сметаат дека оваа одлука […]

Шеесетгодишен кумановец пишувал графити на спомен плочата на Тито во Куманово


Шеесетгодишниот кумановец М.З. сам се пријавил во кумановската полиција и информирал дека тој ги испишал графитите на спомен плочата на Јосип Броз Тито поставена на градскиот плоштад, соопшти денеска, СВР Куманово. Во соопштението на полицијата се наведува дека лицето се пријавило самоиницијативно, вчера, во 12 часот во полициската станица во Куманово. По целосното расчистување на […]

Кукаст крст за Тито во Куманово


Непознати сторители напишале погрдни графити на спомен плочата на поранешниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито на градскиот плоштад во Куманово. На плочата нацртан е кукаст крст, а на плочникот пред одбележјето испишани се погрдни графити. Настанот се случил ноќта спроти 25 мај. Поддржувачите на Тито вчера го одбележаа овој ден. Настанот го осуди и […]

Уништена урбана опрема во Куманово


Во Куманово е уништена урбана опрема на градскиот плоштад. Одеелението за односи со јавност во Куманово информира дека сеуништени канделабри и оти инспекциски служби на Општината веќе се на терен. – Несовесни граѓани продолжуваат со своето недолично однесување. На кого му пречи да биде осветлен и уреден градскиот плоштад кој е на сите и за […]

Три години по крвавиот пир во Диво Насеље, и натаму повеќе прашања отколку одговори


Алијансата за Албанците побара, од Владата одговорија дека конечно се исполнети условите за започнување на меѓународна експертиза за овој случај. Пред точно три години во Куманово се случи 48-часовна војна во која имаше голем број жртви и трауматизирани граѓани кои не знаеја што им се случува. На втори ноември минатата година 33 лица беа прогласени […]

Нови фасади и стари лузни во Диво насеље


  Куманово – Пред влезот на улицата „Перо Илиевски“ во кумановското Диво Насеље повеќе го нема згмечениот и опожарен автомобил што настрада при почетокот од крвавите случувања пред три години, како и транспарентот со имињата на загинатите терористи што се појави неколку месеци подоцна. Единствено изрешетаната куќа на првиот свиок сѐ уште стои како потсетник […]

Денеска се навршуваат три години од настаните во „Дива населба“


Денеска се навршуваат три година од оружената пресметка во кумановската „Дива населба“, која траеше два дена, при што животот го загубија осум припадници на Министерството за внатрешни работи,  додека четириесетина беа тешко повредени. Во престрелките животот го загубија Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ кои […]

Најмногу дожд наврнал во Скопје и Куманово


Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Куманово – 36 литри на метар квадратен и во Скопје -Петровец 34 литри на метар квадратен. Најмалку дожд наврнал во Берово, два литра на метар квадратен. По четири литри на метар квадратен наврнале во Штип, Струмица, Виница, Гевгелија, пет во Прилеп, шест во Ѓуриште, Тополчани, Демир Капија, […]

Во Куманово концерт на „Филип Стевановски бенд“ по повод Светскиот ден на џезот


По повод Светскиот ден на џезот, и десетгодишниот јубилеј, вечерва во Занаетчискиот Дом во Куманово, концерт ќе одржи „Филип Стевановски бенд“. Кумановската публика ќе има можност да слушне афирмирање на авторска џез музика и етно џез музика со примеси на македонскиот фолклор и неговиот карактеристичен ритам, македонските евергрини, во сопствен аранжман. – Првиот дел ќе […]

Куманово ќе добие ново јавно претпријатие „Куманово План“


Куманово ќе добие уште едно јавно претпријатие „Куманово План”, одлучија советниците на денешната седница на која беа разгледани 50. точки на дневниот ред. Претседателот на Советот на општина Куманово, Атина Мургашанска информираше дека претпријатието се формира на иницијатива на градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски, а ќе се занимава со планирање, проектирање и изработка на […]

Кумановка изработува уметнoст од лушпи од јајца


Трпеливост, мирна рака и инспирација, која доаѓа од убавината на цвеќето се потребни да се создаде уметничко дело од кревките лушпи од јајца кои ги изработува 60-годишната кумановка, Кубица Спасиќ, инаку негувателка во градинката „Ангел Шајче“. Нејзините креации се познати не само во градот, туку и пошироко во Македонија, пишува МИА. Изработката на овие невообичаени […]

Наим Реџепи од Куманово е убиен во вооружена престрелка во Мала Речица


Наим Реџепи од Куманово е убиен во вооружена престрелка помеѓу две групи пред седиштето на ДУИ во Мала Речица. која се случи околу 18 часот и дваесет минути во тетовска Мала Речица, во близина на седиштето на ДУИ. Неофицијално, сите учесници во денешната престрелка во тетовска Мала Речица, на околу 200 метри од седиште на ДУИ, се […]

Градоначалникот на Куманово ќе подига споменик на фирмата што носела кумановци во Авганистан


Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски планира да подигне споменик на американската компанија „Келог, Браун и Рут“ (КБР), затоа што дала најголем придонес за развој на градот и последната деценија на кумановци кои работеа во Ирак и Авганистан им исплатила над 1 милијарда евра. – Општината нема поголем партнер од таа компанија. Сметам дека во предвечерието […]

РФМ го казни Куманово со 100.000 денари и суспензии на ракометари


Дисциплинската комисија на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ги изрече казните за инцидентот поради кој беше прекинат натпреварот меѓу Куманово и Спартак од 16. коло на Првата лига. Натпреварот не се доигра, бидејќи пред самиот крај на сребата судиите беа нападнати од страна на домашните ракометари. Ракометарот Виктор Петковиќ, како иницијатор на инцидентот, доби двегодишна […]

Изложба со дела од современи хрватски автори во Куманово


Во изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово вечерва во 19:30 часот ќе биде отворена изложбата на дела од 23 современи ликовни уметници од Хрватска насловена – Ликовен круг „Похижек“. Изложбата се реализира во организација и соработка на Домот на култура „Кочо Рацин “ од Скопје, Заедницата на Хрватите на Р. […]

Пожарникари во Куманово спасија дете


Тимот на противпожарна единица од Куманово, предводен од командирот на смена Видан Трајковски денеска спаси дванаесетгодишно дете кое се обидело да се спушти од балконот од зградата во која што живеело во Куманово. Случајот во кумановската противпожарна единица го пријавил сосед на детето, кој забележал како тоа се обидува да се спушти од својот на […]

(ВИДЕО) Бобан Илиќ им покажа „среден прст“ на семејството на Алмир


По завршните зборови за случајот во кој беше прегазен малиот Алмир и кој им подлегна на повредите, обвинителството го преквалификува обвинението против Бобан Илиќ од „убиство“ во кривично дело „тешко дело против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Судот го укина притворот на првообвинетиот Илиќ поради надминување на законски предвидениот период од поднесување на […]

Жена потешко повредена во пожар во куќа во Куманово


Една жена е потешко повредена во пожар што избувнал синоќа во куќа во Куманово. Жената поради сериозноста на повредите е пренесена во Клиничкиот центар Мајка Тереза во Скопје. Во пожарот целосно изгорело приземјето на куќата. Од МВР информираат дека пожарот избувнал синоќа околу 23:20 часот во Куманово на улица „Сава Ковачевиќ“ во куќа сопственост на […]

Во сообраќајка во Куманово повредено седумгодишно дете


Седумгодишно дете е повредено синоќа во сообраќајна несреќа во Куманово кога автомобил мерцедес удрил во него. Како што соопшти МВР, сообраќајката се случила околу 18,40 часот на улица „Доне Божинов“, кога кумановецот С.Д.(30), управувајќи патничко моторно возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки удрил во седумгодишното дете, пешак, исто така, од Куманово. По незгодата, детето со […]