Силен ветер и дожд во Куманово


Силно невреме проследено со интензивен дожд, ветер и ситен град попладнево предизвика штети на повеќе локации во Куманово, при што се урнати дрвја и делови од лимени конструкции, а надлежните служби интервенираат на терен. Според првичните информации на Регионалниот центар за управување со кризи Куманово, ветерот турнал неколку дрвја на различни локации во Куманово, меѓу […]

„Куманово Гас“ ќе ја приклучи спортската сала, планирани нови приклучоци за институции


ЈП „Куманово Гас“ годинава ќе продолжи со приклучување на нови корисници и со проширување на дистрибутивната гасоводна мрежа. До крајот на јули годинава, се очекува да биде реализиран приклучокот на спортската сала, а до почетокот на новата грејна сезона природен гас треба да добијат и Здравствениот дом, две основни училишта и објект на градинката „Ангел […]

Алиу го пушти во употреба реконструираниот Здравствен дом во Куманово, инвестирани 6 милиони денари


Министерот за здравство, Азир Алиу, утрово, го посети реконструираниот објект на Здравствен дом Куманово во населбата „Тоде Мендов”, каде што е извршена целосна реконструкција на приземјето на објектот со вкупна површина од 250 квадратни метри. Објектот има значајна улога во системот на превентивна здравствена заштита и служи како центар за спроведување на училишна вакцинација за […]

Амбасадорката Дрекслер го посети новиот логистички центар на Lidl во Куманово – пример за современа германска инвестиција и одржлив развој


Амбасадорката на Сојузна Република Германија во Северна Македонија, Н.Е. Петра Дрекслер, го посети новиот логистички центар на Lidl во Куманово, една од најголемите и најсовремени инвестиции од ваков тип во земјата и регионот, во вредност од 115 милиони евра. За време на посетата, амбасадорката се запозна со капацитетите на објектот, одржливите стандарди и практики применети […]

Трите деца пронајдени на улица во бесознание прегледани во болница, случајот го следи Центарот за социјални работи – Куманово


Трите малолетни  деца кои вчера беа пронајдени во бессознание биле донесени во Општа болница Куманово каде и биле прегледани од педијатар и од интернист.  Во болницата ги донела екипа на Итната медицинска помош во придружба на полициски службеник, откако биле пронајдени вчера на улицата „Професор Мијалковиќ“ во Куманово. Од болницата информираат дека при приемот децата […]

Утрово повторно имаше пожарот на депонијата „Краста“ во Кумановско, состојбата се санира


Изутрината, повторно имаше пожар на депонијата „Краста“, лоцирана на локалниот пат Куманово-Пчиња. Како што соопшти градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски, во моментов состојбата на депонијата е стабилна и активно се работи на нејзино санирање. – Во раните утрински часови повторно е дојдено до самоопожарување на јужната страна од депонијата поради ефектот на подземните гасови […]

Единаесет години од „Диво насеље“- Куманово се сеќава на загинатите херои


Денеска се навршуваат единаесет години од вооружената престрелка во кумановско „Диво насеље“. На 9 и 10 мај 2015 загинаа осум припадници на безбедносните сили. Во 28-часовните престрелки, животот го загубија припадниците на безбедносните сили – Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ, кои посмртно се […]

Само 4 деца Роми пријавени за субвенционирана градинка во Куманово


Само четири деца од ромска националност во 2025 година биле пријавени за користење на мерката за ослободување од плаќање партиципација за градинка, информираа надлежните на седница на Советот на Општина Куманово, во рамки на разгледувањето на програмата за социјална заштита. Претседателката на Советот, Ивана Ѓорѓиевска, побара појаснување од надлежните служби зошто мерката е слабо искористена, […]

Пожар на депонијата „Краста“ во Куманово


Екипите на „Чистота и зеленило“ со механизација и денеска се на терен на депонијата Краста на пожарот кој избувна вчера околу 20 часот. Пожарот бил забележан стражарската служба. Од претпријатието велат дека денеска се работи со механизација. – Работат машини и камиони, се носи земја и се врши покривање на местата зафатени со пожарот. Во […]

Нови протести пред УЈП во Куманово, три месеци чекаат одговор за оданочувањето на приходите од Авганистан и Ирак


Кумановци кои работеа во Ирак и Авганистан, денеска повторно протестираа пред зградата на Управата за јавни приходи, уште еднаш потенцирајќи дека бараат правда, еднаква за сите. Неодамна формираа и граѓанското здружение „Правда за сите“, формирано како реакција за, како што велат, неправедните даночни решенија за оние кои работеле во странство во американски компании во базите […]

Кумановци можат да аплицираат за субвенции за гасификација


Кумановци можат да аплицираат за субвенции за гасификација во 2026 на јавниот оглас што го објави Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини соопштија на денешната прес-конференција надлежните од ЈП „Куманово-Гас“. Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните за приклучок на дистрибутивна гасоводна мрежа или за набавка на гасен котел е објавен пред неколку дена, а […]

Дождовни градини во Куманово за почист воздух


Министерот за локална самоуправа Златко Перински, градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски и директорот на Центар за развој на североисточен плански регион Младен Протиќ денеска извршија увид на ИПА проектот „Урбано зеленило за здраво дишење“, од Програмата Interreg (VI-A) ИПА Бугарија – Македонија по приоритет 1 „Позелен пограничен регион“ во средното училиште „Перо Наков“. Во […]

Кумановка може да остане без својот дом, бидејќи Општината ќе ја урива напуштената куќа која е лепенка со нејзината


Кумановка стравува дека ќе остане без својот дом поради уривање на објект кој е лепенка со нејзината куќа на улицата Моша Пијаде во Куманово, пишува KumanovoNews. Станува збор за стара турска куќа, поделена на три дела, во која еден дел е напуштен и претставува опасност за околината, па Општина Куманово започнала постапка за негово отстранување. […]

Приведени четворица кумановци, нападнале вработен во фудбалски клуб


Полицијата приведе четворица кумановци кои на фудбалски натпревар нападнале вработен во фудбалски клуб, соопшти денеска СВР Куманово. – Вчера полициските службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода Л.Б. (23), М.Р. (22), А.С. (19) и К.К. (23) сите од Куманово, затоа што на стадион во село Доброшане, кумановско, на фудбалски натпревар помеѓу клубовите „Башкими“ и […]

Кумановец го истепал и избркал од дома малолетниот син – кривично ќе одговара


Кривично ќе се гони кумановец за физички напад врз малолетниот син кој подоцна го избркал од дома.  СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ч.С.(49) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“. На 29.12.2025 во Куманово, пријавениот физички го нападнал неговиот малолетен син и го избркал од […]

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан протестираа пред зградата на Општината


Кумановци кои работеа за американските компании во Ирак и Авганистан, денеска протестираа пред зградата на општина Куманово. Тие уште еднаш побараа нивното прашање за данок на плата да се разгледа на советот на општината, бидејќи на последната седница градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски ги информираше советниците за посредувањето за средба помеѓу групата кумановци и надлежните […]

Куманово објави повик за субвенции за сметки за вода и ѓубре, наменет за ранливите категории граѓани


Општина Куманово денеска распиша јавен повик за субвенционирање на трошоците за комунални услуги, насочен кон социјално ранливи категории граѓани. Мерката, како што соопштија од секторот за социјална заштита, има за цел ублажување на финансискиот притисок врз домаќинствата со ниски приходи и зголемена социјална ранливост. Субвенциите може да ги користат стечајни работници кои останале без право […]

Кумановци ќе користат субвенциониран градски превоз до средината на наредната година


Општина Куманово одвои 45 милиони денари за 25 линии, вклучително и превозот кон Старо Нагоричане за кој одвоени четири милиони денари. Советниците ја изгласаа одлуката со која се овозможува бесплатен јавен градски превоз наредните шест месеци, заклучно со 30 јуни, наредната година. Општина Куманово ја донесе во услови на економска и енергетска криза и целта […]

Кумановци кои работеа во Ирак и Авганистан на протести поради барањата на УЈП за данок во 2020


  Граѓаните кои со години работеа во американски фирми во Ирак и Авганистан денеска мирно протестираа на малиот градски плоштад во Куманово и побараа Управата за јавни приходи (УЈП)  да ги ревидира известувањата за плаќањата за персонален данок на доход за период од 2020 година, наваму. Граѓаните на почетокот на протестот јасно укажаа дека ниту […]

Кумановци до крај на годината ќе ја користат мерката бесплатен превоз


Кумановци ќе се возат бесплатно до крајот на годинава, одлучија советниците на последната седница. Мерката субвенциониран превоз кој опфаќа 26 линии ќе продолжи до крајот на декември 2025 година. -Методологија за пресметка е 50 денари по изминат километар, секоја линија има возен ред, има број на поаѓања, секоја линија има утврдено точна километража така што […]