Поскапува водата во Куманово


Кумановци ќе плаќаат поскапа вода, одлучи денеска мнозинството во Советот на општината. Како што објасни директорот на Јавното претпријатие „Водовод“, Оливер Стојмановски, обврската за зголемување на водата е донесена согласно предложените тарифи на регулаторна комисија за енергетика и е законска обврска на претпријатието. Зголемувањето за тековната е 24 проценти или 12, 5 денари. Зголемувањето на […]

Куманово ја чека потврдата за исправност на водата за пиење од Агенцијата за храна и ветеринарство


Агенцијата за храна и ветеринарство во текот на утрешниот ден треба да достави информација за безбедноста на водата за Куманово, соопштија денеска од Јавното претпријатие „Водовод“ и Центарот за јавно здравје Куманово. Оттаму велат дека дотогаш водата треба да се користи како техничка и не е за пиење. Институциите очекуваат утре да ја имаат информацијата […]

Се гради нова гимназија во Куманово за 1.200 ученици


 Над 300 милиони денари ќе чини изградбата на објектот наменет за кумановската гимназија „Сами Фрашери“ соопштија денеска од Министерството за образование и наука. Оттаму информираат дека објектот ќе има четири нивоа и ќе зафаќа површина од 7.400 метри квадратни. – Во тек се активности за изградба на новиот објект на гимназијата „Сами Фрашери“ во Куманово. […]

Куманово има техничка вода, Центарот за јавно здравје ќе потврди кога ќе биде за пиење


Над 80 проценти од Куманово има вода во домаќинствата, соопштија денеска надлежните од јавното претпријатие „Водовод“. Во наредниот период се очекува целосно стабилизирање на водоснабдувањето. Во моментов без вода се повисоките делови од градот, граѓаните од „Народна Револуција“, од „Франц Розман“, „Бајрам Шабани“, граѓаните од делот во близина на градските гробишта. Кај граѓаните од централното […]

Три лаборатории ќе ја испитуваат водата за пиење во Куманово, поголем процент од градот нема вода за пиење


Поголем дел од Куманово, 60 до 70 проценти, немаат вода за пиење, соопштија денеска надлежните од Јавното претпријатие „Водовод“. Надлежните од претпријатието на денешната прес-конференција по завршување на општинскиот кризен штаб посочија дека ќе се преземат сите мерки за надминување на состојбата, но дека за безбедноста на водата ќе ги почекаат резултатите од Центарот за […]

Сопрена водата во Куманово по невремето, апел да не се пие каде што ја има


Граѓаните на Куманово се повикуваат да не ја пијат и да не ја користат водата од водоводот, по синоќешното невреме. ж Како што соопшти ЦУК, вода нема во повеќе делови од градот а таму каде што ја има се апелира да не се користи. „Аларм до граѓаните на Куманово за да не се користи водата […]

Интензивни врнежи од дожд и град го зафатија кумановско


Интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер попладнево го зафати поширокиот кумановски регион. Во неколку села во општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане имаше појава на град. Од Регионалниот центар за управување со кризи – Куманово информираат дека е пријавена штета на кров од викендица во Младо Нагоричане и уништени се родни дрвца, во липковско има […]

Расте интересот за вакцинација од појавата на првиот случај на пертусис во Куманово


Зголемен е интересот за вакцинација по појавата на првиот случајот на пертусис. Од крајот на јануари досега вакцинирани се над 1.700 предучилишни дечиња и 915 деца на училишна возраст, соопштија денеска надлежните од вакциналниот пункт од Здравствен дом Куманово. -Имаше голем број невакцинирани деца дали со втора, трета доза, дали со ревакцина, ние тука постигнавме […]

Прогласена епидемија на пертусис во Куманово


Центарот за јавно здравје Куманово прогласи епидемија на пертусис на ниво на Куманово, соопштија денеска надлежните од јавната здравствена установа. Епидемиологот доктор Едита Размизи кажа дека од 26 пријавени на ниво на Центарот, 23 заболени се во Куманово. – Земајќи го предвид зголемениот број на заболени од „голема кашлица“ епидемиолошка поврзаност сметаме дека треба да […]

Голем интерес за вакцинација со ДиТеПер во Здравствен дом Куманово


Над 60 деца денеска се вакцинирани со ДиТеПер вакцина во вакциналниот пункт на здравствен дом Куманово, соопштија лекарите. Поголем дел од нив се деца на предучилишна возраст кои примаат ревакцина. Моментално имаме многу метеж за вакцинација за пертусис кај нас во Куманово. Се зголеми бројот, ги повикуваме, но и родителите сами доаѓаат бидејќи во градинка […]

Два нови случаи на пертусис во Куманово


 Четириесетгодишен жител на Крива Паланка и петгодишно дете од Куманово се новорегистрирани заболени од пертусис во Центарот за јавно здравје Куманово, информираа денеска надлежните од установата. Возрасниот пациент е регистриран на 23-ти февруари, додека петгодишното дете е пријавено на 16-ти февруари годинава. – Потврден е во Институт за јавно здравје, не е хоспитализиран, на домашно […]

Куманово ќе субвенционира 15.000 денари за приклучок на гас


Општина Куманово денеска објави повик за надоместување на дел од трошоците за приклучок на гасификациската мрежа за годинава. – Општина Куманово, со цел да ги стимулира граѓаните за користење гас за затоплување на своите домови, кои минимално ги загадуваат воздухот и почвата и не влијаат врз климатските промени, ќе им обезбеди поврат на дел од […]

Намален бројот на чевларски компании во Куманово


 Намален е бројот на фирми од чевларската индустрија во Куманово. Ако пред пандемијата во градот функционираа над 60-тина мали и средни претпријатија, сега бројката на фирми од овој сектор е намалена на околу 15. – Тешко се опоравуваме од негативните последици на кризите – пандемската, енергетската, а сега и војната во Европа и на Блискиот […]

Бесплатен превоз за кумановци до средината на јуни идната година


Кумановци ќе се возат бесплатно уште шест месеци до средината на јуни, идната година, одлучи мнозинството советници на последната седница на општината. Од општинскиот буџет за оваа намена одвоени се 30 милиони денари или над 486.200.31 евра, скоро половина милион евра. Предлогот пред советниците го образложи помошникот раководител Момчило Јовановски кој кажа дека се воведуваат […]

Деведесет кумановци ќе користат субвенција за приклучок на гас од Министерството за економија


Деведесет кумановци се пријавиле и ќе користат субвенции од Министерството за економија за изработка на проектна документација и/или приклучок на гас, соопштија денеска од јавното претпријатие „Куманово-Гас“. Од претпријатието делумно се задоволни од одзивот. – Релативно сме задоволни. Очекуваме повеќе пријавени бидејќи оваа понуда прв пат ја имаше. Огласот траеше десет месеци и кумановци имаа […]

Патишта и проекти за развој на туризмот се реализираа во општините од североисточниот регион


Бројни проекти за изградба на патишта во помалку развиените општини како и проекти од туризмот се реализираа тековната 2023-та во североисточниот регион, информираа денеска од Центарот за развој на североисточниот плански регион (СИПР) Куманово. – Од две апликации, финансирани и одобрени од Бирото за рамномерен регионален развој реализирани се повеќе патни правци. Во Крива Паланка […]

„Денови на мед“ во Куманово


Мед, матичен млеч, прополис, мелеми и други пчелни производи се нудат на кумановци на манифестацијата „Денови на мед“, која денеска беше отворена на градскиот плоштад. Манифестацијата, која се организира по 23-ти пат ја организира здружението „Пчела“. Оваа година има 27 пчелари излагачи. – Оваа година имаме најголем број изложувачи, добивме поддршка од локалната власт. Наша […]

Општа болница Куманово набави три нови апарати, ќе се набавуваат и други


Општата болница Куманово набави три нови апарати за поефикасна и подобра здравствена заштита за пациентите од градот и соседните општини, информираа денеска надлежните. Апаратите ги набави претходниот менаџерски тим на болницата и се наменети за потребите на офталмолошкото и гинеколошкото одделение како и апарат за анестезиолозите. Новиот видео ларингоскоп за Анестезиолошкиот оддел е наменет за […]

Куманово ќе поддржи советувалиште за жртви од семејно насилство


Општина Куманово ќе одвои средства за да го поддржи советувалиштето за жртви на семејно насилство, одлучија советниците на последната седница. Како што информираа надлежните од Комисијата за еднакви можности за мажи и жени ќе се одвојат 711.000 денари за двегодишна поддршка на акцискиот план за рамноправност на жените и мажите. Од тие средства 60.000 се […]

Заврши увидот во кумановскиот суд, вештачењата ќе ги покажат причините за настанување на пожарот


Обвинителство од Скопје го работи предметот за опожарувањето на подрумските простории на кумановскиот суд. Претпладнево почна увидот кој го спроведува обвинител од Скопје како и увидна екипа од СВР Куманово заедно со кримтехника од Скопје, вешто лице електроинженер и инспектор за пожари. На увидот присуствуваа и шефицата од кумановското обвинителство како и дежурен обвинител од […]