Независниот кандидат за градоначалник, Горан Стојковски-Диро ја бара поддршката за функционално и уредено Куманово


Независниот кандидат за градоначалник, Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци, оние кои веруваат дека градот може поинаку, кои сакаат Куманово да го видат како развиен, кои бараат подобри услови за живот. На денешната прес-конференција, независниот кандидат негираше каква било поврзаност со кој било и кажа дека зад него не стои „урбана мафија“. […]

МВР со детали за пукањето во Куманово


Едно лице е повредено попладнево на улицата зад зградата на општина Куманово, откако врз него било пукано од возило во движење. МВР соопшти дека повредениот е З.Ш.(43) од село Слупчане, општина Липково и дека е пренесен во кумановската болница. – Денеска во 13.54 часот во СВР Куманово е пријавено дека на крстосница од ул.„Димитрије Туцовиќ“ со […]

Во Куманово два меѓународни саеми: „Органска трпеза“ и „Агро-Мак“


 Почнаа меѓународните саеми, осмиот на органски и традиционални производи „Органска трпеза“ и четвртиот меѓународен саем за земјоделство, технологии, храна и преработка „Агро-Мак“ пред спортско рекреативниот комплекс „Базени“ во Куманово. Бројни излагачи од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Црна Гора, Бугарија и Унгарија ги презентираа своите продукти пред кумановци. Организаторите, Здружението за развој на земјоделство […]

Владата ќе обезбеди 700.000 евра за реконструкцијата на најстариот спортски комплекс во Куманово „Соколана“


Владата ќе одвои 700.000 евра за реконструкција на кумановска „Соколана“, информираше денеска претседателот на Владата, Христијан Мицкоски кој заедно со градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, министри, пратеници го посети најстариот спортски комплекс во градот. Објектот ќе го задржи автентичниот изглед. – Сакам да изразам задоволство што сум еве денеска заедно со градоначалникот овде во Куманово, […]

Куманово со 12 милиони од унгарскиот кредит асфалтира улици, ќе гради градинка и мост


 За Куманово од централниот буџет одвоени се околу 12 милиони евра, соопшти денеска претседателот на Владата, Христијан Мицкоски кој заедно со министри, пратеници и со градоначалникот на Куманово, ја посети „Соколана“. – Од централниот буџет, мислам дека се финансирани проекти во вкупна вредност од 11 до 12 милиони евра овде во Куманово. Мислам дека е […]

Измамена кумановка за над 3,2 милиони денари за купување стан


 Шеесет и едногодишна кумановка пријавила во полицијата дека била измамена за над 3, 2 милиони денари за купување стан со гаража во кој требала да се всели пред пет години, но од извршител дознала дека доверител на станот е банка во стечај, соопшти денеска полицијата. – Вчера во 11:00 часот во СВР Куманово, 61 – […]

Вјоса Османи за антиалбанските скандирања: Косово ќе го брани достоинството на Албанците, каде и да живеат


Косовската претседателка Вјоса Османи и пратениците од партиите што беа во опозиција минатиот мандат остро реагираа на антиалбанските скандирања за време на кошаркарскиот натпревар меѓу Северна Македонија и Романија, што се одржа во Куманово на 2 август. Османи изјави дека антиалбанските скандирања што се слушаат во Куманово се неприфатливи и „го нарушуваат духот на соживотот […]

Скандирањето ја засени кошарката – остри реакции по натпреварот во Куманово


Она што требаше да биде обичен меѓународен кошаркарски натпревар се претвори во скандал кој доби и политичка димензија, а удира и во најсветото во земјава – меѓуетничките односи. Особено што на натпреварот беа присутни и Премиерот Христијан Мицкоски, и други функционери од Владата. Недоличното скандирање наиде на осуда од организаторите, политичките партии, но дали до […]

Куманово склучи договори за 20 проекти, мостот кај Довезенце ќе почека


Куманово доби 815 милиони денари за 26 проекти, од вториот владини повик за инфраструктурно уредување. Општината склучи договори за 20 проекти, информираа од секторот за комунални дејности од Општина Куманово. За да се вметнат проектите во развојната програма на општината, советниците изгласаа измена и дополнување на развојната програма и ребаланс на буџетот за 2025 година. […]

Кумановец со автомобил удрил во двајца олимпијци од Исланд – учесници на ЕМОФ


Несреќа за време на младинските европски олимписки игри. Двајца малолетни велосипедисти од Исланд биле повредени вчера откако во нив удрило возило на патот Куманово – Свети Николе. – На 23.07.2025 во 12.09 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, атар на село Зубовце, кумановско, патничко возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски […]

Опожарени два дома во Куманово, граѓаните реагираат на секојдневно палење смет


Два семејни дома биле опожарени вчера во Куманово, соопшти денеска регионалниот центар за управување со кризи. Пожарникарите гаселе пожар на запалена кровна конструкција во село Пчиња до 15 часот со една екипа. Во попладневните часови била опожарена куќа во центарот на Куманово на улицата „Пионерска“. На пожарот интервенирале две екипи со шестмина пожарникари. ТППЕ Куманово […]

Пожар во отпад за пластика и гуми, црн облак од дим го покри Куманово


Гори отпад за стари автомобили, гуми и пластика, кој се наоѓа на ул. „Индустриска“ во Куманово, јавува Kumanovonews. Од Противпожарната единица Куманово, за Кумановоњуз кажаа дека отпадот се запалил околу 18 часот, и нивни екипи од цела смена, со три противпожарни возила и десетина пожарникари се на терен. Местото го обезбедуваат и полициски службеници од […]

Контроли во угостителски објекти во Куманово, изречени десет глоби


Полицијата и Државниот пазарен и инспекторатот за труд извршија контрола во кумановски угостителски објекти, изречени се седум глоби за правни и физички лица кои работеле спротивно од Законот за угостителство и три од Државниот инспекторат за труд, соопшти денеска Секторот за внатрешни работи Куманово. Контролата била спроведена претходната ноќ меѓу 20 до 4 часот на […]

Зголемен број на пациенти на инфективно одделение во Куманово


Зголемен е бројот на пациенти кои бараат помош за гастроинтестинални тегоби во кумановската општа болница, информираа денеска од инфективното одделение. Последните денови е регистриран пораст на лица кои се јавуваат со симптоми како повраќање, дијареја, болки во стомакот и зголемена температура, симптоми карактеристични за овие инфекции. -Со повисоките надворешните температури се јавуваат и зголемен број […]

Маскенбалот „Батко Ѓорѓија“ по 21 пат на градски плоштад во Куманово


По 21 пат, утре со почеток во 10: 00 часот на градскиот плоштад во Куманово ќе се одржи овогодишното издание на маскенбалот „Батко Ѓорѓија“, информираа денеска Фондацијата за култура и спорт „Куманово“. Манифестацијата се одржува под покровителство на градоначалникот и Советот на Општина Куманово. Настанот повеќе од две децении го привлекува вниманието на граѓаните. – […]

Куманово ги замени азбестните покриви на училиштата – остануваат уште шест


Речиси и да нема училиште во Куманово, каде што не се заменети азбестните покриви, соопштија денеска надлежните од секторот за образование од општина Куманово. Од вкупно 49 објекти на основните и средните училишта, само во шест помошни објекти има сè уште азбестни покриви. Водоводната мрежа изградена во педесетите години од претходнито век е со азбестни […]

Полицијата го пронајде шестгодишното девојче од Куманово


Полицијата го пронајде шестгодишното девојче од Куманово откако нејзината мајка попладнево пријавила дека се оддалечила од домот, информираше СВР Куманово. Детето било пронајдено на подрачјето на Гази Баба. – Денеска во 15: 00 часот во СВР Куманово С.Т. (28) од Куманово пријавила дека нејзината 6 годишна ќерка се оддалечила од домот. Девојчето било пронајдено на […]

ОЈО Куманово оформи предмет за загадувањето на Крива Река


Основното јавно обвинителство Куманово денеска информираше дека веќе е оформен предмет за Крива Река и наводите на општината дека е загадена по хаваријата во рудникот Тораница. Сепак, од обвинителството информираат дека кај нив пријава сè уште не е пристигната од општината. – Досега кривична пријава од општината Крива Паланка не е пристигната, меѓутоа обвинителството веќе […]

Училиштата во Куманово ги исполнуваат основните услови за безбедност


 Вонредниот инспекциски надзор извршен во училиштата во Куманово по трагедијата во Кочани, покажал дека училиштата ги исполнуваат пропишаните услови согласно, Законот за заштита и спасување. И претходно се вршеле контроли низ училишните објекти. Во општината има 21 правен субјект и вкупно 49 училишни објекти. -Направен е и вонреден инспекциски надзор и констатирано е дека основните […]

Во КПУ Затвор Куманово се наоѓаат 12 лица осомничени за трагичниот настан во Кочани


 Двајца поранешни градоначалници на Кочани се наоѓаат во казнено-поправната установа Затвор Куманово, информираа денеска надлежните од затворот. – Во моментот, во КПУ Затвор Куманово се наоѓаат дванаесет лица осомничени за трагичниот настан во Кочани. Помеѓу нив се и двајца поранешни градоначалници на Кочани, информираа од затворот. Вчера, ЈОРСМ информираше дека Основното јавно обвинителство Кочани донело […]