Анѓушев најавува индустриска зона во Куманово


Вицепремиерот Кочо Анѓушев денеска изјави дека Владата има интерес за вложување во индустриска зона во Куманово и оти би можело да се очекува нејзино отворање следната година, на одбележувањето на 500 години од основањето на градот. – За оваа година ќе гледаме да детерминираме некаде меѓу 90 и 100 милиони денари за подготовка на подземна […]

Анѓушев: Се очекува влез на полска инвестиција од автомобилската индустрија


Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев денеска потврди дека во рамки на посетата на Варшава оваа недела, разговарал со полската компанија која планира инвестиција во Македонија. Како што рече пред настанот по повод Европската недела на старт-апи, има и датум кога ќе почне градењето на новата фабрика, но тоа ќе го соопшти компанијата. – Имав […]

Анѓушев – Емилиевич: Соработка меѓу стопанските комори на Македонија и Полска


За поинтензивни економски односи меѓу Македонија и Полска, потребна е поголема соработка меѓу стопанските комори во двете земји, оценија денеска вицепремиерот Кочо Анѓушев и полската министерка за претприемништво и технологии Јaдвига Емилиевич на средбата во Варшава. Анѓушев и Емилиевич се согласија дека економската соработка се движи во нагорна линија и дека се зголемуваат увозот и […]

Анѓушев: Наскоро решение за Еурокомпозит


Владата во наредните пет до шест месеци квалитетно ќе го реши проблемот на вработентите во прилепскиот загубар Еурокомпозит, а во меѓувреме тие ќе ги земаат платите во месеците во кои ќе работат, порача денеска вицепремеирот за економски прашања Кочо Анѓушев. – Проблемот со Еурокомпозит се провлекува последните 15 години и не се создаде сега. Вработените […]

Владата преку еквити фондови ќе ги поддржува малите, микро и средни претпријатија


Преку три јавни повика со вкупно 645 милиони денари Владата ќе го поддржува иновативниот и претприемачки дух кај микро, малите и средни претпријатија.  Дополнително, првпат државата по примерот на Израел, ќе ги поддржи малите и средни претпријатија со што ќе стане нивни партнер и ќе учествува во нивната сопственост до 25 проценти. За оваа намена […]

Анѓушев на Самит на ЕБОР: Формирање на еден заеднички енергетски пазар е иднината на регионот


Енергетската иднина на земјите од регионот на Западен Балкан вицепремиерот Кочо Анѓушев ја гледа во создавање на еден заеднички енергетски пазар, без административни граници. – Доколку сакаме одржлив енергетски систем во регионот, верувам дека формирање на еден заеднички енергетски пазар, единствена регионална берза и воведување на универзален снабдувач за електрична енергија и гас е вистинско […]

Се основа клуб на експерти во Стопанска комора


Клуб на консултанти/експерти, кој ќе обединува експерти од повеќе различни области, вклучувајќи ги помеѓу останатото енергетиката, индустријата и инфраструктурата, ќе почне да функционира во Стопанската комора на Македонија. Активностите на новиот клуб ќе бидат презентирани денеска на работна средба во Стопанската комора, на која ќе присуствува вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев. Основањето на клубот […]

Анѓушев: Доколку нема јаглен во РЕК Битола се загрозува енергетскиот сектор во Македонија


Компанијата Пелистер е ангажирана да врши ископ на јаглен во РЕК Битола по откажувањето на Трансмет заради неисполнувањето на обврските за да се премости периодот до распишување на нов тендер со кој треба во транспарентна постапка да се избере изведувач, оцени денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и додаде дека тендерот е веќе распишан. […]

Анѓушев: Фени е на добар пат да се рестартира


Комбинатот Фени е на добар пат да се да се рестартира, изјави денеска вицепремиерот Кочо Анѓушев. Вчерашното решение на Одборот на доверители да поддржи две иницијативи за реструктуирање на комбинатот, потенцираше Анѓушев, значи дека не оди во ликвидација, туку во реструктуирање. – Планот за реструктуирање ќе покажа дали сите доверители ќе ги добијат побарувањата во […]

Анѓушев: Ќе треба време граѓаните да почувствуваат дека во Македонија се врати животот


Најдоброто нешто што го направи Владата во македонската економија е што успеа да ја извади од „виртуелниот свет“, порача вечерва вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев. – Граѓаните беа навикнати на телевизија цело време да гледаат дека се прават инвестиции, а претходната влада за седум години успеа да донесе 23 странски инвестиции за што се […]

Анѓушев: За еден споменик пензионерите би добиле надомест и пристоен живот


Воведувањето пензија за сите возрасни граѓани, според вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, нема да претставува големо оптоварување за буџетот, а ќе се реши проблем на голем број граѓани. –  Сведоци сме дека многу средства од Буџетот биле ненаменски трошени. Мислам дека со мал број средства или мала количина средства од Буџетот на РМ ќе […]

Анѓушев: Процесот на продажба на ЕДС е транспарентен


Вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев обвинувањата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека продажбата на неговата компанија ЕДС на Грчкото државно електростопанство е поврзано со преговорите за спорот со името ги оценува како неосновани и несериозни. Продажбата на компанијата, вели, е поврзана со бизнис логика. Грчкото електростопанство ја имало и најдобрата понуда и нудело најдобра перспектива […]

ЕДС: Со невистините ВМРО-ДПМНЕ нанесува штета, или да понуди докази или да се извини


Компанијата ЕДС ги повикува сите политички субјекти да се воздржат од какви било политички изјави за ЕДС како економски субјект и посочува дека како компанија ниту сака, ниту има намера да биде предмет на политички препукувања. Ова е реакцијата на компанијата ЕДС на вицепремиерот Кочо Анѓушев на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека разликата од реалната и […]

Грчкото електростопанство ја купува ЕДС на Кочо Анѓушев


Грчката државна компанија за производство на електрична енергија ППЦ (Паблик Пауер Корпорејшн) ја превзема ЕДС групацијата, дознава „Независен весник“. Според информациит веќе е потпишано писмото со намери за превземање на компанијата за трговија со струја. Компанијата ЕДС е во сопственост на вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, а според информациите ЕДС во пакет ги продава […]

Промовирана финалната верзија на Планот за економски раст


Премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Кочо Анѓушев денеска ја претставија финалната верзија на Планот за економски раст што е усвоена од Владата и во која се вградени сите забелешки и предлози од експертите и јавноста дадени на јавните дебати што се организраа во изминатите три месеци. Планот, составен од низа на мерки за поддршка на […]

Анѓушев: Прашањето за името треба да се реши, но да не се попушта за идентитетот


Прашањето со името треба да се реши. Северна, Горна или Нова Македонија, за тоа народот треба да си каже. За мене Северна, Горна и Нова е прифатливо, изјави вицепремиерот Кочо Анѓушев во саботното издание на емисијата „Стадион“ на Канал 77. Според него, решавањето на името е и внатрешно прашање и тоа се поврзува и со […]

Граѓаните зовреа од игрите за парното греење


Кој ќе поставува мерачи на радијаторите, колку ќе поскапи парното греење, треба ли постоечките корисници да стават калориметри или само новите, ќе треба ли исклучените од парно да ставаат мерачи? Ова се дел од дилемите во јавноста откако минатиот викенд Константин Димитров од МАЦЕФ, еден од креаторите на новиот закон за енергетика, објави дека сите […]

Кабинет на Анѓушев: Не е задолжително инсталирањето калориметри во објекти приклучени на мрежата


Не е задолжително поставувањето на мерни уреди (калориметри) во објекти кои се веќе приклучени на дистрибутивната мрежа, односно тоа е оставено на избор на самите потрошувачи и со самото тоа ќе нема никакви наметнати дополнителни трошоци за постојните корисници, велат од Кабинетот на вицепремиерот Кочо Анѓушев. Во врска со дилемите во јавноста за Предлог-законот за […]

Мерачи за парно ќе има, ама за нив нема да плаќаат граѓаните


Мерачи за парно ќе има, но за нив нема да плаќаат граѓаните, односно ќе се најдат финансиски средства за да бидат платени, тврди вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев. Новиот закон за енергетика предвидува граѓаните да плаќаат парно толку колку што потрошиле, а не според квадратура, за што секој корисник на централно греење ќе мора […]

Анѓушев: Со приклучување кон ТАБ се обезбедува конкурентност и сигурност во снабдувањето со гас


Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев смета дека Македонија треба да се приклучи на гасоводот ТАБ и со тоа да обезбеди снабдување од повеќе извори и конкурентни цени. – Македонија има интерес да се приклучи на ТАБ и да направи алтернатива во снабдувањето со гас, односно да се приклучи на алтернативни извори на гас кои […]