Долгорочната енергетска стратегија е услов за конкурентност


Секоја извозно ориентирана економија мора да има долгорочна енергетска стратегија. Настапот домашните компании на странските пазари и конкурентноста многу зависат од цената на продуктот, а енергијата игра голема улога во формирањето на цените на производите. Ова се дел од поентите од отворањето на меѓународната конференција „Енергетика 2018“, која вчера беше отворена во Охрид, во организација […]

Меркел ќе нѐ стави во петта брзина


Германија ја става Македонија на експресна патека кон ЕУ. Германската влада изразила подготвеност за поблиска економска соработка со Македонија, преку формирање на Управувачки комитет. Иако деталите ќе се знаат за два месеци, заменик претседателот на Владата за економски прашања Кочо Анѓушев вели дека комитетот ќе има задача прво да ги определи економските приоритети и потреби […]

Анѓушев очекува да се постигне проектираниот економски раст


Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев смета дека е возможно да се постигне проектираниот економски раст од 3,2 проценти. Во интервју за радио Слободна Европа Анѓушев вели дека по износот на БДП од 0,1 отсто во првиот квартал, во вториот квартал очекува подобри бројки кои се надева дека ќе ги потврди статистиката. – Очекувам дека […]

ВМРО-ДПМНЕ побара оставки од Анѓушев и Деспотовски


ВМРО-ДПМНЕ денеска побара оставки од вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев и од директорот на Фондот за иновации, Јован Деспотовски во врска со грантот доделен од Фондот во висина од 160.000 евра за „Каст Инвест“. Партискиот портпарол ја обвини владејачката партија за нелегални тендери и донации, во време кое како што рече, целата јавност е […]

Анѓушев: Решавањето на спорот за името има и економски бенефит


Нашите идни генерации треба да ги видат економските бенефити од договорот со Грција. Без разлика на трошоците што можеби ќе настанат од имплементацијата на овој договор, придобивките се многу големи, истакна денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев. Според него, прашањето за името е од сферата на надворешната политика, но е и економско зашто сите […]

Анѓушев и Тевдовски веруваат во раст од 3,2 отсто


Падот на градежништвото од 40 отсто во првиот квартал од годинава и вкупниот раст на БДП од 0,1 отсто во истиот период не ги обесхрабрува вицепремиерот Кочо Анѓушев и министерот за финансии Драган Тевдовски. Тие вчера изразија оптимизам дека македонската економија до крајот на годината ќе расте, и покрај обесхрабрувачките резултати од првиот квартал. Вицепремиерот […]

Потврдени уште две странски инвестиции во ТИРЗ Скопје 1


Потврдени се двете странски инвестици на „Балканлар пластик“ и „Зенит“, од вкупно 13 годинава, кои што неодамна ги најави вицепремиерот Кочо Анѓушев. Како што соопшти Владината прес-служба, министрите во Владата на денешната 71. седница донесоа одлука за определување на периодот на закуп на градежното земјиште во ТИРЗ Скопје 1 и за висината на закупнината со […]

Анѓушев: Со нови мерки извоз на текстилните фирми на светскиот пазар


Состојбите и проблемите  во текстилната и кожарската индустрија и мерките со кои може да се подобри бизнис климата, беа тема на разговорите на вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев со претседателката на Текстилниот кластер, Маријана Перковска и сопственичката на текстилната компанија „Албатрос“, Весна Миладинова . Според Анѓушев, во делот на текстилната и кожарската индустрија има […]

Холандска „Антура“ пушти втор производен капацитет во Кочани


тор производствен капацитет на Холандската компанија „Антура“ денеска пушти во употреба втор производствен капацитет во Кочани. Новоизиградениот објект е на површина од 15 илјади метри квадратни, опремен со најсовремена технологија и лабораторија, во кој ќе се произведува цвеќе од видот Phalaenopsis. За само четири години од доаѓањето во Македонија, оваа гринфилд инвестиција вредна 15 милиони […]

ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Заев и Анѓушев на чело на криминален клан


ВМРО-ДПМНЕ го обвинува премиерот Зоран Заев дека е на чело на криминален клан, кој откако ја преземал власта континуирано го зголемува своето богатство. „Зоран Заев потврди дека неговата фамилија, преку братучедот Трајче Заев, влезе во милионскиот бизнис со марихуана. Ова е второ големо проширување на бизнисите на Заеви, откако тој е премиер. По стапувањето на […]

Анѓушев: Немав намера да се заканувам


Вчера имав разговор со госпоѓата Тасева и немав намера да имам негативна дискусија ниту, пак, да се заканувам. Јас само ја прашав дали е во ред институција како Транспаренси Интернешенал и таа како нејзин претставник во Македонија да споменуваат имиња на личности без од нив да побараат мислење. Ги повикувам сите, вклучително и неа да […]

Анѓушев: Продажбата на ЕДС е добра и за компанијата и за вработените


Продажбата на компанијата ЕДС на грчката  национална компанија за производство на електрична енергија Public Power Corporation (ППЦ) е добар чекор за иднината на компанијата и на нејзините вработени, оцени денеска Кочо Анѓушев, досегашниот сопственик на ЕДС и вицепремиер за економски прашања. Транзицијата на сопственоста ќе трае дваесетина дена, по што Анѓушев објасни дека ќе плати […]

Анѓушев: Извештајот на ЕК реално ги отсликува состојбите во економијата


Извештајот на Европската комисија реално, прецизно и точно ги отсликува сите состојби во македонската економија, владиниот план за економски раст треба да помогне да се подобрат состојбите на кои се укажува, како сивата економија, а покрај на нејзино сузбивање мора да бидеме посветени и на иновативните процеси, оцени денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев. […]

Малите и средни компании зијан 100 милиони евра


Одложувањето на либерализацијата на пазарот на електрична енергија, што владата на ВМРО ДПМНЕ го направи во октомври 2014, неполни три месеци пред стартот, ги чини малите и средни претпријатија над 100 милиони евра. „Многу лесно може да ја направите пресметката. Тие сега плаќаат по 140-150 евра за мегават час електрична енергија, а доколку беа на […]

Анѓушев: Се анализираат придобивките од воведувањето повисок персонален данок


Во моментов во Владата се изработува анализа за да се види кои ќе бидат придобивките од воведувањето повисок персонален данок за лицата кои повеќе заработуваат, најави денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев. – Сметам дека треба да се направи математичка анализа и модел да се види кои ќе бидат придобивките од персоналниот данок што, […]

Остварлив економскиот раст од 3,2 отсто, смета Владата


Политиката да ги тргне рацете од бизнисот и да остави економските механизми да ги воспостават правилата, да владее правото за секој инвеститор да се чувствува сигурен, а државата да биде стабилна зашто капиталот е плашлив и сака да е заштитен, рече денеска вицепремиерот Кочо Анѓушев на форумот „Македонската економија меѓу визија и дилема“. Анѓушев потенцира […]

Малите економии мора да бидат конкуретни и отворени кон светот


Бизнисмените во малите држави како Македонија немаат голем избор. Мора да бидат отворени кон светот и да воведуваат нови технологии за да може да бидат конкурентни на светските пазари, сметаат претставниците од бизнис секторот кои денеска учествуваат на Самитот на мали земји што го организира Стопанската комора на Македонија. Според Мојмир Оцвирк од Словенија, најважно е […]

Мерките од Планот за економски раст претставени пред белгиските бизнисмени во Антверпен


Ве уверувам дека странските инвеститори се добредојдени во Република Македонија порача вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев на денешната тркалезна маса во Антверпен, Белгија организирана од Стопанската комора ВОКА (Voka – Kamer van Koophandel Antwerpen Waasland) каде ги презентира можностите за инвестирање во земјава пред двесетина претставници на белгиски компании. Вицепремиерот, кој е во дводневна […]

Огласот сега, помошта во текот на летото


Парите од програмата за економски раст на Владата ќе стигнат до бизнисмените дури на почетокот на летото. Според првичните проценки, државна помош ќе можат да добијат околу осум илјади домашни и странски компании, најави вчера вицепремиерот за економски прашање Кочо Анѓушев. Првиот оглас за третиот столб за мали и средни претпријатија се очекува да биде […]

Анѓушев: Програмата за економски раст ќе се имплементира со или без закон


Компаниите кои покажале резултати во 2017 година наскоро ќе може да аплицираат за државна помош согласно Програмата за еконоски раст и во текот на летово да ги добијат средствата, најави денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев. Првиот оглас за третиот столб за мали и средни претпријатија, нагласи, ќе биде објавен во текот на месецов […]