Косовската министерка за надворешни работи: Нова војна на Балканот би била добредојдена за Русија


Косовската министерка за надворешни работи Доника Гарвала-Шварц изјави дека Русија може да ги разгори тензиите на Балканот и да создаде нова војна за Западот да не се фокусира на Украина, пишува весникот „Коха диторе“, цитирајќи интервју од вчера за NatSecDaiy. Во интервјуто Гарвала предупреди дека територијалните амбиции на рускиот претседател Владимир Путин не запираат на […]

Пропадна иницијативата на ДПК за распуштање на Парламентот на Косово


Пропадна иницијативата на Демократската партија на Косово (ДПК) да се распушти собранието и во Косово да се одржат предвремени избори, најрано на почетокот на јули, бидејќи опозицискиот Демократски сојуз на Косово (ДСК) и Алијансата за иднината на Косово ( АБК) не ја поддржа таа иницијатива, изјави лидерот на ДПК Мемли Красниќи. Воедно, неодржувањето предвремени избори […]

Косовската полиција запленила 1,6 милиони евра и 74,7 милиони динари од Поштенската штедилница


Косовската полиција соопшти дека во вчерашната акција на северот на земјата, каде што беа затворени шест единици на финансиската институција „Банка поштенска штедилница“, се запленети „околу 1.600.000 евра, околу 74.700.000 динари, околу 19.500 франци, околу 13.800 американски долари, околу 40 австралиски долари“, јави дописникот на МИА од Приштина. Во врска со случајот, министерот за внатрешни […]

ВОА: Приемот на Косово во Советот на Европа не е на дневен ред на седницата на Комитетот на министри за надворешни работи


Приемот на Косово во Советот на Европа не е на дневен ред на седницата на Комитетот на министри за надворешни работи што се одржува следната недела, соопштија за Гласот на Америка во оваа меѓународна организација. „Во овој момент не можеме да утврдиме кога тоа би можело да се случи. Официјалните ставови во овој поглед се […]

Уапсени во Косово маж и жена, руски државјани, влегле од Србија без визи


Маж и жена со руски пасоши се приведени синоќа на граничниот премин Јариње меѓу Србија и Косово од страна на косовската полиција, поради сомневање дека претходно влегле во земјата преку нелегални патишта, јави дописникот на МИА од Приштина. Двете лица на преминот на косовска страна, при обидат да ја напуштат земјата, пристигнале синоќа околу 20 […]

Реакции во Косово по падот од 19 места на Индексот за слобода на медиумите на „Репортери без граници“: „Алармантен регрес“


Во Индексот за слободата на медиумите во светот во 2024 година, објавен од организацијата „Репортери без граници“ по повод Светскиот ден на слободата на медиумите, Косово се рангира на 75-то место, што е за 19 места полошо од 2023 година, кога беше рангирано на 56-то место, јави дописникот на МИА од Приштина. Во бројните реакции […]

Стано: Целта на ЕУ е да им помогне на Белград и Приштина да почнат да се однесуваат европски


Од досегашното искуство од работата на специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак, Унијата научи дека ако страните во еден спор не сакаат напредок, никој не може со сила да ги натера на тоа, изјави денеска портпаролот на Европската комисија за надворешни односи и одбранбена политика Петер Стано.  – Нашата улога како олеснувач […]

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово


Европскиот парламент денеска изгласа либерализација на визите за имателите на српски пасоши од Косово, кои ги издава Координативната администрација на Србија, на предлог на европратеникот и известувач за укинување на тие визи, Матјаж Немец. За безвижен режим за патување во ЕУ гласаа 406 од 597 европратеници  – до 90 дена за имателите на пасоши издадени […]

Денеска седница на Советот за безбедност на ОН за Косово


Во Њујорк денеска ќе се одржи седница на Советот за безбедност на Обединетите нации посветена на шестмесечниот извештај на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за работата на УНМИК, а Србија и Косово ќе ги претставуваат претседателите Александар Вучиќ и Вјоса Османи. Редовниот шестмесечен извештај за работата на Мисијата на ОН на Косово ќе го […]

Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово


Денешната, четврта рунда меѓу главните преговарачи на Косово и Србија, Бесник Бислими и Петар Петковиќ, со посредство на Европската унија, заврши без никаков договор за прашањето за српскиот динар, чија употреба беше забранета во Косово во февруари годинава, јавија приштинските медиуми. Бислими по состанокот, кој го водеше посредникот на ЕУ во дијалогот меѓу Приштина и […]

Хаџоли: Србија се одмаздува за гласањето во Стразбур, од полноќ повеќе од 300 Косовари блокирани на границата со Хрватска


Секретарот на Канцеларијата за врски на Косово во Белград, Фатмир Хаџоли објави дека Србија од полноќ држи повеќе од 300 граѓани на Косово блокирани на границата со Хрватска, јавија утрово медиумите во Приштина. Хаџоли на својата страница на Фејсбук пишува дека „во знак на одмазда и апсурдна нервоза“ поради синоќешното гласање во Парламентарното собрание на […]

Ден на жалост денеска во Косово по двете убиства на жени минатите неколку дена


Претседателката на Косово, Вјоса Османи го прогласи денешниот ден, 17 април, за ден на жалост во спомен на убиените жени и девојки во Косово како последица на родово засновано насилство, јави дописникот на МИА од Приштина. Според синоќешното соопштение од кабинетот на Османи, општеството треба да биде во жалост секој ден се додека има убиства […]

Во Косово денеска почнува пописот на населението, резултатите се очекуваат по три месеци


По повеќе од две години одлагање, во Косово денеска ќе започне пописот на населението, домаќинствата и становите/куќите, вклучително и на северот на земјата, населен со мнозинско српско население, во процес кој ќе трае шест недели, односно до 17 мај годинава, јави дописникот на МИА од Приштина. Во пописот ќе бидат ангажирани околу 3.500 попишувачи и […]

Косово станува придружна членка во Парламентарното собрание на НАТО


Пратеникот на владејачката партија во Косово, Движење самоопределување, Дритон Хисени соопшти дека статусот на Косово во Парламентарното собрание на НАТО е подигнат од членка-набљудувач на ниво на придружна членка, јави дописникот на МИА од Приштина. Хисени, кој е шеф на делегацијата на косовското Собрание во Парламентарното собрание на НАТО, преку објава на својата страница на […]

Земан: Косово беше и е терористичка држава


„Поранешниот претседател на Косово, Хашим Тачи, моментално стои пред Меѓународниот кривичен трибунал во Хаг за воени злосторства. Тој не е сам. Обвинети се цела низа водечки функционери на Косово. Јас велев дека Косово во принцип е терористичка држава. Тоа не го поткрепив само со драстични случаи како вадење органи, дури и од живи“, рече Земан […]

Вучевиќ: Во Косово се случува етничко чистење на Србите, опциите се дипломатија, војна или молк


Министерот за одбрана во технички мандат Милош Вучевиќ денеска изјави дека властите во Приштина континуирано вршат притисок врз Србите кои живеат во Косово и дека тоа е најголемиот безбедносен ризик за Србија. Вучевиќ за телевизија Пинк изјави дека „етничкото чистење на Србите се случува де факто“ на Косово, поради што Србија има опција „да се […]

Почна трансферот на затвореници од Велика Британија во Албанија


Почна префрлањето на затворениците, албански државјани, од британските затвори кои казната ќе ја доиздржувааат во албанските затвори. Првиот трансфериран затвореник водел криминална организација во Лондон, која се занимавала со шверц на кокаин вреден 150 милиони фунти, а судот во Лондон во 2017 година му изрекол казна затвор во траење од 17 години. Во моментов, над […]

Бислими ја одби поканата за средба со српската страна во Брисел во врска со забраната на динарот во Косово


Косовскиот вицепремиер и главен преговарач во диајлогот со Србија, Бесник Бислими изјави дека добил покана од Брисел за разговори во врска со новата регулатива на Централната банка на Косово, со која се предвидува единствена валута во Косово да биде еврото, но дека одбил да учествува, јави дописникот на МИА од Приштина. На вчерашната тркалезна маса […]

Девојче (4) почина во Косово, ја претепале децата на нејзиниот вујко


Четиригодишно девојче од Ѓаковица, Косово, починало вчера во болница во Приштина под сѐ уште неразјаснети околности. Сомеќите се дека им подлегнала на повредите што ѝ ги нанеле децата на нејзиниот вујко, пишува Телеграф. Во болницата во Приштина била донесена во тешка состојба, а лекарите ѝ рекле на мајка ѝ дека има сериозни повреди по телото […]

Над 180.000 банкноти од 500 евра се повлечени од оптек во Косово


Централната банка на Косово (ЦБК) објави дека бројката на банкноти од 500 евра што граѓаните ги депонирале во деловните банки, а потоа и во ЦБК, како пари повлечени од оптек, надминала 180.500 парчиња, достигнувајќи вредност од преку 90 милиони и 250 илјади евра, јави дописникот на МИА од Приштина. Ова, како што соопшти ЦБК, е […]