Владата на Косово усвои две одлуки во врска со утрешната заедничка седница со Владата на Северна Македонија


 Владата на Косово попладнево одржа електронска седница, на која усвои две иницијативи поврзани со соработката со Северна Македонија, а во пресрет на заедничката седница на владите на двете држави што ќе се одржи утре во Приштина. Како што јави дописникот на МИА од Приштина, во соопштението од кабинетот на ксовскиот премиер, Албин Курти се наведува […]

Државјанин на Косово приведен како осомничен за подметнување пожар во подрумот на Општина Тетово


Teтовската полиција привела едно лице кое се сомничи дека го подметнало пожарот во подрумот на општина Тетово. Вчера во 20.15 часот на улица „Маршал Тито“ во Тетово, бил уапсен 38-годишниот Б.Р. од Косово кој имал привремен престој во Скопје. Тој се сомничи дека претходниот ден го подметнал пожарот во подрумските простории на општина Тетово. Лицето […]

Забраната за увоз на српска стока може да го исфрли ​​Косово од ЦЕФТА


Специјалниот пратеник на Германија за Западен Балкан, Мануел Зарацин, изјави дека Косово може да се соочи со повици за исклучување од Централноевропскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА) и други казни доколку продолжи да го забранува увозот на стоки од централна Србија, јави дописникот на МИА од Белград. – Косово би можело да се соочи со […]

Бегај: Членството на Косово во Јадранската повелба е од суштинско значење за стабилноста на регионот


Албанскиот претседател Бајрам Бегај денеска во Тирана изјави дека членството на Косово во Јадранската повелба е неопходно за стабилноста на целиот регион. На 27. Конференција на началниците на генералштабовите на Американско-јадранската иницијатива албанскиот претседател изјави дека Косово ја докажало својата посветеност на мирот и оти, како што посочи, земјата е фактор кој придонесува за безбедноста […]

Косово за три години купило вооружување во вредност од 250 милиони евра


 Министерот за одбрана на Косово, Ејуп Маќедонци вели дека актуелната влада во изминатите три години купила вооружување во вредност од 249 милиони евра, јави дописникот на МИА од Приштина. Во денешното интервју за телевизијата Клан Косова, Маќедонци изјави дека во оваа сума не е вклучен буџетот за косовските вооружени сили за 2024 година. „Набавките се […]

Косовското МНР апелира до граѓаните да избегнуваат транзит низ Србија


Министерството за надворешни работи и дијаспора на Косово ги повика косовските граѓани и дијаспората да избегнуваат транзит низ територијата на Србија. Во јавното соопштение објавено на Фејсбук, косовското МНР повика да се избегнуваат сите влезови и излези на граничните премини меѓу Косово и Србија. Повикот доаѓа по предупредувањата на така наречениот „Организациски совет за блокади“ […]

Харгривс: Без спроведување на договорите од Брисел и Охрид меѓу Косово и Србија нема стабилност во регионот


 Амбасадорот на Велика Британија во Косово, Џонатан Харгривс, изјави дека мирот и стабилноста во регионот нема целосно да се постигнат без имплементација на сите аспекти од бриселскиот договор и охридскиот анекс, како од косовска така и од српска страна, јави дописникот на МИА од Приштина. Харгривс во интервју за косовскиот портал на српски јазик „КоССев“ […]

Косовските партии можат да потрошат најмногу до два милиони евра на кампањата за идните избори


Централната изборна комисија на Косово (ЦИК) одлучи дека секој политички субјект, кој ќе биде сертификуван за учество на парламентарните избори на 9 февруари 2025 година, за изборната кампања има право да потроши до два милиони евра. Според одлуката на ЦИК, дозволената точна сума за максимални трошоци е два милиони 47 илјади 149 евра и таа […]

Косово годинава очекува економски раст од 3,9 отсто


Централната банка на Косово (ЦБК) предвидува дека државата ќе ја затвори 2024 година со економски раст од 3,9 отсто, јави дописникот на МИА од Приштина. Според соопштението на ЦБК, прогнозите укажуваат дека се очекува побрз раст на економијата на земјата во текот на 2024 година, поддржан од растот на реалниот расположлив доход, благодарение на намалувањето […]

САД нема да се двоумат да ја осигураат заштитата на американскиот персонал во Косово


 Заменик портпаролот на Стејт департментот, Ведант Пател, изјави дека САД „нема да се двоумат да направат се што е неопходно за да се обезбеди заштитата на американскиот персонал“ во Косово, пренесоа српските медиуми. Запрашан како ќе реагира Стејт департментот за да ги заштити животите на американските војници во КФОР од едностраните постапки, по најавата на […]

Косовско МНР: Скопскиот суд одлучи да не се екстрадира поранешниот припадник на ОВК


Министерството за надворешни работи на Косово соопшти дека Советот на Основниот кривичен суд во Скопје одлучил да не го екстрадира косовскиот државјанин Блерим Рамадани, кој минатиот месец беше уапсен на косовско-македонската граница врз основа на потерница од Интерпол издадена на барање од Србија, јави дописникот на МИА од Приштина. Во денешното соопштение на Министерството се […]

Одржан протестот на косовските Срби во Северна Митровица, побарано да не се отвора мостот на Ибар


Косовските Срби на денешниот протест во Северна Митровица со акламација побараа да не се отвора мостот на реката Ибар, кој ги поврзува јужниот дел, населен со мнозинство Албанци, и северниот дел на Митровица, населен со мнозинство Срби, јави дописникот на МИА од Приштина. На насобраните граѓани на протестот што се одржа во близина на мосотот […]

ЕУЛЕКС: Подготвени сме да ја поддржиме косовската полиција во случај на немири


Европската мисија за владеење на правото на Косово (ЕУЛЕКС) денеска соопшти дека внимателно ја следи безбедносната состојба на северот и дека, доколку е потребно, ќе ја поддржи косовската полиција во одржувањето на јавниот ред и мир и во случаи на немири. „ЕУЛЕКС останува внимателен и во согласност со безбедносниот механизам на три нивоа за реагирање […]

За две недели во Косово регистрирани 19 заразени од Ковид-19


Институтот за јавно здравје на Косово (ИКШПК) соопшти дека од 10 до 23 јули се регистрирани 19 позитивни случаи на Ковид-19 во Косово, при што нема пријавено ниту еден случај со смртни последивци, јави дописникот на МИА од Приштина. Од ИКШПК соопштија дека најголем број случаи, четири, се регистрирани кај возрасната група од 30 до […]

Суниог на проштални средби со косовските лидери: Забрзајте ги реформите за патот на Косово кон ЕУ


 Шефот на Канцеларијата на Европската Унија во Косово, Томаш Суниог, кој го отслужува својот мандат, денеска за последен пат отиде како амбасадор на Унијата во кабинетот на косовскиот премиер, Албин Курти, јави дописникот на МИА од Приштина. Суниог на својата страница на платформата „Х“ напиша дека му се заблагодарил на Курти за соработката и го […]

Владата на Косово го забрани ТикТок во јавните институции


 Владата на Косово денеска донесе одлука за забрана на апликацијата „ТикТок“ во јавните институции со цел да се елиминираат кибер ризиците. Заменикот министер за внатрешни работи и јавна управа на Косово, Бардиљ Добра, изјави дека одлуката е превентивна мерка, следејќи ги чекорите на европските земји. „Рековме дека е дозволено користење на ТикТок на лични уреди, […]

Косовскиот министер за заедници изрази подготвеност да се вклучи во изготвувањето на статутот на ЗСО


Косовскиот министер за заедници и враќање, Ненад Рашиќ, изрази подготвеност да се вклучи во изготвувањето на статутот на Заедницата на општини со српско мнозинство (ЗСО). Рашиќ посочи дека ЗСО треба да потсети дека меѓународните договори имаат поголема сила од локалните закони и дека обврските мора да се почитуваат, објавија денска косовски медиуми. Тој додаде дека […]

Нова полициска акција во северно Косово, откриено оружје


Косовската полиција соопшти попладнево дека спроведува акција на северот од државата, населен со мнозинско српско население, при што извршила претрес на две места и пронашла оружје, јави дописникот на МИА од Приштина. Заменик-директорот на полицијата за северниот регион, Ветон Елшани изјави за медиумите дека не може да соопшти други детали бидејќи „рацијата се уште не […]

Трагедија во Косово. Пијан татко ја избодел ќерка си (21), се бори за живот


Синоќа во Призрен, град во Косово е уапсен 44-годишен маж, кој во алкохолизирана состојба со нож ја нападнал својата 21-годишна ќерка и и нанел повреди опасни по живот, пренесува Телеграф. Од Регионалниот полициски центар во Призрен потврдија дека А.Ш. (44) по расправија, под дејство на алкохол, со нож ја нападнал ќерката Е.Ш. (21), нанесувајќи и […]

Кушнер во дводневна посета на Косово


Поранешниот специјален претставник на генералниот секретар на ОН во Косово и поранешен шеф на УНМИК Бернар Кушнер денеска и утре ќе го посети Косово, соопшти синоќа француската амбасада во Приштина. Кушнер ќе има средби со претседателката Вјоса Османи и премиерот Албин Курти. На 12 јуни на свечена седница ќе се обрати и во Собранието на […]