Опозициските пратеници ја напуштија свечената седница на косовското Собрание


Пратениците на трите најголеми опозициски партии во Собранието на Косово ја напуштија денешната свечена седница по повод Денот на незавианоста, во знак на протест поради зчоупотреба на собраниската говорница од страна на премиерот Албин Курти, јави дописникот на МИА од Приштина. Откако неколку пати му дофрлија да престане со пропагандата за наводните успеси на неговата […]

Во Косово уапсени четворица македонски и двајца косовски државјани за трговија со дрога


Косово – Косовската полиција соопшти синоќа дека, по неколкудневни истражни дејствија, припадници на единицата за сузбивање на трговијата со наркотици уапсиле шест лица, од кои четворица македонски и двајца косовски државјани, јави дописникот на МИА од Приштина. При претрес на една локација во селото Широка во општина Сува Река, полицијата открила и запленила 32 килограми марихуана, […]

Вучиќ: Србија на никаков начин не треба да го признае Косово


Србија– Никако не треба да ја признаеме независноста на Косово, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ, порачувајќи дека Србија треба да работи со косовските Албанци на создавање на подобри односи и на доверба, јави дописникот н МИА од Белград. -Проблемот е што Албанците не сакаат да слушнат за ништо друго освен за независност. Пандорината кутија е […]

Поранешниот хрватски претседател Месиќ денеска во Косово


Косово– Поранешниот претседател на Република Хрватска, Стјепан Месиќ ќе престојува денеска во официјална посета на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Веста ја објави службата за односи со јавноста на Собранието на Косово, која соопшти дека Месиќ во 11 часот ќе биде примен од собранискиот спикер, Глаук Коњуфца. Засега нема инормации за други средби […]

Косово воведе санкции кон лица и организации од Белорусија


Владата на Косово донесе денеска одлука за спроведување на санкциите кои ги воведе Европската унија кон 183 лица и 26 организации од Белорусија кои се поврзани со режимот на белорускиот претседател, Александр Лукашенко. Како што соопшти службата за информирање на косовската Влада, санкциите подразбираат замрзнување на нивните средства во Република Косово, забрана за патување и […]

Косовските пратеници лани потрошиле над 100 илјади евра за патување на седници


Пратениците во Собранието на Косово во текот на 2021 година, на име на патни трошоци за учество на пленарните и на седниците на собраниските комисии, примиле надоместоци во висина од вкупно 100.530 евра, јави дописникот на МИА од Приштина. Според податоците што денеска ги објави Собранието, прв на списокот на корисници на надоместокот е пратеникот на […]

Ескобар и Лајчак од денеска во официјална посета на Косово


Косово – Специјалниот пратеник на Соединетите Американски Држави за Западен Балкан, Гебриел Ескобар и посредникот на Европската унија за дијалогот меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак се очекува да допатуваат денеска во Приштина, во обид да му дадат нов поттик на косовско-српскиот дијалог за решавање на споровите меѓу двете држави, јави дописникот на МИА од Приштина. Во […]

Ахмети на средба со Курти во Косово


Предводени од претседателот Али Ахмети, заедно со колегите министри и директорот на претпријатието за државни патишта на нашата земја, престојувавме денес во официјална посета на Приштина, каде се сретнавме со премиерот Албин Курти и членовите на неговиот владин кабинет, соопшти вицепремиерот Артан Груби синоќа. Пред заедничките предизвици на енергетската криза, здравствената состојба и за реализација […]

Татко четири години секојдневно ја силувал малолетната ќерка, а потоа „ја продал за брак“ во Косово


По спроведената истражна постапка предметниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против три лица. Спроред дејствијата опишани во четири точки во Обвинителниот акт првообвинетиот сторил две кривични дела и тоа продолжено кривично дело – Родосквернавење и кривично дело Трговија […]

Косово може да ја преиспита одлуката за три вакцини при влез во земјата


Косовското Министерство за здравство најави дека во текот на неделава е можно да се преразгледа одлуката за обврската на странските државјани при влез во земјата да приложат сертификат за три примени дози вакцина или две дози плус РТ-ПЦР тест не постар од 48 часа, јави дописникот на МИА од Приштина. Како што соопшти ресорното Министерство […]

Влез во Косово само со три дози вакцина, или со две дози и негативен ПЦР тест


Поради влошување на состојбата со КОВИД-19 во Република Косово, нивните власти вчера донесоа нова одлука, која итно уште од денес стапи на сила, а со која се засилува режимот за влез на државјаните на Република Северна Македонија, соопшти македонското Министерство за надворешни работи. Со новата одлука, за влез во Косово потребно е да се приложи […]

Во Косово само со потврда за три вакцини


Косово– По наглото зголемување на бројот на заболени од Ковид-19, косовската Влада синоќа донесе нови мерки за спречување на ширењето на пандемијата, според кои, меѓу другото, од денеска за влез во државата е потребно да се приложи потврда за примени три дози вакцини, или две вакцини и негативен ПЦР тест, не постар од 48 часа, […]

Лани 120 илјади граѓани на Косово поднеле барања да заминат во земји на ЕУ


  Во декември 2021 година, над 56.000 косовски граѓани поднеле барање за виза во Германија, а повеќе од 60.00 аплицирале во Хрватска и илјадници во Словенија и други европски земји. Се чини дека се зголемува бројот на оние кои аплицираат да ја напуштат земјата. Германската амбасада во Приштина соопшти дека организира компјутерски генерирана лотарија за […]

Косово забрани рударење на криптовалути


Владата во Приштина донесе одлука да го забрани „рударење“ на криптовалути во Косово, бидејќи се трошат големи количества струја. Косовската министерка за економија Артане Ризваноли изјави дека по препораките на Техничкиот комитет минатата недела донела одлука за итни мерки за забрана на „рударење“ на криптовалути, го пренесува Косово онлајн пишувањето на порталот Репортерс. – Врз […]

Влез на Косово само со две дози од вакцина


Косово– Од денеска за влез во Косово е потребна потврда за вакцинација со две дози од вакцината против коронавирус. Луѓето кои не се вакцинирани со двете дози од вакцината нема да смеат да влезат, пишува Коха. Одлуката беше донесена од владата на привремените институции во Приштина на почетокот на декември 2021 година, кога беа донесени […]

Потврдени девет случаи со омикрон во Косово


Омикрон сојот на корона вирусот стигна и во Косово. Таму се потврдени девет случаи на заболени со новиот сој на корона вирусот, соопшти Институтот за јавно здравје од Приштина. Од Институтот наведуваат дека се тестирани 22 примероци од кои девет биле позитивни, пренесува Газета експерс. Во соопштението од Институтот се прецизира дека омикрон сојот е […]

(Фото) Место знамиња, во дворот на косовската влада се веат ќебиња


  Активисти на Социјалдемократската партија на Косово ги симнаа знамињата од дворот на Владата, и ги заменија со ќебиња. Батанија (ќебе), како што се наведува, стана вирален збор на Косово, откако премиерот Албин Курти рече дека така се грее во текот на овие студени денови без струја Социјалдемократската партија соопшти дека владата на Курти може […]

„Газета експрес“: Косово даде виза на Македонија да ѝ се продадат три милиони тони јаглен


Министерството за економија на Косово вели дека, на политичко ниво, кај косовската страна постои готовност да ѝ се продадат три милиони тони јаглен на Северна Македонија, објави попладнево „Газета експрес“. Како што јави дописникот на МИА од Приштина, во писмениот одговор до порталот се вели дека барањето за купување јаглен било изнесено при последната посета […]

Данска ќе плати 210 милиони евра за сместување на затвореници во 300 ќелии во косовските затвори


Министерот за правда на Данска Ник Хакеруп утре во Приштина ќе потпише договор со косовскиот министер за правда Албуљен Хаџи за закуп на 300 затворски ќелии во Косово за 210 милиони евра. Како што потврдија од Владата на Косово, сите детали од договорот меѓу двете министерства за правда ќе бидат објавени утре, но она што […]

Косово: Уапсени две лица кои му се заканувале на новинарот кој ги нарече криминалци членовите на „Кумановската група“


Косовската полиција уапси две лица кои упатиле смртни закани кон новинарот Вехби Кајтази, поради тоа што ги нарече криминалци членовите на таканаречената „Кумановска група“, односно косовските државјани кои ги предизвикаа крвавите инциденти во мај 2015 година во кумановско Диво Насеље, јави дописникот на МИА од Приштина. Во допис до Асоцијацијата на новинари на Косово (АГК), […]