Се укинува граничната контрола меѓу Косово и Албанија во викендите и на државни празници


Владите на Косово и Албанија одлучија на денешната заедничка седница во косовската престолнина да го укинат задолжителното регистрирање на граѓаните при премин на меѓудржавната граница во викендите и во текот на државните празници, јави дописникот на МИА од Приштина. Како што беше објавено по денешната седница на двете влади, одлуката ќе биде во сила до […]

Приведено лице од Косово, на граничен премин се обидело да поткупи полициски службеник


Полициски службеници денеска го лишија од слобода косовскиот државјанин С.Ј.(56). Лицето било лишено од слобода на граничен премин Долно Блаце, на излез од државата кон Косово. Како што информира МВР, С.Ј. управувал патничко возило комби „фолксваген“, со косовски национални ознаки, а при проверка на возилото, во него била пронајдена поголема количина на роба која ја […]

Судир на косовската полиција и ветераните на ОВК во Приштина, повредено едно лице


Пред Собранието на Косово денеска дојде до судир меѓу полицијата и ветераните нас ОВК, кои ги растурија безбедносните огради и влегоа во дворот на собранието. Притоа со повреди се здобил еден полицаец, јави Економија онлајн. Претседателот на ОВК, Фатон Кљинаку изјави дека законот за минимална плата не треба да биде изгласан во Собранието. Со законот, […]

Во Косово можное е да се појави првиот случај на мајмунски сипаници


Министерството за здравство на Косово денеска соопшти дека е примен првиот пациент за кој постои сомневање дека е заразен од мајмунски сипаници, пренесува KoSSev. Во болницата во петокот попладне е примен 69-годишен пациент, роден во Драгаш и неговата состојба е стабилна. Тој е изолиран на Клиниката за инфективни болести и земен е примерок од промените […]

Ниеден нов случај на заболен од Ковид-19 во Косово по подолго време


Во Косово во изминатите 24 часа не е забележан ниту еден нов случај на заболен од Ковид-19, што е прв таков ден речиси од самиот почеток на пандемијата пред повеќе од две години, јави дописникот на МИА од Приштина. Министерството за здравство во својот редовен деневен извештај информира дека вчера се извршени 469 тестирања со […]

Протест на косовските болничари: „Одговорете ни до 16 часот, зашто во 17 сме на курс по германски“


Косовските болничари и помошниот медицински персонал ангажиран за справувањето со пандемијата на Ковид-19 денеска излегоа на протест пред Министерството за здравство на Косово, со барање да им се исплатат заостанатите три месечни плати, јави дописникот на МИА од Приштина. Изразувајќи го револтот поради некоректниот однос на властите кон нив, болничарите и помошниот персонал порачаа дека […]

Граѓаните на Косово во банките имаат 4,75 милијарди евра заштеди и 3,93 милијарди кредити


Граѓаните на Косово, и покрај тоа што се погодени од пандемијата и порастот на цените во сите сектори, се покажаа како мошне штедливи, така што нивните заштеди во банките, според податоците од почетокот на март годинава, достигнаа рекордни 4,75 милијарди евра, објави агенцијата КосоваПрес. Како што јави дописникот на МИА од Приштина, според официјалните статистики […]

Косовските лекари ја осудија изјавата на вицепремиерот Бислими дека “и од Германија бегаат лекарите“


Косово– Лекарската комора на Косово ја осуди изјавата на вицепремиерот Бесник Бислими, кој вчера на собраниската Комисија за евроинтеграции го спореди иселувањето на косовските лекари во Германија со заминувањето на германските лекари од таа држава, јави дописникот на МИА од Приштина. Во реакцијата на Комората се оценува дека „да се рече дека косовските лекари се иселуваат […]

Шефицата на косовската дипломатија под антикорупциска истрага


Агенцијата за борба против корупцијата на Косово (АКК) покренала предистражна постапка за министерката за надворешни Работи, Доника Грвала, поради сомневање дека не пријавила дека е сопственик на деловна компанија во Германија, јави дописникот на МИА од Приштина. Невладината организација „Заклетва за правда“ објави дека, според истражување извршено пред неколку недели, Грвала не само што не […]

Австрискиот канцелар и делегација на Белата куќа во посета на Косово


Косово– Австрискиот канцелар Карл Нехамер и делегација на Белата куќа денеска ќе престојуваат во одделни официјални посети на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Како што соопшти службата за односи со јавноста на косовското Претседателство, канцеларот Нехамер и претставниците на Белата куќа ќе бидат примени од претседателката на Косово, Вјоса Османи. Од кабинетот на […]

„Национале“: Уапсени 48 припадници на косовската погранична полиција во антикорупциска операција


Сите припадници на косовската полиција од две смени на граничните премини Ќафе Пруш и Ќафе Морине на границата со Албанија се упасени утрово во антикорупциската операција на Полицискиот инспекторат на Косово (ИПК), објави порталот „Национале“. Според приштинскиот медиум, вкупно во денешната операција на ИПК се уапсени 48 полицајци, меѓу кои и лица на повисоки позиции, […]

Курти: Косово има најскап зејтин во светот, цената е вештачки надуена


Косовскиот премиер Албин Курти, по денешното поскапување на цената на сончогледовото масло во дел од маркетите во државата на дури 3,50 евра за литар, изјави дека Косово има најскап зејтин во светот, но дека тој пораст на цените не е резултат на реалната состојба на пазарот, јави дописникот на МИА од Приштина. По посетата на […]

Костадиновска Стојчевска – Чеку : Македонија и Косово имаат отворени можности за соработка


Република Северна Македонија и Република Косово се две пријателски земји  со отворени можности за соработка во културата, кои во периодот што следува треба поинтензивно да се искористат, се согласија на денешната работна средба министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и косовскиот министер за култура, млади и спорт Хајрула Чеку. Соговорниците позитивно ја оценија досегашната културна соработка која во изминатите […]

Законот за спречување и заштита од насилство врз жени и семејно насилство во фокусот на средбата со пратеничките од Косово


Потребна е сеопфатна политика за борба против насилството врз жените, но и развивање и подобрување на националните политики за превенција и заштита на жртвите од родово базирано насилство врз жените и семејното насилство, рече министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска на денешната средба во Собранието меѓу претставничките од Клубот на пратенички на Република […]

Косовски војници ќе учествуваат во операција на НАТО во Полска


Косово – Владата на Косово денеска го усвои техничкот договор на Министерството за одбрана (МО) со Владата на Полска за стационирање на припадници на Безбедносните сили на Косово (ФСК) во Полска, во рамки на операцијата на НАТО „Атлантско решение“ („Atlantic Resolve“), јави дописникот на МИА од Приштина. Министерот за одбрана, Арменд Мехај изјави дека, според договорот, […]

Џафери во официјална посета на Косово


Претседателот на Собранието, Талат Џафери од денеска престојува во дводневна посета на Косово. Како што е предвидено, Џафери ќе се сретне со претседателот на косовското Собрание Глаук Коњуфца, по што двајцата собраниски спикери ќе одржат заедничка прес-конференција. По средбата со претседателот на Парламентот на Косово, Џафери ќе се сретне и со косовскиот премиер Албин Курти. […]

Косово ги олесни анти-ковид мерките, укинат полицискиот час


Косово – Владата на Косово донесе одлука за промена на мерките против ширењето на епидемијата на Ковид-19, со кои, меѓу другото, од денеска се укинуваат полицискиот час и ограничувањата за работа на угостителските објекти, јави дописникот на МИА од Приштина. Според одлуката на кабинетот на Албин Курти, од 7 март се укинува и забраната за организирање […]

Забрането емитување на руски канали на косовските телевизиски платформи


Независната комисија за медиуми на Косово (КПМ) наложи времено исклучување на сите телевизиски канали по потекло од Русија од косовските телевизиски платформи и побара од медиумите да внимаваат на дезинформациите и лажните вести во врска со ситуацијата во Украина по руската инвазија врз таа држава, јави дописникот на МИА од Приштина. Преку својата страница на […]

Во Косово уапсени шестмина полицајци за ненамерно убиство на нивен колега


Полицискиот инспекторат на Косово (КПИ) соопшти дека, поради синоќешниот несреќен случај во село во близина на Приштина, во кој беше убиен припадник на полицијата, уапсен е полицаецот осомничен за убиството, како и петмина негови колеги, јави дописникот на МИА од Приштина. Како што информира КПИ, суспендирани сè уште деветмина други полициски службеници кои биле присутни на приватна […]

Убиен полицаец во несреќен случај во Косово


Припадник на косовската полиција е убиен синоќа во несреќен случај во село во близина на Приштина, откако бил погоден од случаен истрел од пиштол од страна на негов колега, јави дописникот на МИА од Приштина. Како што соопшти полицијата, несреќата се случила околу полноќ, на приватна седенка во селото Златар. Смртта на полицаецот ја констатирале […]