(Видео) Во Филаделфија запленети 538 килограми кокаин


Полицијата во американскиот пристанишен град Филаделфија откри 538 килограми кокаин сокриени во 13 патнички торби на еден брод, што претставува најголема заплена на оваа дрога во филаделфиското пристаниште во последниве две децении. Властите наведуваат дека цената на запленетата дрога на нарко пазарот изнесува околу 38 милиони долари. Бродот на кој е откриен кокаинот испловил од […]

Скопското обвинителство отвори истрага за дилер на кокаин и хероин


 Од Основното јавно обвинителство Скопје донесена е наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено дека сторило кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. Осомничениот, како што соопшти ОЈО Скопје, набавил поголемо количество наркотична дрога – кокаин и хероин и потоа ја препакувал во својот дом […]

Приведен дилер на кокаин и хероин


Кривична пријава е поднесена против 33 – годишен маж во чиј дом при претрес пронајдени се хероин и кокаин. Од Министерството за внатрешни работи денеска информираа дека во неговиот дом вчера се пронајдени стаклена тегла со паковки со бела прашкаста материја, кеса со кафеава прашкаста материја, дигитална вага, пари во вредност од 350 евра и 64.000 […]

Фатен и обвинет „хрватскиот Ескобар“


Судот во Риека поднесе обвинение против Степан Прњат, таканаречениот „хрватски Ескобар“ и уште осум луѓе. Тие се товарат за злосторничко здружување и неовластено производство и промет со дроги. Во акцијата уапсени се шест хрватски, двајца холандски и еден шпански државјанин. Тие од јануари 2017 година до март 2018 година на подрачјето на Хрватска, Словенија и […]

Албанската мафија го презеде пазарот на кокаин во Велика Британија


Албанската мафија ја презеде контролата над пазарот со кокаин во Велика Британија, пишува британски „Мирор“ и додава дека вредноста на тој пазар се проценува на 5,7 милијарди евра. Таа мафија полека го презеде пазарот во Британија, откако голем број Албанци се преселија во Британија по падот на комунизмот во Албанија 1990 година, пишува весникот. Како […]

На атинскиот аеродром уапсена жена која пренесувала кокаин во стомакот


Дваесет и четиригодишна жена, идентификувана како државјанка на Перу, е уапсена на атинскиот меѓународен аеродром под обвинение за шверц со дрога, откако пристигнала во Атина на лет од бразилскиот град Сао Паоло преку Цирих, објави електронското издание на весникот „Катимерини“. Осомничената била запрена и испрашувана за време на полициска проверка, а инспекторите откриле дека таа проголтала […]

Триесет дневен притвор за дилер на кокаин


Триесет дневен притвор заработи жител на село Трново Битолско, поради продажба на кокаин и лекот „Омепразол“ на нарко зависници од Битола. Како што соопштија од Основното јавно обвинителство Битола осомничениот во неговиот дом неовластено, заради продажба, држел осум пластични паковки од лек „Омепразол”, како и вкупно 78 најлонски паковки со вкупна нето маса од 51,48 […]

МВР во голема акција разби 6-члена криминална група што шверцувала кокаин и марихуана


Министерството за внатрешни работи во голема акција спроведена вчера откри група од 5 лица од Тетово и од Прилеп, кои транспортирале 670 грама кокаин и 128 килограми марихуана на релација Косово – Белгија, дрога што транзитирала низ Македонија. Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР во координација со ОЈО за гонење организиран […]

Албанската полиција заплени 613 килограми кокаин вреден 180 милиони евра


Албанската полиција официјално потврди дека во пристанишниот град Драч биле запленети 613 килограми и 350 грама кокаин, кој на пазарот достигнува вредност од 180 милиони евра. – Дрогата, спакувана во 528 пакетчиња, беше во контејнери со двојно дно, натоварени со банани. Тргнала од Колумбија, минала транзит преку Италија во Малта по што со брод пристигнала […]

Маж со еден килограм кокаин во стомакот уапсен на аеродромот во Атина


Грчките власти уапсија 25-годишен маж од Бразил на аеродромот во Атина во чиј стомак бил пронајден еден килограм кокаин, објави Катимерини. Мажот бил задржан за проверка откако слетал со авион од Рио де Жанеиро преку Цирих. Со рентген на стомакот биле откриени 84 мали пакетчиња со вкупна тежина од 1,1 килограм. Од мажот биле запленети […]

Мексико: Пронајдени 371 килограми хероин во „државен“ камион


Мексиканските власти заплениле над 371 килограм кокаин, кој преку американската граница бил транспортиран во камион со ознака од државен Институт за социјално осигурување. Мексиканските војници, кои го проверувале камионот, ја пронашле дрогата во мобилен медицински скенер. Упасени се три лица, кои тврдат дека се вработени во Институтот. Но, институтот негираше дека кој било од вработените, […]