Во пратка од банани шверцувале кокаин, во пристаниште во Лондон откриени и запленети речиси три тони


Кокаин вреден повеќе од 200 милиони британски фунти, односно околу 270 милиони долари, бил откриен скриен во пратка со банани на британско пристаниште, соопшти британската Национална агенција за борба против криминалот. Граничните власти минатиот четврток заплениле 2,9 тони кокаин во пристаништето Лондон Гејтвеј во Есекс. Пратката, чија вредност се проценува на 232 милиони британски фунти, […]

Во заедничка акција на Шпанија и Еквадор запленети 21 тон кокаин


 Шпанија и Еквадор разоткрија меѓународен синџир за шверц на кокаин, при што во заедничка полициска операција се запленети 21 тон дрога. Надлежните служби соопштија дека операцијата била резултат на повеќемесечна координација меѓу безбедносните органи на двете земји, насочена кон разбивање на криминална мрежа што организирала транспорт на големи количества кокаин кон европскиот пазар. Во рамки […]

Португалската полиција конфискува околу пет тони кокаин


Во заедничка операција на португалската полиција, воената морнарица и военовоздухопловните сили конфискувани се околу пет тони кокаин, при што се приведени тројца странски државјани. Дрогата е откриена на брод, што бил задржан на околу 640 наутички милји од Лисабон. Не е објавена националноста на тројцата приведени. Според португалските медиуми бродот на кој е откриена дрогата […]

Австралиската полиција заплени кокаин во вредност од 500 милиони евра


Австралиската полиција заплени 2,7 тони кокаин скриени во подземен систем од скривници во западниот дел на Сиднеј, јави денеска Би-Би-Си, истакнувајќи дека ова е најголемата ваква операција во историјата на земјата. Наркотиците, чија приближна пазарна вредност се проценува на 816 милиони австралиски долари (околу 500 милиони евра), биле откриени во петокот, сокриени под двојни подови […]

Со багер ископан кокаин закопан во атарот на селото Босилово


Кокаин закопан во земја бил пронајден и одземен во струмичко, откако полицијата ја лоцирала местоположбата каде што била скриена дрогата. Според соопштението, дрогата била ископана со помош на работни машини. СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против три лица, И.Ѓ. на возраст од 26 години од селото Ново Конско, гевгелиско, П.Ч. […]

Шпанската полиција заплени рекордни 30 тони кокаин на товарен брод


Шпанската полиција заплени рекордни 30 тони кокаин што биле транспортирани со товарен брод во близина на бреговите на Африка, соопштија вчера судските власти, јави ДПА. Шпанските власти нагласија дека ова е најголемата поединечна пратка наркотици запленета некогаш во светот. Операцијата за пресретнување на бродот е спроведена во соработка со американските власти и со холандската полиција. […]

Притвор за скопјанецот фатен со кокаин во Ѓорче


Притвор за скопјанец кај кого полицијата пронашла кокаин.  – Единицата за сериозен криминал и кривични дела против културно наследство при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал на 21.04.2026 до Oсновното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Е.Љ. (27) од Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и […]

Полицијата во Белград заплени 12 килограми кокаин


Полицијата во Белград заплени 12 килограми кокаин, три патнички возила и приведе две осомничени лица. МВР на Србија соопшти дека бил извршен претрес на становите и возилата што ги користеле осомничените и пронашла и запленила кокаин и патнички возила. Осомничените ќе бидат задржани до 48 часа, по што ќе им биде поднесена кривична пријава пред […]

Рекорднa запленa од 206 кг кокаин на границата меѓу Бугарија и Турција, приведен дипломат


Бугарските гранични власти запленија речиси 206 килограми кокаин на границата со Турција и уапсија три лица, меѓу кои и дипломат од Демократската Република Конго акредитиран во Белгија, соопштија бугарските истражни органи. Дрогата, со проценета вредност од околу 20 милиони евра, била откриена во комбе со белгиски регистарски таблички, скриена меѓу лични предмети во пет куфери. […]

Рекордни 8,2 тона кокаин запленети во Колумбија


Колумбиските безбедносни сили запленија 8,2 тона кокаин во пристаништето на градот Буенавентура на пацифичкото крајбрежје, што претставува едно од најголемите количества запленета дрога во историјата на земјата, соопшти претседателот Густаво Петро, пренесува ДПА. „Националната полиција заплени 8,2 тона кокаин во пристаништето Буенавентура,“ објави Петро на социјалната мрежа Икс. „Ова е една од најголемите заплени на […]

Новосадскиот директор на јавниот превоз финансирал купување кокаин од Еквадор?


Младен Паповиќ, вршител на должноста директор на Јавното градско сообраќајно претпријатие „Нови Сад“, е осомничен дека финансирал набавка на 15 килограми од оваа дрога во Еквадор како еден од организаторите на балканскиот картел, кој е поврзан со шверц на тони кокаин, пишуваат српските медиуми. „Како еден од организаторите на криминалната група е посочен Младен Поповиќ, […]

Белгиската полиција заплени речиси пет тони кокаин во контејнери во пристаништето Антверпен


Белгиската полиција заплени речиси пет тони кокаин во транспортни контејнери во пристаништето Антверпен, и приведе осум лица кои се товарат за кривични дела шверц на дрога и учество во криминална организација, соопшти обвинителството. Се наведува дека истрагата за случајот е во тек. Јавното обвинителство на Брисел истражува криминална организација, наводно вмешана во шверц на кокаин […]

Норвешките граничари на линијата на фронтот во борбата против „цунамито од кокаин“


  Норвешките цариници вооружени со шрафцигер,  пајсер и рачен скенер, се искачија на врв на контејнери за ладење. Со впечатливата глетка на Ослофјорд зад нив и вртење на вентилаторите на фрижидерот, тие го отвораат задниот дел од запечатениот контејнер со банани од Костарика. „Можете да видите колку простор има внатре“, изјави царинскиот службеник Гард Белген […]

Во Парагвај запленети рекордни четири тони кокаин наменет за Европа


 Властите во Парагвај пријавија најголема заплена на дрога во земјата до сега, конфискувајќи над четири тони кокаин, јави ДПА. Парагвајските безбедносни сили ја откриле дрогата скриена во вреќи со шеќер во контејнер во пристаништето на главниот град Асунсион, на пат за Антверпен во Белгија, соопшти агенцијата за борба против дрога Сенад. Запленетиот кокаин се проценува […]

Северно Море исфрли еден тон кокаин на брегот на Германија


Големо количество дрога исфрлило Северно Море на германскиот остров Боркум, соопшти денеска Обвинителството во градот Аурих. Турист во април на плажа пронашол голем број сомнителни чанти врзани со појас за спасување и пријавил во полиција. Обвинителството во Аурих сега потврди дека во вреќите имало околу еден тон кокаин. Тоа е најголемата количина на дрога што […]

Во Германија запленет кокаин вреден милијарди евра


 Германски истражители извршиле рации во седум сојузни држави и заплениле кокаин вреден неколку милијарди евра, пренесува „Билд“. Инспекторите објавија дека тоа е најголемата заплена на кокаин во Германија. Запленети се десетици тони дрога, а седум лица се уапсени. Рациите се извршени во Северна Рајна-Вестфалија, Баварија, Берлин, Бранденбург, Хамбург, Хесен и Долна Саксонија. Засега не се […]

Европол: Во Шпанија уапсена група која пренела повеќе тони кокаин од Јужна Америка


Шпанската цивилна гарда уапсила 20 лица осомничени дека увезле неколку тони кокаин и листови од растението кока од Јужна Америка во Шпанија, соопшти денеска Европол. Полицијата изврши рација на 27 различни имоти во Мадрид, Понтеведра и Коруња. Во предградието на Мадрид е откриена и лабораторија за производство на кокаин со капацитет за производство на 100 […]

Кокаин пронајден во супермаркетите во Германија


Откриен кокаин во робата на неколку супермаркети во Берлин и Бранденбург, пренесува Билд, повикувајќи се на извор од безбедносни кругови. Дрогата ја пронашле работниците од тие продавници, се наведува понатаму, додавајќи дека биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин. Полицијата е пред маркетот и врши преглед на робата. Засега не се знае вкупната количина […]

Вакцина за кокаин? Антителата го блокираат ефектот на лекот


Во Бразил работат на вакцина која би можела да помогне при зависноста од кокаин. Антителата го инхибираат дејството на лекот и треба да штитат од создавање желба за нова консумација Консумацијата на кокаин е на рекордно ниво. Според податоците на ОН, во 2021 година, околу 22 милиони луѓе ја консумирале оваа дрога. Во однос на […]

Во Боливија запленети 7,2 тони кокаин во вредност од 451 милион долари


Боливиската полиција заплени повеќе од 7,2 тони кокаин, што е втора рекордна заплена на дрога во земјата, со проценета улична вредност од 451 милион долари. Министерството за полиција на Боливија соопшти дека дрогата била наменета да се испрати во Белгија. Акцијата била спроведена во регионот Писих, на границата со Чиле, а дрогата била скриена во […]