Филмска вечер за деца и млади во Кинотеката


Францускиот институт во Скопје заедно со Кинотека на Северна Македонија организира вечер посветена на младите и оние што се чувствуваат така, со интересен анимиран филм на Реми Шаје и одлична комедија претставена на официјалната селекција на Канскиот филмски фестивал во 2020 година. Во терминот од 18 часот вечер ќе може да се погледне анимираниот филм […]

Во Кинотека изложба на филмски плакати: „Филмовите што ги сакавме (1947 – 1980)“


Државниот архив на Република Северна Македонија и Историскиот архив на Пожаревац в понеделник во Скопје ќе потпишат меморандум за соработка, а истиот ден во Скопје ќе биде отворена изложбата на филмски плакати и рекламен филмски материјал, со наслов „Филмовите што ги сакавме (1947 – 1980)“, изработена од Историскиот архив на Пожаревац. Отварањето е во 12 […]

И Кинотека ги отвора вратите за кучињата придружници


И Кинотека, по  Археолошкиот музеј на Република Северна Македонија ги отвора своите врати за кучињата придружници на лицата со попреченост. – Апелираме дека институциите од областа на културата треба да бидат достапни секому и да придонесат за подигнување на свеста и овозможување слободен пристап на кучињата придружници – наведува КИнотека на својата Фејсбук страница. Од […]

Рајко Грлиќ доаѓа во Скопје : Славните филмови во Кинотека


Филмски омаж на режисерот Рајко Грлиќ со наслов „Чуварот на благородната утопија“ ќе се одржи од 31 мај до 4 јуни во Кинотеката на Македонија. Тој ќе биде лично присутен на проекциите. – Грлиќ се школувал на прочуената филмска школа ФАМУ во Прага, Чешка, која во наследството ја има и ја негува средноевропската мултикултурна утопија […]

Ретроспективи и авторски програми во мај и јуни во Кинотека


Кинотеката ја објави програмата за мај и јуни во која најавува  спектар од интересни автори и настани, како и неколку значајни ретроспективи. На почетокот на мај ќе има филмови во рамки на Деновите на руски филм, а по повод Денот на победата, како и „Оберхаузен патува: ретроспектива на Фестивалот на краткометражен филм“ со дваесетина наслови од […]

Месец на франкофонија: Разговор со Седрик Гра и Грегоар Леменаже во Кинотека


Францускиот институт во Скопје, денес, во 17 часот, во Кинотека организира разговор со двајца реномирани француски книжевници, г-дин Cедрик Гра, патописец, и Грегоар Леменаже, уредник на културната редакција на списанието „Ле Новел Обсерватер“, на тема патописна книжевност, како и во знак на омаж на големиот патописец Никола Бувие. По воведниот разговор, следат проекции на документарните […]

Бесплатен филм во Кинотека за секој кој ќе дојде со велосипед


Кинотеката на Македонија почнува акција за подигнување на еколошката свест, па затоа од 1 април, понеделник, секој љубител на филмот кој ќе дојде на проeкција со велосипед ќе добие бесплатна влезница за кино проекциите за тој ден. Акцијата трае до крајот на месец април, а потоа велосипедистите ќе плаќаат 50 проценти од влезницата. Фото: Б. […]

Недела на австралиски филм од 26 до 30 јанаури


„До крајот на светот и понатаму“ е насловена Неделата на австралиски филм која Кинотеката на Македонија ќе ја организира од 26-ти до 30  јануари кога ќе прикаже пет филма од австралиската кинематографија снимени во изминатите две децении. Филмската ревија ќе почне на 26 јануари (сабота) од 20 часот со играниот филм „Црниот балон“ од 2008 […]

Хрватски детски филмови во Кинотека на Македонија


Во Кинотека на Македонија од 9 до 16 јануари ќе се одржи ревија на филмови за деца од хрватската кинематографија. „Хрватските детски филмови се присутни во хрватската кинематографија многу често како екранизација на веќе постоечки книжевни успеси. Но, самата застапеност не би била доволна доколку тие не припаѓале на самиот врв на уметнички успешните филмови, за […]

Министерот Адеми го отвори Фестивалот на современ дански филм во Кинотека


Министерот за култура Асаф Адеми, заедно со постарата советничка во Амбасадата на Кралството Данска во Белград надлежна и за Република Македонија, Мариане Топач, и почесниот конзул на Кралството Данска во нашава земја, Живко Мукаетов, синоќа во Кинотеката на Македонија присуствуваше и се обрати на свеченоста по повод почетокот на манифестацијата „Фестивал на современ дански филм“, […]

Кинотека го одбележува Светскиот ден на аудиовизуелното наследство


Кинотеката на Македонија денеска напладне ќе го одбележи Светскиот ден на аудиовизуелното наследство 27 Октомври. „Твојата приказна во движење“ е мотото под кое годинава низ светот се организираат изложби, проекции, предавања и слични настани. По повод овој ден ќе ја потсети домашната јавност за вредноста и значењето на националното кинематографско наследство и потребата тоа да […]

Недела на мексикански филмови во Кинотека


Од денеска до среда, во Кинотека на Македонија се одржува Недела на мексикански филмови, со шест наслови од мексиканската кинематографија на 21. век. „Со почетокот на новиот милениум, мексиканската кинематографија повторно стана една од најпочитуваните во светското филмско семејство. Или, во најлош случај, еден од најбогатите и најквалитетни расадници на филмски автори, кои последнава деценија […]

Недела на современ јапонски филм во Кинотека


Кинотеката на Македонија во соработка со Амбасадата на Јапонија во Скопје и со поддршка на Министерството за култура, од денес до четврток  организира Недела на современ јапонски филм. Во четирите фестивалски вечери во терминот од 20 часот ќе бидат прикажани четири нови филмови од јапонската кинематографија, снимени од 2013 до 2016 година. Неделата на современ јапонски […]

Ретроспектива филмови од Бергман во Кинотека на Македонија


Филмски циклус посветен на 100 години од раѓањето на Ингмар Бергман (1918-2007) организира Кинотеката на Македонија во соработка со Амбасадата на Шведска во Скопје. Ретроспективата почнува вечерва од 20 часот со филмот „Лето со Моника“, кој Бергман го режирал во 1953 година по сценарио на Пер Андерс Фогелстрем. Според критиката, овој филм на Бергман ги […]

Ретроспектива филмови од Бергман по повод 100 години од неговото раѓање


Филмски циклус посветен на 100 години од раѓањето на Ингмар Бергман (1918-2007) организира Кинотеката на Македонија во соработка со Амбасадата на Шведска во Скопје. Ретроспективата ќе почне в петок од 20 часот со филмот „Лето со Моника“ кој Бергман го режирал во 1953 година по сценарио на Пер Андерс Фогелстрем. Според критиката, овој филм на […]

Есенско издание на „Скопје Синема Сити“ во Кинотека


На 5-6. октомври годинава, во Кинотека на Македонија ќе се одржи есенското издание на фестивалот „Скопје Синема Сити“. Оваа година ССС влезе во својата четврта година откако се организира и по тој повод, во текот на годината се организираат четири филмски настани. Централно место во програмата на „Синема Сити“ зазема музиката и нејзиното филмско претставување. […]

Кинотека на Македонија меѓу најдобрите арт кина во Европа


Кинотека на Македонија е прогласена за едно од најдобрите арт кина во Европа според блогот Spotted by locals. На блогот се објавени водичи за 71 град креирани од локални жители кои пишуваат за нивните омилени места во градот. Основачите на блогот ги посетуваат сите градови и лично ги запознаваат локалците кои пишуваат за блогот и […]

Филмскиот циклус „Уредник со причина“ ќе го почне гитарската легенда Влатко Стефановски


Кинотеката на Македонија овој месец ќе го воведе филмскиот циклус „Уредник со причина“ во кој ќе бидат прикажувани филмови избрани од некоја јавна личност. Прв уредник на филмови по личен избор ќе биде гитарската легенда Влатко Стефановски. – Програмата ќе претставува филмска селекција која го потенцира персоналниот аспект на доживувањето на едно филмско дело и […]