Документарецот „Европа: Еден континент, пет света“ пред скопската публика во Кинотека


По повод Светскиот ден на змиите, Македонското еколошко друштво вечерва во дворот на Кинотеката на Македонија во Скопје организира бесплатна проекција на документарниот филм „Европа: Еден континент, пет света“, во кој значајно место има и Голем Град во Преспанското Езеро, познат како „Змиски остров“. Како што соопштуваат од МЕД, проекцијата ќе почне во 20:30 часот, […]

Во Кинотека филмски омаж на Анте Поповски по повод 95 години од неговото раѓање


Од денеска до 6 јуни во соработка со Здружението за зачувување на делото на Анте Поповски „Антево перо“, во Кинотеката ќе се одржи филмски омаж на академик Анте Поповски по повод 95 години од раѓањето на поетот. Како што информираат од кинотеката, во таа пригода ќе бидат прикажани повеќе филмови во кои Анте Поповски е […]

Проекција на „Борго” (2024), од Стефан Демустие во четврток во Кинотека


Францускиот институт во Скопје и Кинотека имаат чест најавија нова проекција на месечните „Кино средби”, во рамките на кои се прикажуваат современи француски филмови. Во четврток, 28 мај 2026, 20:00 часот, во Кинотека, ќе биде прикажан „Борго” (2024, 118 мин.), филм на Стефан Демустие, со Хафсија Херзи, Муса Мансали и Луј Меми. Мелиса, 32-годишна искусна […]

Филмски омаж на Анте Поповски по повод 95 години од раѓањето во Кинотека


Од 3-6 јуни во соработка со Здружението за зачувување на делото на Анте Поповски „Антево перо“, во Кинотеката на РС Македонија ќе се одржи филмски омаж на академик Анте Поповски по повод 95 години од раѓањето на поетот. Во таа пригода ќе бидат прикажани повеќе филмови во кои Анте Поповски е сценарист или продуцент, со […]

Проекција на филм за Марија Шнајдер на „Кино средби” во Кинотека


Францускиот институт во Скопје и Кинотека ги организираат месечните „Кино средби” на кои ќе бидат прикажани современи француски филмови како и големи класици на француската кинематографија. Овие кино средби денеска продолжуваат со проекцијата на „Марија” (2024), од Жесика Пали, со Анамарија Вартоломеj, Мет Дилон и Џузепе Маџо, во Кинотека. Во „Марија”, Жесика Пали раскажува за […]

Нова поштенска марка по повод 50 години Кинотека на Македонија


Нова поштенска марка, изработена од авторот Лазе Трипков, ќе биде промовирана денеска во Кинотека на Македонија, по повод јубилејот – 50 години постоење на оваа институција.  На настанот ќе се обратат директорот на Кинотеката, Бошко Грујоски, директорот на Поштенски сообраќај во АД Пошта,  Бојан Кереместевски,  како и раководителот на Архивот на Кинотеката, Игор Старделов.

Промоција на монографијата „70 години македонски филмски плакат 1952 – 2022“ во Кинотека


 Во Кинотеката на Македонија вечер ќе биде промовирана публикацијата „70 години македонски филмски плакат 1952 – 2022“. Монографијата опфаќа богата збирка од највпечатливите и најистакнатите плакати креирани во периодот од 1952 до 2022 година, како визуелна хроника на македонската филмска уметност, дизајн и естетика. -Овој ексклузивен настан претставува значаен културен момент во одбележувањето седум децении […]

Проекција на шпанскиот трилер „Пиги“ во Кинотека


Шпанскиот трилер „Пиги“ на режисерката Карлота Переда вечер ќе биде прикажан во Кинотека. Проекцијата на филмот се реализира како соработка на Кинотека и Амбасадата на Шпанија во нашата земја. – „Пиги“ е маестрален спој на психолошки трилер и хорор, создаден врз основа на наградуваниот краток филм на Переда од 2018 година. Филмот храбро ги отвора […]

Проекција на кратките филмови од учесниците на „Филмска училница“


Во Кинотека вечер ќе се одржи специјална проекција на кратките филмови изработени од младите филмаџии – учесници на работилницата „Филмска училница“, реализирана од Кинотеката на Република Северна Македонија и Гете-институт Скопје, како дел од меѓународниот проект ФилмЕД. Премиерно ќе бидат прикажани четири кратки филма создадени во рамките на училницата: Клетвата на папагалот,  ти и јас, […]

Денови на словенечки филм во Кинотека


Во Кинотека на Македонија од 9 до 11 октомври ќе се одржат Деновите на словенечки филм, на кои македонската публика ќе има можност да погледне три понови филмски остварувања од Словенија. Фестивалот ќе биде отворен денеска со долгометражниот филм „Спасение за почетници“ (2024) на режисерката Соња Просенц, кој на хумористичен и трагикомичен начин ги истражува […]

Денови на хрватски филм во Кинотека


Од денеска до 20 септември во Кинотека ќе се одржува манифестацијата Денови на хрватски филм. Публиката ќе има можност да се запознае со избор од најзначајните и најуспешните дела на хрватско кино. Церемонијата на отворањето ќе почне со филмот „Ustav Republike Hrvatske“ (2016) во режија на Рајко Грлиќ. Манифестацијата се одржува во соработка со Кинотеката […]

Кинотека ја почнува Филмската училница 2025


Кинотека на Македонија од денеска ја почнува новата Филмска училница, едукативна програма наменета за ученици од основното образование, на возраст од 11 до 14 години.  Филмската училница ќе се одвива секоја сабота, во текот на десетина последователни викенди, до почетокот на декември. Учесниците ќе имаат можност да се запознаат со процесот на создавање филм – […]

Филмска ревија со македонски филмови во Кинотека по повод 75 години ДФРМ


По јулските проекции, филмската ревија во Кинотека во чест на јубилејот – 75 години од основањето на Друштвото на филмски работници (ДФРМ) продолжува денеска со „Трето полувреме“ на Дарко Митревски, а во деновите што следуваат публиката ќе има можност да ја проследи јубилејната филмска ревија од избрани македонски филмови кои оставиле длабока трага во нашата […]

„Бубачки“ на Игор Иванов Изи во Кинотека во рамките на јубилејни проекции на македонски филмови


Декемвриската програма на Кинотеката ја збогатуваат филмови кои ја обележаа историјата на македонската кинематографија. Со овие проекции публиката има можност повторно да се потсети на овие филмови, кои преку различни наративи и жанрови ја прикажуваат македонската култура, историја и живот. По повод 20-годишнината од премиерата на „Бубачки“ по сценарио и режија на Игор Иванов Изи, […]

Проекција на грчкиот филм „Божиќното танго“ во Кинотека


Амбасадата на Грција денеска во Скопје организира проекција на филмот „Божиќното танго“ во режија на Никос Кутелидакис. „Божиќното танго“, како што посочуваат од Грчката амбасада, е дел од серијата филмски проекции насловена „Ајде да се запознаеме“ со цел да се прикажат современи грчки филмови кои се многу сакани од публиката во Грција, но и во […]

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола


 Со седумнаесеттата „Недела на јапонски филм“, Амбасадата на Јапонија, „Кинотека“ и Центарот за култура – Битола ќе ја прослават 30-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете држави. Како што информираат од јапонската Амбасада, амбасадорот на Јапонија вечерва во 20 часот во „Кинотека“ ќе го отвори седумнаесетото издание на Неделата на јапонски филм, а на отворањето […]

Во Кинотека „Ден на корејската култура во Скопје“


Амбасадата на Република Кореја во соработка со Кинотека на Македонија денеска организира „Ден на корејската култура во Скопје“. Предвидени се проекции на два филма во Кинотека. Од 17:00 часот ќе биде прикажан играниот филм „Помеѓу боговите: двата света“, јужнокорејски фантастичен акционен филм од 2017 година, во режија на Ким Јонг-хва. Филмот е прв дел од […]

„Ајде да се запознаеме“ – серија проекции на современи грчки филмови


Во Кинотека вечер почнува серијата проекции на современи грчки филмови со наслов „Ајде да се запознаеме“ што ја организира Амбасадата на Грција во Северна Македонија. Прв ќе биде прикажан повеќенаградуваниот филм „Мала Англија“ (2013) на Пантелис Вулгарис, а влезот е бесплатен. Вулгарис е еден од најзначајните грчки режисери, кој заедно со Теодорос Ангелопулос е главен […]

Кинотеката ќе го одбележи 27 Октомври – Светскиот ден на аудиовизуелното наследство


Кинотеката денеска ќе го одбележи 27 Октомври – Светскиот ден на аудиовизуелното наследство со презентација на проектот за дигитална реставрација на филмот ПИСМО на филмскиот и театарски режисер Васил Христов – Вуси. До крајот на октомври пак, во вечерните термини на филмската програма ќе бидат прикажувани наслови од македонската кинематографија кои годинава одбележуваат своевиден јубилеј. […]

Денови на португалска кинематографија во Кинотека


Во Кинотека на Македонија денеска започнуваат Деновите на португалска кинематографија на кои ќе бидат прикажани ремастирани копии на општествено ангажираните неколку децении стари филмски творби. Како што информираат од Кинотека, филмовите се речиси непроценлив историски документ, создадени во центарот на турбулентните настани во тогашната Португалија. Тоа се и своевидни манифести за односот меѓу киното и […]