Кина оствари економски раст од 8,1 отсто во 2021 година


Кинеската економија оствари раст од 8,1 отсто во 2021 година, а растот на бруто домашниот производ по глава на жител беше осум отсто, објави Националното биро за статистика. „Кинеската економија издржа повеќекратни домашни и меѓународни притисоци во 2021 година и постигна економски раст од 8,1 отсто и раст на БДП по глава на жител од […]

Кина во ОН бара воздржаност од сите страни во Украина


Кина повика на воздржаност од „сите страни“ за да се избегне понатамошна ескалација во украинската криза, повикувајќи на дипломатско решение за време на итниот состанок на Советот за безбедност на ОН. „Сите засегнати страни мора да покажат воздржаност и да избегнуваат каква било акција што може да поттикне тензии. Го поздравуваме и охрабруваме секој напор […]

Кинески воен брод насочил ласер кон австралиски воен авион


Брод на кинеската воена морнарица насочил ласер кон австралиски воен авион кој летал над северните приоди на Австралија, потенцијално загрозувајќи човечки животи, соопшти денеска австралиското Министерство за одбрана. Авионот П-8A Посејдон откри ласер кој бил емитуван од бродот на морнарицата на Народноослободителната војска на Кина, се наведува во соопштението на Министерството за одбрана на Австралија […]

Зошто олимписките спортисти добиваат панди наместо медали?


Некои спортисти стигнуваат до подиумот на Зимските олимписки игри во Пекинг во 2022 година, подготвени за злато и за добивање – милувачка панда. Ако сте се запрашале зошто спортистите наместо медали добиваат плишана маскота панда Бинг Двен Двен, не грижете се, сите олимписки спортисти на крајот ги добиваат своите медали. Се разликува во зависност од […]

Кина со еден потег ја крена цената на челикот на 150 долари за тон


Цената на железната руда го надмина нивото од 150 долари за тон, бидејќи Кина го помести рокот за домашната гигантска индустрија за челик да почне да ги намалува емисиите на јаглерод за пет години, давајќи му приоритет на економскиот раст. Емисиите на јаглерод од огромниот и високо загадувачки сектор на челик во Кина се очекува […]

ЗОИ: Трето злато за Кина по триумфот на Гу во слободно скијање


Натурализираната Кинеска Ејлин Гу го освои првото место во слободно скијање дисциплина „Биг ер“. Таа утринава до златниот медал дојде со резултат 188,25 бодови. Гу која е родена во Сан Франциско (САД) го обезбеди третиот златен медал за Кина на Олимпијадата во Пекинг, по што домаќините се лидери на листата медалисти. Второто место и припадна […]

Кина е против натамошно ширење на НАТО


Кина смета дека проширувањето на НАТО не придонесува за глобалната безбедност и стабилност, се наведува во соопштение објавено денеска на веб-страницата на кинеското претставништво во ЕУ. Се проценува дека 30 години по крајот на Студената војна, НАТО продолжува да го проширува опсегот на операции, блок-политика и конфронтации, а тоа не придонесува за глобалната безбедност и […]

Во судирот со САД за Украина, Путин има помош од Кина


  ПЕКИНГ – Додека Соединетите Држави се обидуваат да извршат максимален притисок врз Русија поради стравувањата од инвазија на Украина, рускиот лидер Владимир Путин најде олеснување кај својот најблизок партнер, моќната на светската сцена, Кина. Кина изрази поддршка за поплаките на Путин против Соединетите Држави и НАТО, се приклучи на Русија во обидот да ја […]

Кинезите ја дочекуваат Годината на тигарот


САД– Кинезите ширум светот се подготвуваат да ја дочекаат Годината на тигарот. Според традиционалниот кинески месечев календар, новата година почнува вечерва, на полноќ во Пекинг. Годината на тигарот следи по Годината на бикот. Тигарот, третото од 12 хороскопски животни во кинеската митологија, претставува енергија и движење. Кинеската Нова Година во 2022 година (1 февруари) ја носи Годината […]

Кина првпат годинава ќе произведе 50 отсто енергија од обновливи извори


Горивата од обновливи извори како што се ветрот, сонцето и хидроелектраните, како и нуклеарната енергија, до крајот на оваа година, првпат во историјата, би можеле да достигнат половина од вкупното кинеско производство на енергија и да ја намалат употребата на фосилни горива, соопшти Кинескиот совет за електрична енергија. Кина, која моментно се наоѓа на прво […]

ЕУ ја тужи Кина во СТО заради Литванија


Европската унија соопшти дека поднела тужба против Кина во Светската трговска организација (СТО) поради дискриминаторски трговски практики кон Литванија. Постапките на Кина се дискриминаторски и незаконски според правилата на СТО и ги кршат правата на извозниците и во Литванија и во другите земји-членки на ЕУ, бидејќи тие влијаат на литванските производи извезени од други земји […]

Кина регистрира најмал локален пренос на ковид случаи на дневно ниво


Кина– Кина денеска го потврди најмалиот локален број дневни ковид случаи во речиси два месеци. Претходно, беа воведени национални стратегии за затварање на цели заедници и деловни активности. Земјата вчера имала 23 локални инфекции, а претходниот ден бројката изнесувала 43, со што четири дена по ред се намалува бројот на симптоматски случаи. Воедно, ова е […]

Откако создаде „вештачко сонце“ пожешко од Сонцето, Кина прави „вештачка месечина“


Кина постигна неверојатен подвиг во средата откако нејзиното вештачко Сонце достигна температури кои се пет пати повисоки од Сонцето. Ако тоа не беше доволно, првата вештачка месечина во земјата е исто така подготвена. Вештачкото сонце пет пати е потопло од Сонцето „Вештачкото сонце“ наречено EAST (Experimental Advanced Superconducting Tokamak) е реактор за нуклеарна фузија. Постави […]

Кинезите го отворија својот најдолг подводен тунел


По четири години изградба, Кина го отвори својот досега најдолг подводен тунел, кој е дел од нов автопат. Тунелот е долг 10,79 километри и поминува под изерото Таиху, во источната кинеска провинција Џијангсу. Изградбата чинела 1,56 милијарди долари, а тунелот пона да се гради во 2018 година. Во неговата изградба искористени се 2 милиони кубни […]

Кина стави во карантин град од 1,2 милиони жители по само три случаи на ковид


  Три асимптоматски случаи на Ковид-19 беа доволни за кинеските власти да затворат град со 1,2 милиони луѓе во понеделникот, придружувајќи им се на 13 милиони други во затворениот Шијан, каде локалните власти побараа уште повеќе да се заострат ограничувањата. Пекинг се држи до својата стратегија за нулта-ковид пред претстојните Зимски олимписки игри следниот месец, […]

Најмалку 15 лица повредени во земјотрес во Кина


Најмалку 15 лица се повредени во земјотресот со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала што денеска го погоди кинескиот град Лиџијанг во југозападната провинција Јунан, соопшти локалната сеизмолошка агенција. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри, наведува агенцијата. Други податоци за евентуална материјална штета засега не се соопштени.

Вашингтон Тајмс: Кинеската војска истражува војување со помош на контрола на умот


САД– Американското Министерство за трговија воведе санкции за кинески технолошки компании, откако минатата недела објави дека кинеската војска била вклучена во „опасна работа поврзана со истражување за војување со помош на контрола на умот“. Објавувањето на санкциите дојде со ограничени детали за наводната работа на КинескатаВоено-медицинска академија и 11 други кинески истражувачки институти, објави „Вашингтон […]

Кина стави во карантин уште еден град


  На уште стотици илјади луѓе им беше наредено да останат дома во северниот дел на Кина во вторникот, приклучувајќи им се на милиони под строго заклучување во Ксиан додека владата се обидува да спречи влошување на појавата на Ковид-19. Јан’ан, кој е на околу 300 километри од Ксиан, нареди затворање на бизнисите во вторникот […]

Во Кина најголем дневен пораст на заразени со корона вирус по повеќе од 20 месеци


  Кина забележа најголем дневен пораст на случаи со Ковид-19 во 21 месец, откако бројот на заразени двојно се зголеми во северозападниот град Џиан, најново жариште на болеста. Градот со 13 милиони жители, кој влезе во четвртиот ден од локадаунот, во саботата откри 155 локално пренесени инфекии со потврдени симптоми, што е 75 повеќе од […]

Кина ја казни „кралицата за пренос во живо“ Вија со 210 милиони долари за даночно затајување


Кинеската шопинг инфлуенсерка за пренос во живо, Хуанг Веи, позната како Вија, доби казна од неверојатни 210 милиони долари за даночно затајување и ги укина социјалните мрежи. На Вија, позната во Кина и како „кралица за пренос во живо“ – и беше наредено да плати 1,34 милијарди јуани заостанати даноци, задоцнети такси и казни, објави […]