Кина има најголем број нови корона случаи од почетокот на пандемијата


  Националната здравствена комисија денеска потврди 13.146 инфекции со коронавирус во Кина, најмногу од почетокот на пандемијата. Повеќето случаи, 11.691, се асимптоматски според официјалната статистика. За време на инспекциската посета на Шангај во саботата, кинескиот вицепремиер Сун Чунлан забележа „непоколебливо почитување“ на епидемиолошката стратегија која предвидува брзо воведување полициски час, масовно тестирање и карантин дури […]

Лавров пристигна во Кина, прво се сретна со кинескиот колега


Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, утрово допатува во Кина, во прва посета откако Москва пред еден месец започна инвазија врз Украина. Руското Министерство за надворешни работи потврди дека Лавров слетал во источниот град Хуангшан, објавувајќи фотографии од делегатите како излегуваат од авионот и како се пречекани од кинески здравствени службеници во заштитни костими. […]

Раст на продажбата на возила на нови извори на енергија во Кина


Производството и продажбата на возила напојувани со нови извори на енергија во Кина драстично се зголеми во првите два месеца од оваа година и покрај пандемијата на коронавирусот, како и зголемените цени на суровините, се наведува во извештај на Кинеската академија за информации и комуникациски технологии. Според извештајот, „во јануари и февруари се произведени околу […]

Во Кина нови 4.988 случаи со Ковид-19, расте фрустрацијата меѓу популацијата


Кина – Кина денеска регистрираше речиси 5.000 случаи на Ковид-19. Властите продолжуваат да се борат со високо преносливата омикрон варијанта на вирусот, додека фрустрацијата меѓу популацијата расте, јави Гардијан. Како што наведува медиумот, по смртта на медицинско лице во Шангај, кое било одбиено за хоспитализација откако имало напад на астма, многумина се лути што мерките […]

Кина прекуноќ затвори град поради омикрон


Кина прекуноќ затвори индустриски град со девет милиони жители, информирајќи денеска за над 4.000 случаи позитивни на коронавирус. Кинеската стратегија „нулта-Ковид“ се соочува со бран на варијантата омикрон, јавија локални медиуми. Со нови 4.770 инфекции ширум земјата, синоќа се донесе одлука, градот Шенјанг да биде под „локдаун“. Во Шенјанг, индустриски град на фабрики како производителот […]

Не се пронајдени преживеани по падот на авионот во Кина


По падот на авионот на кинеската авиокомпанија Чајна Истерн Ерлајнс, во кој имаше 132 лица, не се пронајдени преживеани, а потрагата продолжува денеска, јави кинеската државна телевизија. Во извештајот се наведува дека меѓу остатоците од авионот кои се пронајдени на местото на несреќата, досега не е пронајдено ниту едно лице. Синхуа јави дека авионот создал […]

Кинески заменик-министер: Санкциите кон Русија се претерани


Заменикот-министер за надворешни работи на Кина, Ле Јученг, вели дека НАТО не треба и понатаму да се шири кон исток и на тој начин да става нукеларна сила како Русија во ќош. „Санкциите кон Русија стануваат претерани“, изјави Ле Јученг во Пекинг, пренесе Ројтерс, Кина не го осуди рускиот напад на Украина, но изрази загриженост […]

„Билд“: Лавров полета за Пекинг, па се врати во Москва


Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров синоќа со авион полета за Пекинг, но некаде на половина пат, над Сибир, се врати на аеродромот во Москва, дознава германски „Билд“. Како што наведува весникот, авионот поминал  2.800 километри, пред да се врати на аеродромот. Не е јасно што точно се случило, додава весникот, дали Пекинг можеби […]

Кина „не е страна“ во конфликтот во Украина


Кина – Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји рече дека неговата земја „не е страна“ во војната во Украина по руската инвазија, пренесува ДПА. Во телефонскиот разговор со шпанскиот колега Хозе Мануел Албарес, Ванг порача дека неговата влада „не сака санкциите да влијаат на Кина“, се вели во денешното соопштение на кинеското Министерство за надворешни […]

Коронавирусот продолжува да се шири во Кина


Кина– Коронавирусот продолжува да се шири во Кина. Земјата е зафатена од најлошиот бран на инфекции со Ковид-19 од почетокот на пандемијата, јави ДПА. Нови 5.154 инфекции беа евидентирани во земјата во текот на вчерашниот ден, според денешниот извештај, поставувајќи нов максимум во сегашниот бран на коронавирус. Нови инфекции се регистрирани во 20 региони во земјата, […]

Милиони жители на Шенжен во карантин заради коронавирусот


Кина –  Седумнаесет милиони жители на јужниот кинески град Шенжен се ставени во картантин откако се пријавени 66 нови случаи на коронавирус, соопшти локалната власт, која исто така го затвори деловниот кварт. Властите во градот, во кој се сместени технолошките гиганти како „Хуавеј“ и „Тенцент“, побараа од жителите да останат дома поради зголемувањето на случаите на […]

Во Кина во карантин ставен 17-милионскиот Шежен поради 66 случаи на КОВИД-19


Кина во неделата објави дека има 1.807 нови локални случаи на КОВИД- 19, најмногу во последните две години и три пати повеќе од претходниот ден, а го затвори 17-милионскиот град Шежен поради 66 случаи. Бројките на Кина се далеку под оние во другите земји, но новиот раст ги загрижува властите, кои воведоа најстроги мерки за […]

Во Кина рекорден број новозаразени со коронавирусот од почетокот на пандемијата


Во Кина денеска се регистрирани 3.393 случаи на заразени со коронавирусот, што е најмногу во еден ден од почетокот на пандемијата во февруари 2020 година. Поради големиот скок во бројот на случаи низ целата земја, властите ги затворија училиштата во Шангај и заклучија неколку градови во североисточниот дел на Кина, додека повеќе од десет провинции […]

Промена на курсот: Кина за прв пат ја нарече инвазијата на Украина „војна“


  Кина го нарече нападот на Путин врз Украина како „војна“ во четвртокот, означувајќи го промената на тонот на Пекинг, кој ја повлече линијата помеѓу поддршката и осудата на Русија во последните две недели. „Се надеваме дека борбите и војната ќе престанат што е можно поскоро“, ја цитира државната телевизија ЦЦТВ изјавата на министерот за […]

Кина „затвори“ град од девет милиони жители поради Ковид-19


Кина денеска нареди затворање на североисточниот град Чангчун – град со девет милиони жители, во услови на ново зголемување на бројот на случаи на Ковид-19 во областа. Од жителите се бара да останат дома и да поминат три рунди на масовно тестирање, додека несуштинските активности се затворени и транспортните врски прекинати. Кина денеска пријави уште […]

Кина одби да ги снабдува руските авиокомпании со делови


Кина одби да им испорача делови за авиони на руските авиокомпании, изјави денеска портпарол на Администрацијата за воздушен транспорт Росавијација. Тој истакна дека Русија ќе бара можности да набавува делови за авиони од други земји, вклучително и Турција и Индија.

ЕК: Кина има потенцијал да влијае врз Русија за прекин на војната


 Портпаролот за надворешна политика во Европската Комисија, Петер Стано, потврди дека Европската Унија не ја исклучува Кина за притисок врз Русија, јави дописничката на МИА од Брисел. Високиот претставник за надворешна политика, Жозеп Борел, е во контакт со кинеските власти со цел да се најде решение за руско-украинскиот конфликт, изјави денеска портпаролот Стано. Во контекст […]

Кина ја продлабочува соработката со Русија за „стратешко партнерство за нова ера“


Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји денеска во Пекинг изјави дека Кина ќе продолжи да ја продлабочува стратешката соработка со Русија. – Кина и Русија ќе го задржат својот стратешки фокус и ќе продолжат да го продлабочуваат кинеско-руското сеопфатно стратешко партнерство за нова ера, истакна Ванг на прес-конференција. Тој, исто така, нагласи дека Кина […]

Австралија ја повика Кина да се приклучи против руската инвазија


Австралискиот премиер Скот Морисон ја повика Кина да се приклучи на глобалните напори за ставање крај на руската инвазија на Украина, бидејќи смета дека не постои земја што ќе има поголемо влијание од Кина врз крајот на војната во Источна Европа. Морисон во својот говор посочи дека руската инвазија не се одвива според планот на […]

Борел се залага Кина да посредува во војната во Украина


Шпанија – Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, се залага Кина да се вклучи во посредувањето во руската војна против Украина. „Нема друга алтернатива. Ние Европејците не можеме да бидеме посредници, јасно е… Ниту САД тоа го можат. Па кој друг? Тоа мора да биде Кина, јас верувам во тоа“, рече Борел во интервју за шпанскиот […]