Канада оди на итни избори на 28 април, премиерот Карни бара јасен мандат да се справи со Трамп


  Канадскиот премиер, Марк Карни, распиша предвремени избори на 28 април, со што започна натпреварот кој се очекува да се фокусира на заладените односи со САД во услови на закани за економската и политичката иднина на Канада. „Се соочуваме со најзначајната криза во нашиот живот поради неоправданите трговски акции на претседателот [Доналд] Трамп и неговите […]

Кој е Даг Форд, премиерот на канадската провинција, кој му се спротивставува на Трамп?


Премиерот на Онтарио, Даг Форд, беше меѓу првите во Канада што го извади американскиот алкохол од полиците во екот на трговската војна со Соединетите Држави (САД). Тој, исто така, го раскина мултимилионскиот договор со Starlink на Илон Маск и не се плашеше да го користи американскиот извоз на енергија како валута, се во обид да […]

Отава воведува реципрочни царини за САД во вредност од 29,8 милијарди канадски долари


Канада ќе воведе одмазднички царини за увозни производи од САД во вредност од 29,8 милијарди канадски долари (20 милијарди американски долари), почнувајќи од утре, како одговор на царините на американскиот претседател Доналд Трамп за челикот и алуминиумот, изјави канадскиот министер за финансии Доминик Леблан. Зголемените американски царини за увоз на челик и алуминиум стапија во […]

Идниот премиер на Канада се справуваше со финансиската криза, па „Брегзит“, а сега и трговската војна на Трамп


  ТОРОНТО – Следниот канадски премиер помогна во управувањето на две економии на Групата седум во криза претходно и сега ќе се обиде да ја води Канада низ претстојната трговска војна што ја донесе американскиот претседател Доналд Трамп, заканата од анексија и очекуваните федерални избори. Поранешниот централен банкар Марк Карни ќе стане премиер откако владејачката […]

Кина воведе царини за Канада


Кина денеска објави царини за канадски земјоделски и прехранбени производи вредни повеќе од 2,6 милијарди долари, возвраќајќи на давачките наметнати од Отава во октомври и отворајќи нов фронт во трговската војна главно поттикната од царинските закани од американскиот претседател Доналд Трамп. Давачките, објавени од кинеското Министерство за трговија и кои треба да стапат на сила […]

Канада има одговор за царините на Трамп – извозот на нафта и гас


 Канада потенцијално би можела да го искористи извозот на нафта и гас како преговарачка алатка доколку ескалира спорот со САД околу царините за канадскиот извоз, изјави министерката за надворешни работи на Канада, Мелани Џоли. Канада се заканува дека ќе воведе царини на американски увоз во вредност од околу 108 милијарди американски долари, но се уште […]

Трамп воведе царини за Канада и Мексико, ги зголеми за Кина. Веднаш стигна одговор


Американскиот претседател Доналд Трамп воведе царини од 25 отсто за увоз од Канада и Мексико. Трамп објасни дека тарифите се одговор на, како што тврди, неприфатливиот проток на нелегални дроги и недокументирани мигранти во САД од двете соседни земји. „Нема повеќе простор за Канада и Мексико“, рече Трамп во Белата куќа. Претседателот додаде дека единствениот […]

Тарифите ќе го запрат производството на автомобили во Канада за една недела


ТОРОНТО – Купувачите на автомобили и работниците во автомобилската индустрија во јужниот дел на Онтарио можеби се меѓу првите што ќе ја почувствуваат болката од новите царини од 25 проценти наметнати од американскиот претседател Доналд Трамп – а влијанието може да биде многу пошироко. Синдикатите и владите проценуваат дека има над 100.000 авто-работници и уште […]

Извор од канадската влада: Американците не информираа дека ни воведуваат царини


Канада доби потврда дека од вторник ќе бидат воведени царини од 25 отсто за сите стоки што се извезуваат во САД, освен за нафтата, која ќе има царина од 10 отсто, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на извор во канадската влада. Канадскиот премиер Џастин Трудо треба подоцна да одржи прес-конференција во Отава, потврди истиот […]

Либералната партија на Канада на 9 март ќе избира нов лидер


Либералната партија на Канада (ЛПК) соопшти на 9 март ќе избира нов лидер откако Џастин Трудо најави повлекување од лидерската функција. – Либералната партија на Канада на 9 март ќе избере нов лидер и ќе биде подготвена да се бори и да победи на изборите во 2025 година, се наведува во партиското соопштение. Името на […]

Трамп провоцира: Објави карта на која Канада е дел од САД


  Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во вторникот сподели мапа на неговата платформа „Truth Social“ на која е прикажана Канада како дел од САД. Објавата следи по неговите повторени изјави дека Канада станала „51-ва земја“ од неговата изборна победа во ноември. „Многу луѓе во Канада сакаат да бидат 51-та земја. Соединетите Американски Држави повеќе не […]

Трудо: Канада нема да стане дел од САД


Канадскиот премиер во заминување Џастин Трудо ја отфрли изјавата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп дека може да употреби „економска сила“ за да ја направи Канада 51-та американска држава. -Нема шанси Канада да стане дел од Соединетите Држави. Работниците и заедниците во двете наши земји имаат корист од тоа што меѓусебно се најголеми трговски и […]

Трамп не ја исклучува можноста од испраќање војска да ги заземе Гренланд и Панамскиот канал


Новоизбраниот претседател Доналд Трамп денеска зборуваше од неговата резиденција во Мар-а-Лаго, Флорида и одговараше на прашања на новинарите. „Можете ли да му дадете гаранција на светот дека нема да употребите економска или воена сила додека се обидувате да ја преземете контролата врз тие области?“, го праша новинарот. „Не“, кратко одговори Трамп. Неговата неочекувана изјава доаѓа […]

Канада разгледува опции за царини за американски стоки како одговор на заканите на Трамп


 Канада веќе разгледува опции за да возврати со царини за одредени американски производи доколку новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп ја исполни својата закана дека ќе воведе царини за бројни производи од Канада, изјави висок функционер на таа држава. Трамп се заканува дека ќе воведе царини за стоки од Канада и Мексико по преземањето на […]

Тарифите на Трамп ќе ги зголемат цените на сѐ во САД – од гасот, преку зеленчукот до автомобилите


  ЊУЈОРК – Новоизбраниот претседател Доналд Трамп во понеделникот се закани дека ќе воведе огромни нови царини за Мексико, Канада и Кина веднаш штом ќе ја преземе функцијата, како дел од неговите напори за сузбивање на илегалната имиграција и дрогата. Тој рече дека ќе воведе данок од 25 отсто за сите производи што влегуваат во […]

Во Канада потврден првиот случај на мајмунски сипаници


Агенцијата за јавно здравје на Канада (ПХАК) го потврди првиот случај на мајмунски сипаници во земјата, кај лице од провинцијата Манитоба. Лицето побарало лекарска помош поради симптоми на мајмунски сипаници веднаш по враќањето во Канада од странство и сега е во изолација, се наведува во соопштението на ПХАК. Инфицираното лице патувало во Централна и Источна […]

Канада воведува царина од 100 отсто за увоз на кинески електрични возила


Канадскиот премиер Џастин Трудо денеска изјави дека Канада воведува царина од 100 отсто на увоз на електрични возила произведени во Кина, како и 25 проценти царина за увоз на кинески челик и алуминиум. – Актерите како Кина избраа да си дадат неправедна предност на глобалниот пазар, истакна премиерот на Канада, Џастин Трудо. Владата на Трудо […]

Канада воведе санкции кон Русија поради нејзината инвазија на Украина


 Канада, во координација со САД и Велика Британија, објави дека воведува санкции за 10 лица и 153 организации поврзани со Русија поради нејзината инвазија на Украина. Санкциите се насочени кон поединци и организации кои ја поддржуваат војната преку финансирање, логистика и нивно избегнување. Списокот вклучува високи функционери во приватни и државни компании регистрирани во Русија […]

Канада го одложи воведувањето на можноста за евтаназија на ментално болни лица


Канадската влада одлучи да го одложи воведувањето на можноста за евтанзазија на ментално болни луѓе што требаше да почне во март годинава. Министерот за здравство Марк Холанд и министерот за правда Ариф Варани соопштија дека оваа мерка засега ќе биде одложена, откако специјалната парламентарна комисија заклучи дека земјата нема доволно ресурси за да изврши ваков […]

Повторно е отворен мостот меѓу Канада и САД, кој беше затворен по експлозија на автомобил


Граничниот мост меѓу САД и Канада, затворен завчера по експлозија на автомобил во близина на Нијагарините водопади, денеска е повторно отворен, објавија канадските власти. „Патничкиот сообраќај се нормализира на граничниот премин на Нијагарините водопади „Рејнбоу бриџ“, соопшти канадската агенција за гранични услуги. Граничниот премин, еден од главните копнени премини меѓу двете земји, беше затворен во […]