Од ЦЕРН до американски притвор: Како светски познат турски научник заврши зад решетки?


Турскиот физичар Фуркан Долек, кој беше исчезнат повеќе од една недела, се наоѓа во притворниот центар на американската имиграциска служба (ICE) во државата Њујорк, потврдија турските дипломатски институции по неколкудневна потрага на неговото семејство. Според медиумите, Долек бил уапсен за време на протестниот марш кон Канада, кој го започнал откако му била отфрлена американската истражувачка […]

Трамп и Карни ќе разговараат наредните денови за царините


Американскиот претседател Доналд Трамп и канадскиот премиер Марк Карни веројатно ќе разговараат наредните денови откако САД воведоа царини од 35 проценти на стоки кои не се опфатени со трговскиот договор меѓу Америка, Мексико и Канада. Ова за Си-Би-Ес Њуз го изјави министерот за американско-канадска трговија во федералната влада, Доминик ЛеБланк, и додаде дека е „охрабрен“ […]

Трамп: Трговскиот договор со Канада ќе биде тежок поради плановите за признавање на палестинската држава


Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека ќе биде тешко да се постигне трговски договор со Канада откако канадскиот премиер Марк Карни најави дека неговата земја планира да ја признае палестинската држава. Претходно, Карни изјави дека Канада има намера да признае палестинска држава на годишната сесија на Генералното собрание на Обединетите нации во септември. Канадскиот […]

САД воведуваат 35 отсто царини за Канада, Трамп најавува тарифи за повеќето трговски партнери


Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека од 1 август САД ќе воведат 35 отсто царини на увозот на производи од Канада, додавајќи дека размислува за дополнителни царини од 15 до 20 отсто и за поголемиот дел од останатите трговски партнери. Во писмо објавено на неговата социјална мрежа  Трут Соушл (Truth Social), Трамп го информираше канадскиот […]

Канада попушта пред Трамп: Се поништува контроверзниот закон, сакаат нови преговори


Канада ќе го укине данокот на дигитални услуги, начин на оданочување на интернет компаниите, соопшти нејзината влада во неделата, во обид да ги обнови трговските разговори со САД. Американскиот претседател Доналд Трамп ги откажа трговските разговори меѓу двете земји во петокот, обвинувајќи го данокот, кој го нарече „директен и очигледен напад врз нашата земја“. Во […]

Карни: Обновени се трговските разговори со САД


Канадскиот премиер Марк Карни изјави дека трговските разговори со САД се обновени откако Канада се откажа од својот план за оданочување на американските технолошки компании, јавија американските медиуми. Американскиот претседател, Доналд Трамп, во петокот изјави дека ги откажува трговските разговори со Канада поради нејзините планови за оданочување на технолошките компании, додавајќи дека тоа претставува „директен […]

Трамп ги прекинува трговските преговори со Канада и воведува нови царини


Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека ги прекинува сите трговски преговори со Канада, откако земјата вовела данок на дигитални услуги за американските технолошки компании. Во објава на својата социјална мрежа Трут Соушл (Truth Social), Трамп го нарече данокот „директен и очигледен напад“ врз САД, обвинувајќи ја Канада и за високите царини од 400 отсто на […]

Евакуирани 17.000 луѓе поради шумски пожари во централна Канада


Повеќе од 17.000 луѓе беа евакуирани денеска во провинцијата Манитоба, централна Канада, откако се соочи со многу лош почеток на сезоната на шумски пожари, соопштија локалните власти. Во услови на глобално затоплување, Канада сè почесто е погодена од екстремни метеоролошки појави, вклучително и пожари во шумските предели во последните години. Во 2023 година, земјата ја […]

Мексико планира да го ревидира трговскиот договор со САД и Канада на почетокот на есента


Мексико очекува планираната ревизија на трилатералниот трговски договор со САД и Канада (USMCA) да започне на почетокот на четвртиот квартал од оваа година, изјави денеска мексиканскиот министер за економија Марсело Ебрард. „Официјалниот почеток на евалуацијата се очекува кон крајот на септември, првата недела од октомври“, рече министерот. Ебрард, исто така, минатата среда изјави дека автомобилите […]

Канада никогаш нема да биде на продажба: Канадскиот премиер Карни ја отфрла идејата на Трамп


Канадскиот премиер Марк Карни ја посети Белата куќа во вторникот на своите први разговори со Доналд Трамп и отворено му рече на американскиот претседател дека Канада никогаш нема да биде на продажба. Карни победи на изборите на 28 април со ветување дека ќе му се спротивстави на Трамп, кој воведе царини за некои канадски производи […]

Големиот пораз на Доналд Трамп во Канада


  Марк Карни ја предводеше Либералната партија на Канада до победа во понеделникот по поларизираните и историски избори доминирани од царинската и трговската политика на претседателот Доналд Трамп. Политичарот почетник го донесе четвртиот мандат по ред на либералите во владата, редок подвиг во канадската политика – додека ја запре Конзервативната партија предводена од Пјер Поилиевре. […]

Победникот на канадските избори одржа жесток говор: „Ако САД не сакаат да го водат светот, ние ќе го сториме тоа“


Марк Карни, новиот премиер на Канада и лидер на Либералната партија, им се обрати на своите поддржувачи по неговата изборна победа. Енергичен и решителен, тој го започна својот говор со прашањето: „А кој е подготвен да изгради силна Канада?“, на што толпата ентузијастички го поздрави. Во емотивен и значаен говор, Карни им честиташе на другите […]

Зошто либералите ги победија конзервативците на канадските избори?


Либералите на Марк Карни се на добар пат кон голема изборна победа и се очекува да ја формираат следната канадска влада, искористувајќи го бранот незадоволство од политиките на Трамп, јавува Би-Би-Си. Ова е неверојатен политички пресврт за партија која се сметаше за речиси мртва пред само неколку месеци. Сè уште не е јасно дали либералите, […]

Победа на Либералите во Канада


Либералната партија на Канада, предводена од премиерот Марк Карни, е на добар пат да победи на федералните избори, јавуваат канадските медиуми, по кампањата обележана со провокации и царини од страна на американскиот претседател Доналд Трамп. Гласовите сè уште се пребројуваат, а партнерските мрежи на Си-Ен-Ен, Си-Еј-Ти-Ви и Си-Би-Си, предвидуваат дека либералите ќе освојат доволно места […]

Канада гласа на клучни избори, трансформирани од Трамп


Канаѓаните денеска ќе го дадат својот глас на клучните избори кои се целосно трансформирани од страна на американскиот претседател Доналд Трамп. Конзервативците изгледаа сигурни дека ќе победат на какви било избори со убедлива предност на почетокот на годината, сè додека тарифите на Трамп и неговите навреди за правење на Канада „51-ва држава“ не ја превртеа […]

Крајот на изборната кампања во Канада засенет од нападот во Ванкувер


 Канадскиот премиер Марк Карни и лидерот на Конзервативната партија Пјер Поалиевр ги завршија своите предизборни кампањи во мрачно расположение по нападот во Ванкувер, каде што најмалку 11 лица загинаа откако маж со автомобил прегази луѓе на фестивал на филипинската заедница. Вчера беше последниот ден од петнеделната кампања пред денешните избори, во која Карни и Поалиевр […]

Сѐ повеќе Американци сакаат да студираат во Канада поради мерките на Трамп


Се повеќе студенти кои живеат во САД аплицираат на канадските универзитети или изразуваат интерес за студирање во Канада, откако актуелниот американски претседател Доналд Трамп одлучи да ги намали федералните средства за универзитетите и да ги укине визите за странските студенти, пишува Гардијан. Универзитетот на Британска Колумбија (UBC) во Ванкувер вели дека бројот на апликации за […]

Стелантис привремено затвора фабрика на Крајслер во Канада поради новите американски царини


Поради почетокот на примената на новите високи царини од страна на САД, мултинационалниот конзорциум на производители на автомобили Стелантис од 7 април на две недели ќе затвори една од своите три фабрики во Канада, фабриката на својата марка Крајслер во Виндзор. Таа фабрика на Крајслер, која наскоро ќе наполни 100 години, го произведува минивенот Крајслер […]

Американскиот Сенат го блокира тарифниот удар на Трамп врз Канада


Американскиот Сенат изгласа закон со кој се укинуваат новите царини наметнати на Канада од страна на претседателот Доналд Трамп. Гласањето се одржа само неколку часа откако Трамп воведе опсежни тарифи за увозните производи од најголемиот дел држави во светот. Законскиот акт беше усвоен со 51 гласа „за“ и 48 „против“, по што беше испратен на […]

Карни: Заврши времето за блиска соработка на Канада со САД


 Новиот канадски премиер Марк Карни денеска изјави дека деновите на блиска соработка со САД се „завршени“, бидејќи земјата повеќе не е „доверлив партнер“. „Старите односи што ги имавме со САД, засновани на длабока интеграција на нашите економии и блиска соработка во областите на безбедноста и одбраната, завршија“, рече Карни на прес-конференција. Канадскиот премиер додаде дека […]