Токаев распиша предвремени претседателски избори


Претседателот на Казахстан, Касим – Жомарт Токаев денеска распиша предвремени претседателски избори на 20 ноември. Според политиколозите, на предвремените избори најверојатно ќе победи Токаев. Додека аналитичарите наведуваат дека предвремените избори ги намалуваат ризиците од потенцијално влошување на економијата и губење на поддршката поради геополитичките турбуленции во постсоветскиот простор како целина.

Македонски компании ќе тргуваат со казахстански бизнисмени


Претставници на дваесет македонски и триесет казахстански компании учествуваа на Првиот бизнис форум во организација на Амбасадата на Република Северна Македонија во Казахстан и компанијата „Матрона Конс“. На форумот имаше и претставници од министерствата за надворешни работи и за економија на двете земји, од дел од стопанските комори, како и претставници од земјоделскиот сектор, фармацевтските […]

Казахстан го забрани извозот на нафтени производи во следните шест месеци


Казахстанските министерства за енергетика, внатрешни работи, финансии и Комитетот за национална безбедност потпишаа заедничка наредба со која се воведува забрана за извозот на нафтени деривати со копнен сообраќај. Документот денеска е објавен на веб-страницата на информативниот систем „Параграф“. Од 12 јули стапува на сила забраната за извоз на бензин, дизел гориво и одредени видови нафтени […]

Неочекувана критика за Путин од претседателот на Казахстан


Рускиот претседател Владимир Путин наиде на неочекувана реакција од претседателот на Казахстан, кој го критикуваше за инвазијата на Украина и го постави прашањето за правото на народите на сопствена држава. Рускиот претседател, вчера на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, се обиде да ја оправда својата инвазија на Украина , опишувајќи ја како „легална според […]

Казахстан на референдумот ги поддржа измените на Уставот


Казахстанците на вчерашниот референдум ги поддржаа уставните амандмани предложени од претседателот Касим Жомарт Токаев, соопшти утринава Централната изборна комисија. Токаев ја промовираше реформата како чекор кон либерализација на оваа централноазиска земја богата со нафта, поврзана со Русија, иако клучните лостови на моќ ќе останат во негови раце. Аналитичарите велат дека референдумот може да се сфати […]

Назарбаев негира дека го напуштил Казахстан по тензиите во земјата


 Влијателниот поранешен лидер на Казахстан, Нурсултан Назарбаев, денеска ги негираше наводите дека побегнал од земјата поради тензиите со претседателот Касим-Жомарт Токаев. Назарбаев, кој го водеше Казахстан цели 29 години, денеска издаде куса изјава за смртоносните немири што овој месец ја погодија поранешната советска република. Во своето прво јавно обраќање во врска со протестите, што прераснаа […]

Од полноќ укината вонредната состојба во Казахстан


Вонредната состојба во Казахстан, што беше воведена за време на немирите од почетокот на месецот, заврши ноќеска на полноќ по локално време (20 часот по средноевропско време). Казахстанските власти соопштија дека во сите региони е повторно воспоставен редот и мирот, но дека антитерористичките операции продолжуваат во неколку области, пренесе Тасс. Немирите почнаа на 5 јануари, […]

Силите предводени од Русија почнаа да се повлекуваат од Казахстан


  Силите предводени од Русија почнаа во четвртокот да се повлекуваат од Казахстан каде беа распоредени за да го поддржат режимот на власт, соочен со нереди какви што не се видени, објави руското министерство за одбрана. На свеченоста во Алмати се собраа војниците на Организацијата на договор за заедничка сигурност, сојуз што го предводи Москва. […]

Повлекувањето на трупите на ОДКБ од Казахстан ќе почне за два дена


За два дена ќе започне повлекувањето на војниците на контингентот на Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ) од Казахстан, изјави денеска претседателот на Казахстан Касам-Жомарт Токаев. -Обидот за државен удар не успеа, ситуацијата во сите региони на земјата е стабилна, главната мисија на ОДКБ е завршена, рече Токаев. Претседателот го назначи Алихан Смаилов за […]

Во Казахстан приведени 7.939 лица поради минатонеделните немири


Казахстанските безбедносни сили досега приведоа 7.939 лица во врска со минатонеделните немири, соопшти казахстанското Министерство за внатрешни работи. Минатата недела централноазиската држава ја доживеа најсериозната криза од распадот на Советскиот Сојуз. Владини згради беа нападнати или запалени во неколку градови, откако првично мирните протести поради поскапувањето на горивото прераснаа во судири меѓу демонстрантите и полицијата. […]

Во Алмати стапи на сила полицискиот час, апел до жителите да останат дома


Во најголемиот град на Казахстан, Алмати, во 20 часот по локално време стапи на сила полицискиот час што го најавија сирените. Полицискиот час ќе трае до 7.00 часот наутро, а властите апелираа до жителите на тој град да останат смирени и да не ги напуштаат домовите непотребно, пренесува Риа Новости. Како што јавуваат локалните медиуми, […]

МНР: Нашите граѓани и дипломатскиот персонал во Казахстан се безбедни


Министерството за надворешни работи соопшти дека редовно ја следи состојбата во Казахстан и дека преку Амбасадата во Нур – Султан е во постојана комуникација со нашите државјани кои се наоѓаат во земјата. -И покрај честиот прекин на интернет и телекомуникациските мрежи, сепак се остварува редовен контакт со нашите државјани, кои се наоѓаат на безбедни локации. Засега […]

Во Казахстан е уапсен поранешниот шеф на Националната безбедност


Казахстан– Поранешниот шеф на Комитетот за национална безбедност на Казахстан, Карим Масимов е уапсен под обвинение за предавство. Тој беше сменет од функцијата како последица на немирите што ја потресоа земјата. Според локални медиуми, приведени се уште неколку други лица блиски до него.  Повеќе детали засега не соопштуваат казахстанските власти.

Германија го прекина извозот на оружје во Казахстан


Германија– Германија го прекина извозот на оружје во Казахстан поради тамошните немири, јави ДПА. Преземени се неопходни чекори за да се спречи извозот на таква стока во централноазиската република. Минатата година беа издадени 25 дозволи за испорака на оружје за Казахстан во вкупна вредност од околу 2,2 милиони евра. Тоа е релативно ниска сума, но прекинот […]

Русија се коцка во Казахстан


Кремљ беше затекнат од ненадејната криза во Казахстан, која откако започна како протест против поскапувањата на горивото, се прошири низ огромната земја со молскавична брзина оваа недела и прерасна во насилство во поранешниот главен град Алмати. Само неколку дена пред Нова година, рускиот претседател Владимир Путин беше домаќин и на актуелниот казахстански претседател Касим-Жомарт Токаев […]

Нема повредени или загрозени македонски граѓани во Казахстан, МНР апелира да останат на безбедно


Министерството за надворешни работи вечерва соопшти дека според информациите со кои располага базирани врз остварени комуникации, во Казахстан нема повредени или загрозени граѓани на Македонија. Од МНР апелираат нашите државјани да не ги напуштаат безбедните локации, а тие што планирале патување во таа земја, тоа да го одложат. Во соопштението до медиумите Министерството за надворешни […]

Уапсените во немирите во Казахстан може да се соочат и со доживотни затворски казни


Казахстанското Државно јавно обвинителство отворило предмети за масовните немири во земјата, а истрагата е проширена и за терористички активнисти, јави ТВ каналот „24 Хабар“. „Главното обвинителство на Казахстан отвори кривични предмети за организирање и учество во немири, а почната е и предистражна истрага за терористички акти“, соопшти телевизискиот канал. Како дел од истрагата формирана е […]

Ново насилство во Казахстан, војската пука врз демонстрантите на плоштадот во Алмати


Во главниот град на Казахстан, Алмати, денеска избувна ново насилство откако Русија во текот на изминатата ноќ испрати падобранци во обид да се задуши граѓанскиот бунт во оваа поранешна советска република. Очевидци за британските медиуми изјавија дека во пукотницата има повредени. Истите извори велат дека кон плоштадот се движат воени возила. -Војниците пукаат во демонстрантите […]

Хаос во Казахстан, пристигнаа и руски војници


Казахстан и понатаму го потресуваат немири. Полицијата тврди дека десетици демонстранти биле убиени. Државните медиуми јавуваат и за најмалку 12 загинати полицајци. Стотици луѓе беа повредени. Претседателот на Казахстан, Касим-Жомарт Токаев, побара интервенција од Организацијата на Договорот за колективна безбедност (CSTO) – сојуз составен од Русија, Ерменија, Белорусија, Казахстан, Киргистан и Таџикистан – доцна во […]

Владата во Казахстан ограничува за шест месеци поскапување на горивата во обид да ги смири протестите


Казахстанските власти денеска поставија ограничувања за цената на горивото за шест месеци, откако новогодишното зголемување на цените предизвика протести што се претворија во масовни немири. Демонстрации има низ централноазиската држава од 19 милиони жители оваа недела во знак на бес поради зголемувањето на цената на течниот нафтен гас (ТНГ), што нашироко се користи за гориво […]