Голем дефект во енергетскиот систем остави четири централноазиски држави без струја


Казахстан, Киргистан, Таџикистан и Узбекистан денеска се соочија со масовни прекини во снабдувањето со електрична енергија, предизвикани од ненадејно нарушување на преносниот систем во меѓусебно поврзаната централноазиска енергетска мрежа, соопшти казахстанското Министерство за енергетика. Министерствата за енергетика на четирите земји ги потврдија дефектите и информираа дека екипите на терен веќе работат на постепено стабилизирање на […]

Во Скопје се одржува македонско-казахстански бизнис форум, посветен на унапредување на економската соработка


Македонско-казахстански бизнис форум, посветен на унапредување на економската соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Казахстан ќе се одржи денеска во Скопје, соопшти Стопанската комора на С. Македонија. Настанот ќе се одржи во просториите на Комората со почеток во 11:30 часот.  Во рамки на настанот ќе бидат потпишани Договор за основање на Бизнис совет помеѓу […]

Казахстан сака да купи удели во „Лукоил“: Разгледува опции


Казахстан побара дозвола од Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC) на Министерството за финансии на САД за да го купи уделот на рускиот Лукоил во заеднички проекти, објави министерот за енергетика Јерлан Акенженов. „Веќе на крајот од минатата година истакнавме дека по закон имаме право на првенствено одбивање ако Лукоил одлучи да продаде средства […]

Еве со кои 11 фудбалери Милевски ќе го почне дуелот со Казахстан


 Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски ги одреди стартните 11 за вечерашниот дуел со Казахстан во Скопје. На вечерашниот натпревар поради повреда ќе отсуствува Висар Муслиу. Дуелот со Казахстан на Националната Арена „Тодор Проески“ ќе го почнат: Димитриевски – Стојчевски, Велковски, Зајков, Алиоски – Илиевски, Алими – Миовски, Барди (капитен), Елмас – Ристовски. На […]

Милевски: Нема лесни противници, Казахстан на првиот меч покажа дека е квалитетен ривал


Македонската фудбалска репрезентацијата го остави зад себе ремито со Белгија и веќе гледа кон новиот предизвик. Утревечер на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје гостува селекцијата на Казахстан, а целта е јасна – победа и нови три бода во квалификациите. Селекторот Благоја Милевски е оптимист и верува дека неговите избраници се подготвени за уште една […]

Отворена Амбасадата на Казахстан во Скопје, значаен чекор кон зајакнување на врските меѓу двете земји


Со свечена церемонија денеска во Скопје беше официјално отворена Амбасадата на Република Казахстан во Република Северна Македонија, со што се одбележа и 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Скопје и Астана.  Амбасадорот на Казахстан, Сатибалди Буршаков, во своето обраќање истакна дека отворањето на Амбасадата претставува историски момент во односите меѓу двете земји. -Сведочиме […]

Македонија ќе користи знаење и експертиза на Казахстан во развојот на хидрогенот


Размената на искуства со земји како Казахстан кои имаат силна традиција и експертиза во енергетскиот сектор е значајна за нашата земја во процесот на градење одржлива енергетска иднина, смета министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. Божиновска во Казахстан се сретна со нејзиниот колега Ерлан Аккенженов со кого разговарала за искуствата во спроведувањето […]

Казахстан најави отворање на најголемото наоѓалиште за ретки метали во земјата


Казахстан денеска најави отворање на наоѓалиште што содржи околу еден милион тони ретки метали, наводно најголемото во оваа огромна централноазиска земја, богата со природни ресурси. Изјавата е објавена во пресрет на самитот Централна Азија-Европска унија во Узбекистан, на кој ќе присуствуваат лидерите на пет централноазиски земји, претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта и претседателката на […]

Пронајдена уште една црна кутија на местото на авионската несреќа во Казахстан


 Втората црна кутија е пронајдена на местото на авионската несреќа што се случи вчера во близина на градот Актау на западниот дел на Казахстан, изјави окружниот сообраќаен обвинител на Мангистау, Абилајбек Ордабаев. „Во авионот се пронајдени две црни кутии. Тие ќе бидат предадени на одделот за истрага на воздушни несреќи, а потоа ќе бидат прегледани“, […]

Падот на авионот во Казахстан го преживеаја 28 лица


Причината за авионската несреќа во Казахстан може да биде судир со јато птици, соопштија властите. Според прелиминарните информации објавени од руското воздухопловно регулаторно тело, пилотот решил принудно да слета откако авионот, модел Embraer 190 на Азербејџан ерлајнс, претрпел удар на птици. Авионот летал од Баку за Грозни, главниот град на руската Чеченија, но бил пренасочен […]

Патнички авион се урна во Казахстан. Објавена снимка од несреќата


Патнички авион со 72 лица се урна во Казахстан, соопшти тамошното Министерство за вонредни ситуации. Летот на Азербејџан ерлајнс летал од главниот град Баку за Грозни во Русија, но бил пренасочен поради магла. Се урна во близина на аеродромот Актау на западот на земјата. Reports are coming in of an accident at Aktau Airport, Kazakhstan […]

Казахстан одби да се приклучи на БРИКС, Русија веднаш го забрани увозот на овошје и зеленчук


Руската агенција за безбедност на храна одби да даде дозвола за увоз на овошје и зеленчук од Казахстан, а аналитичарите велат дека вистинската причина е одбивањето на властите во земјата да се приклучат на БРИКС. Иако агенцијата соопшти дека одлуката е донесена поради „одбивањето на релевантните власти од Казахстан да обезбедат фитосанитарна безбедност“, овој потег […]

Во пожар во хостел во Казахстан загинаа 13 лица


Тринаесет лица загинаа синоќа во пожар во хостел во најголемиот град во Казахстан, Алмати, соопшти градскиот оддел за итни случаи. Пожарот избувнал во трикатница во која на приземје и подрум престојувале 72 гости во хостелот. Жртвите починале од труење со јаглерод моноксид, додека останатите 59 лица успеале да ја напуштат зградата. Според градоначалникот на Алмати, […]

Путин во шок: Не очекуваше говор на друг јазик (видео)


Рускиот лидер Владимир Путин во четвртокот беше во официјална посета на Казахстан. Претседателот на Казахстан, Касим Јомарт Токаев го поздрави при излегувањето од авионот. Во попладневните часови беше извршен свечен пречек, а по церемонијата двајцата претседатели преку видео-врска се приклучија на казахско-руската деловна конференција, која годинава се одржува во Костанај, на северот на Казахстан. Меѓутоа, […]

Во пожар во рудник во Казахстан загина најмалку 21 лице


Најмалку 21 лице загина во пожар во рудник во Казахстан, соопшти денеска Арцелор Митал Темиртау, локалната единица на луксембуршката челичарница која работи со рудникот. Од 252 лица во рудникот Костенко, 208 се евакуирани, а 18 побарале лекарска помош, се наведува во соопштението на компанијата. Дваесет и три лица не беа лоцирани до полноќ по локално […]

Казахстан до крајот на годинава ќе отвори амбасада во Скопје


Казахстан до крајот на 2023 година ќе ја отвори најавената амбасада во Скопје. Ова е потврдено во разговорите на министерот за надворешни работи Бујар Осмни со претседателот на Казахстан, Касум-Јомарт Токајев и министерот за надворешни работи, Мурат Нуртлеу, во Астана. -Оваа одлука на казахстанската Влада покажува дека Казахстан ја смета Северна Македонија како партнер од […]

Средношколец повредил тројца ученици во Казахстан со секира и нож


Во Петропавловск, град на северот на Казахстан, средношколец повредил тројца ученици со секира и нож. Според регионалниот портал Петропавловск њуз, средношколец, за кој се верува дека е психијатриски пациент, донел секира и нож во училиштето и ги нападнал учениците пред почетокот на наставата, при што повредил две момчиња и едно девојче. Одделот за образование на регионот Северен Казахстан соопшти дека две деца се сместени во детска болница […]

Казахстан размислува за национализација на енергетските компании по откажувањето на греењето на минус 30 степени


Претседателот на Казахстан, Касим-Жомарт Токаев му наложи на премиерот Алихан Смаилов да го разгледа прашањето за национализација на проблематичниот енергетски имот. Одлуката уследи откако илјадници жители на Екибастуз, северен Казахстан останаа без греење на минус 30 степени Целзиусови, по несреќата во електраната. Токаев наведе дека лошото менаџирање на тие енергетските компании „е причина за несреќи […]

На изборите во Казахстан надмоќно победува претседателот во заминување Токаев


  Казахстанскиот претседател во заминување Касим-Жомарт Токаев убедливо победува на вчера одржаните избори, покажуваат предвремените изборни податоци. Излезните анкети на националниот радио и телевизиски сервис покажуваат дека Токаев освоил 82,45 отсто од гласовите. Според првичните информации на Изборната комисија, на изборите излегле 69,43 отсто од 12-те милиони лица со право на глас. Анкетите на главниот […]

Казахстан ќе ги заштити Русите кои бегаат од мобилизација


Казахстанскиот претседател рече дека ќе ги заштити Русите кои бегаат во Казахстан за да ја избегнат воената мобилизација, која е во тек во Русија, поради праќање во војна во Украина. „Последните денови ни пристигнуваат полно луѓе од Русија. Повеќето се приморани да заминат поради безизлезната ситуација“, вели Касим Жомарт Токаев. „Мора да ги згрижиме и […]