Рекордно загадување на воздухот во Кавадарци


Загадувањето со прекумерно присуство на ПМ 10 честички во воздухот руши рекорди во Кавадарци, реагираат од групата „Еко-аларм”. Во изјава за МИА, велат дека се свесни дека за загадувањето придонесуваат повеќе фактори, како неодговорни фирми, така и несовесни поединци. -Но, има решение за тоа. Откривање на виновниците и нивно казнување. Можеби само така ќе им […]

Јанчев за „Независен“: Би го водел ВМРО ако видам тим со визија


Довчерашниот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев, мирно ја прими одлуката за негово разрешување од функцијата. Вели дека чека да добие официјален документ за да види дали е „само“ сменет од потпретседателската фотелја или добил „шут-карта“ од членството во партијата. „Доколку сè уште сум член на партијата, секако дека останувам да се борам за моите идеи […]

Мицкоски: Ќе се радуваме за ЕУ, ама прво ќе расчистиме со Заев


  ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш побара амнестија за ланските насилства во Собранието. Од Кавадарци, каде што протестираа против владата на Зоран Заев, истакнаа дека доста било уништување на македонското во Македонците. „Пуштија на слобода над 800 криминалци, кои се вратија на улиците. Тие може да ги амнестираат, а патриотите не може. Нема веќе така! Денес на […]

ВМРО-ДПМНЕ го почнува работното лето од Кавадарци


По двомесечна подготовка, ВМРО-ДПМНЕ започнува со активностите околу „Работното лето“. Вкупно 1.500 работни тимови од по четири лица заминуваат во секој дел од Македонија за да им објаснуваат на граѓаните дека политиката на владата на Зоран Заев е штетна. Се бараат предвремени парламентарни избори, по можност заедно со претседателските најавени идната пролет, а ќе биде […]

Кавадарци дава целосна поддршка за отварање на мали групни домови


Кавадарци дава целосна поддршка за отварање мали групни домови, стои во обраќањето до медиумите што денеска го испратија од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.  – Во изминатите денови сме сведоци на протести во селото Тимјаник поради одлуката на Министерството за труд и социјална политика за оспособување простор за мал групен дом за деца со попреченост […]

Единаесет лица од Кавадарци под истрага поради фалсификување пари


Единаесет лица од Кавадаци се под истрага поради сомнение дека се вмешани во фалсификување пари. Основното јавно обвинителство – Велес спроведува истрага против 11-те лица, постапувајќи по кривичната пријава поднесена од МВР. Случај, како што изјави денеска на прес-конференција портпаролот на МВР, Тони Ангеловски е релаизиран од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал […]

“Еко-живот”: Нема да дозволиме уште една Г-1 индустрија во Кавадарци


Регионалниот еколошки центар “Еко-живот” од Кавадарци ќе направи се што може, за да не дозволи уште една Г-1 индустрија во Кавадарци, рече денеска во изјава за МИА, неговиот претседател Роберто Паризов. Тој потврди дека веќе извесен период има обиди од страна на одделни субјекти во градот да протуркаат измена од незагадувачка во загадувачка индустрија, притоа […]

Апелација ја укина пресудата за поткуп на ексградоначалникот на Кавадарци


Апелацискиот суд Скопје ја укина пресудата со која поранешниот кавадаречки градоначалник Александар Панов беше осуден за поткуп при избори и гласање. Дека предметот е вратен на повторно разгледување во Основен суд Кавадарци, за МИА потврди Лилјана Ситниковска, судија и портпарол на судот. Со пресуда на Основен суд Кавадарци во август минатата година, Александар Панов беше […]

Австриски доктор донира бионичка рака за пациент од Македонија


Доктор од Австрија донира бионичка рака за пациент од Македонија, на кого раката му е ампутирана над надлактицата. Професор д-р Оскар Асман ја овозможи донацијата за време на вториот меѓународен симпозиум IASPT, во организација на Медицинскиот универзитет во Виена, соопштија од Министерството за здравство. – Остеоинтегративната бионичка протеза, која првпат се вградува кај пациент од […]

Девојка во Кавадарци нападната од нејзиното поранешно момче


Кавадарчанец денеска ја нападнал својата поранешна девојка и физички се пресметал со другарот кој ја придружувал во центарот на градот. – Девојката со другарка и и нејзиниот сопруг се паркирале во централното градско подрачје. Во тој момент дошол оставениот дечко и почнал да ја тегне поранешната девојка. Другарот дошол на помош, па двајцата мажи размениле […]

Запален пластичен контејнер во Кавадарци


Несовесни граѓани запалија пластичен контејнер, кратко откако контејнерите беа поставени за селектирање на отпадот во Кавадарци. Од Јавното претпријатие „Комуналец” кое ги постави контејнерите во соработка со општината и компанијата „Пакомак”, денеска изразија незадоволство од ваквата постапка и упатија апел ваквите несакани работи да не се повторуваат. – Неопходно е сите да се вклучат во […]

(Фото) Нов асфалт на улицата „4 Јули“ во Кавадарци


Нов асфалт доби улицата „4 Јули” во Кавадарци. Оперативата на фирмата „Инвест груп” денеска на оваа улица постави нова асфалтна подлога на вкупна површина од 1.200 квадратни метри, со дебелина од пет сантиметри. Новиот асфалт се постави на потегот од спојот на улица „4 Јули“ со улицата „Илинденска“ до спојот со улицата „Љубашка“. За реновирање […]

Невреме во Кавадарци: Наноси од земја го блокираа градот


Општина Кавадарци синоќа ја зафати невреме. Интензивно се работи на чистење на улиците од наноси со земја од страна на екипите на Јавното претпријатие „Комуналец“. – Поројните дождови во вечерните часови оставија последици низ кавадаречките улици. Неколку екипи на комунални работници со механизација се на терен и вршат чистење и миење на улиците, како и […]

Пожар во магацински простор во Кавадарци, нема повредени


Нема поврдени во пожарот што доцна синоќа избувна во магацински простор во Кавадарци, за МИА денеска потврди Илчо Богевски, командир на кавадаречката Територијална противпожарна единица. -Изгоре дел од магацинот, но спречивме пламените јазици да ги зафатат околните објекти. Ризикот за такво нешто беше голем, бидејќи во магацинот имаше дрва и буриња со лесно запалива течност, […]

Во Кавадарци сообраќајно воспитна акција ,,Да ги заштитиме децата во сообраќајот


Сообраќајно воспитна акција насловена „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“  беше реализирана денеска за децата во градинката “Рада Поцева” во Кавадарци, од страна на инспектори од отсекот за превенција при кавадаречката полиција. – Опфатени беа дечињата од големите групи во организациските единици “Снежана” и “Гроздоберче”. Со децата беа разработени основните сообраќајни правила и прописи, а […]

Два пасоша и неколку ранци украдени од кавадаречки средношколци за време на екскурзија во Верона


Два пасоша и неколку ранци се украдени од кавадаречки средношколци за време на екскурзија во италијанскиот град Верона, потврди за МИА директорот на електро-машинското училиште „Киро Спанџов-Брко“ Драги Ташев. – Додека учениците ја разгледувале Верона, непознати сторители го скршиле стаклото од вратата на автобусот. Земале неколку ранци со храна, а во два од нив биле […]

Педесетгодишен кавадарчанец повреден во сообраќајка


Педесетгодишен кавадарчанец бил повреден во сообраќајка која попладнево се случила на крстосницата меѓу улицата „Никола Минчев“ и булеварот „Македонија“, во новиот центар на Кавадарци. Како што изјави за МИА портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски,  во несреќата се судриле две патнички возила, „мерцедес“ управуван од 36-годишниот Ј.Ј и „пежо 405“ управувано од педесетгодишниот Д.К. Повредениот бил пренесен […]

Во Кавадарци уапсен газда на фирма што илегално продавал ракија


Во Кавадарци е уапсен управител на фирма што илегално продавал тони алкохол. Алкохолот бил пронајден при вчерашната акција на Основното јавно обвинителство Кавадарци во координација со Министерството за внатрешни работи. Најдени биле над 9000 шишиња алкохол спакувани во количина од по 0,7 литри или 1 литар, кои немаат маркица за акцизи. „Акцијата продолжува и во […]

Почина Кавадарчанец кој во бесознание бил пронајден кај олимпискиот базен во Скопје


Шеесет и шестгодишниот В.А. од Кавадарци кој вчера бил пронајден во бесознание во близина на олимпискиот базен во Скопје, по што со Итна медицинска помош бил донесен во Ургентниот центар, починал и покрај сите обиди за реанимација. МВР информира дека телото на починатиот ќе биде предадено на обдукција.