Подметнат бил пожарот кај Кавадарци – уште не е изгаснат


Пожарот во кавадаречко е ставен под речиси целосна контрола и се очекува до крајот на денот целосно да биде изгаснат. Ова на заедничка прес-конференција го соопштија директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. Ангелов истакна дека станува збор за исклучително тежок и комплексен пожар на непристапен и […]

Кај новиот „Лидл“ во Кавадарци ќе се гради кружен тек


 Нов кружен тек ќе се гради во новиот центар во Кавадарци, кај што ќе бидат отворени комплексот Литл Америка и Лидл, рече денеска кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев во изјава за медиумите, при  вовед во работа за кружен тек на Северен Булевар. – Посебна благодарност до Лидл за донацијата и поддршката во реализацијата на овој проект. […]

Фатен 27-годишен жител на Росоман кој утрово со остар предмет ја убил неговата мајка


Лишен од слобода е 27-годишен жител на Росоман, кој утрово со остар предмет ја убил неговата мајка, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи. – Полициски службеници од ОВР – Кавадарци денеска го лишија од слобода И.Р., на возраст од 27 години од Росоман. Во СВР – Велес, тој сам пријавил дека утрово околу 07:30 […]

Јанчев: Кавадарци ќе го претвора винскиот отпад во нови производи


Преку Фондот за градски експерименти, преку зелена и дигитална трансформација, Кавадарци ќе го претвора винскиот отпад во нови производи, ќе промовира циркуларна економија и гради екотуристичка понуда, која ќе ги поврзува винарниците, културните знаменитости и стопанствата. Ова го истакна денеска кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев на работилница во Кавадарци. – Нашата општина е пример како локалните […]

Четири општини од Тиквешко со подготовки за „Свети Трифун“, празникот заштитник на лозарите и винарите


Четири општини од Тиквешко со подготовки за „Свети Трифун“, празникот заштитник на лозарите и винарите. Од локалните самоуправи Кавадарци, Неготино, Росоман и Демир Капија, најавуваат бројни настани за достојно одбележување на традицијата во најголемиот лозаровинарски регион во државата. Се верува дека празникот е заштитник на лозјата од мразеви, суша, болести и штетници, секаков вид невреме. […]

Хрватска државјанка осомничена за семејно насилство во Кавадарци


Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против 30-годишна државјанка на Хрватска со привремен престој во Кавадарци, која е осомничена дека сторила кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Како што се наведува во соопштението на Обвинителството вчера изутрината во состојба на пијанство со присуство […]

Опожарени две хали од магацински простор на конфекција во Кавадарци


Опожарени се две хали од магацински простор на конфекција во Кавадарци, потврдија од Противпожарната служба за МИА, откако утрово избувна пожар. Од Територијалната противпожарна единица појаснија дека изгорел покривот на двете хали, но за среќа, реагирале навремено.  – Добро е што нема поголеми штети и што огнот не се прошири на соседните хали. Дејствувавме со […]

Пожар на хала во Кавадарци, пожарникарите на терен


Пожар избувна утринава на хала во Кавадарци. На терен се пожарникарите од Територијалната противпожарна единица Кавадарци, која дејствува на подрачјето на кавадаречката и росоманската општина.  Од Противпожарната служба за МИА изјавија дека во моментов се интервенира на лице место и дека засега не можат да дадат повеќе детали за пожарот. 

Јанчев: Зимската служба до доцна вечерта обезбедуваше услови за побезбеден сообраќај


Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев утрово информираше дека зимската служба на подрачјето на општината работела до доцна во ноќните часови на расчистување на снегот од коловозите, со цел да обезбеди услови за побезбеден сообраќај. -Зимската служба до доцна вечерта, континуирано вршеше посолување и одржување на повеќе патни правци со цел обезбедување побезбедни услови за сообраќај. Посолени […]

Бесплатен јавен превоз за пензионерите во Кавадарци


Пензионерите од Кавадарци добиваат бесплатен градски и приградски превоз секој ден во неделата, информираа попладнево од јавното претпријатие „Градски превоз” Кавадарци. Оттаму соопштија дека услугата ја овозможуваат заедно со Општина Кавадарци.  – Се работи за градските линии после осум часот, како и без ограничувања, за приградските линии, појаснија од „Градски превоз”.  Претходно и претседателот на […]

Наставничка од Кавадарци фотографила приватни разговори на колешка и ја кодошела кај директорката


Кривични пријави против две вработени во училиште во Кавадарци биле поднесени од страна на полицијата,  под сомнеж за „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“, потврдија попладнево за МИА од Секторот за внатрешни работи Велес.  Оттаму информираа дека денеска ОВР Кавадарци до ОЈО Кавадарци поднел кривична пријава против В.Т.(47) и М.Т.(52), двете од Кавадарци, поради […]

Деветмина, меѓу кои и три жени, искршиле сè во куќа на кавадарчанец – домаќините претепани


Деветмина влегле во куќа на кавадарчанец, искршиле сè, па ги нападнале домаќините. Меѓу напаѓачите три се жени. На 18/19.10.2025, во периодот од 22:05 до 01:25 часот во ОВР Кавадарци е извршен службен разговор со О.Ј.(45), 44-годишната Н.Ј., 41-годишната У.Ј., 35-годишната Е.Ј,. А.Ј.(23), К.Ј.(25), Ш.Ј.(40) и С.С.(28), сите од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека ја […]

Ристески: Мислам дека цените се веќе стабилизирани и имаат мал пад надолу


Пазарниот инспекторат редовно прави анализа на цените, поврзани со основната егзистенција на една просечна македонска фамилија. Мислам дека цените се веќе стабилизирани и имаат мал пад надолу. Ако видиме дека има непазарно однесување од страна на одредени трговци, производители или дистрибутери, Владата ќе биде спремна со мерки што ќе значат и некое ограничување на цени.  […]

Се тепале мајка и ќерка пред угостителски објект во Кавадарци


Во полиција било пријавено дека мајка и ќерка го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка во Кавадарци, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес. -Синоќа во 21 часот во градот, полициски службеници од ОВР – Кавадарци ја приведоа Ј.Ч., 38-годишна кавадарчанка. Тоа, постапувајќи по претходна пријава дека пред угостителски објект во […]

Убиено едно лице при тепачка пред казино во Кавадарци


Едно лице, родено 1982 година, било убиено при тепачка пред казино во Кавадарци. Оваа информација за МИА ја потврди доктор Антоан Паракеов, раководител на Службата за итна медицинска помош. – Точно е, имаше убиство при тепачка, утринава околу пет часот, пред казино. Станува збор за смртоносни повреди на глава. Наша екипа доби повик и веднаш […]

Јанчев: Над 800 лица се грижат за безбедноста на „Тиквешки гроздобер“


Над 800 лица од повеќе субјекти надлежни во различни сегменти, активно се грижат за безбедноста на „Тиквешки гроздобер“, рече денеска кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, на седница на Совет на Општина Кавадарци. Тој појасни дека за таа безбедност да биде на највисоко можно ниво, редовно се изработува елаборат со вклученост на повеќе страни од стручен аспект.  […]

Андовски: Денеска решение за формирање комисија за надзор над случајот со детето од Кавадарци


– Заменик министерот за здравство, Јовица Андовски утрово потврди за МИА, дека денеска ќе го потпише решението за формирање комисија за стручен надзор при МЗ, во врска со детето од Кавадарци кое почина пред неколку дена.  – Докторите се повикани за веднаш да почнат со работа, подвлече Андовски.  Во петокот, од Државниот санитарен и здравствен инспекторат […]

ДСЗИ: Нема пропусти во случајот со починатото дете од Кавадарци


При инспекциските надзори не се констатирани недостатоци од надлежност на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), во врска со починатото тригодишно дете од Кавадарци, информираа денеска од ДСЗИ за МИА.  – Имајќи во предвид дека Државниот санитарен и здравствен инспекторат нема надлежности во стручниот дел на работата на здравствените работници, ДСЗИ согласно член 296 од […]

Нов кружен тек се гради на регионалниот пат Кавадарци – Росоман


 За поголема безбедност во сообраќајот, нов кружен тек се гради на регионалниот пат Кавадарци – Росоман, информираа попладнево од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. -Интензивно се работи на изградбата на нов кружен тек на регионалниот пат Кавадарци – Росоман, со цел да се зголеми безбедноста на учесниците во сообраќајот. Во вкупна вредност од 11 […]

ДСЗИ: Во тек инспекциски надзори во три здравствени установи во врска со починатото тригодишно дете од Кавадарци


Во тек се инспекциски надзори во три здравствени установи со цел да се следи патот на лекувањето на детето. Приватната здравствена установа каде детето имало избран матичен лекар, во Општата болница во Кавадарци, каде било лекувано и во Универзитетската клиника за детски болести каде била констатирана смрт. Вака денеска одговорија од Државниот санитарен и здравствен […]