Се реконструира интернатот за средношколци во Кавадарци


Започна реконструкцијата на ученичкиот дом ,,Крсте Петков Мисирков’’, информираат попладнево од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. Реконструкцијата, како што појаснуваат, опфаќа комплетно реновирање на собите, тоалетите, кујна, ходници и на влезни партии. Се работи за инвестиција на Општина Кавадарци во висина од 5.500.000 денари, се додава во соопштението, додека изведувач на работите е фирмата […]

Од утре ќе се извршуваат сложени гинеколошки операции во кавадаречката болница


Од утре ќе се извршуваат сложени гинеколошки операции во кавадаречката болница, на гинеколошко – акупшерското одделение,  со доктори од ЈЗУ УК за гинекологија и акушерство, информираа денеска од оваа јавна здравствена установа со проширена дејност.   – Со цел проширување на услугите што ги пружаат нашите лекари на Гинеколошко акушерско одделение, ЈЗУ Општа Болница со […]

Вкупно 259 лица пријавиле штети од врнежи од град во општина Кавадарци


Вкупно 259 лица пријавиле штети од врнежи од град во општина Кавадарци. Како што појасни Зоран Младеновски, советник за заштита на животната средина при кавадаречката локална самоуправа, се работи за елементарна непогода од градобијни зрна, што направиле штети врз земјоделските култури од осумдесетина проценти во два наврата на кавадаречка територија.  – Општина Кавадарци објави јавен […]

На изложбата на олдтајмери во Кавадарци најстарите автомобили се од 1950 година


Во рамките на традиционалната стопанско туристичка и културна манифестација „Тиквешки гроздобер“, денеска во Кавадарци има изложба на олдтајмери во организација на Авто мото клуб РПМ и кавадаречката локална самоуправа.  Кирил Димитров Урошев, дел од организацијата на настанот, изјави дека за изложбата се пријавени педесетина возила од земјава и странство, но се очекува нивниот број да […]

Кавадарци одбележува 68 години од тектонската несреќа кај месноста Моклиште


Кавадарци одбележува 68 години од тектонската несреќа кај месноста Моклиште, кога загинаа 12 лица и 1.200 овци, голем број грла крупен добиток, потсетија денеска од кавадаречката Музеј галерија.  –  Како последица на тектонското движење на земјата, во раните утрински часови на петти септември 1956 година,  дошло до уривање на ридот „Градот“. Во оваа несреќа животот […]

Невреме во Кавадарци, се излеа Луда Мара, блокирани улици од паднати дрвја…


Реката Луда Мара е излеана на некои места, блокирани се улици од паднати дрвја од невремето попладнево во Кавадарци.   – По обилното невреме што го зафати нашиот град и за кратко време беа наврнати големи количества на дожд, град и силен ветер, настанати се последици од ова кратко, но силно невреме, информираше кавадаречкиот градоначалник […]

Кавадарчанец лишен од слобода, ѝ се заканувал на сопругата


 Кавадарчанец бил лишен од слобода синоќа, пријавен бил дека се заканувал по живот на сопругата па бил агресивен кон полицаец. За ова информираа денеска од СВР Велес. – Синоќа во 20.45 часот, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци лишиле од слобода 39-годишен кавадарчанец, затоа што агресивно се однесувал и спречувал полициски службеник при извршување службени […]

Советот на Кавадарци ќe расправа за најавената инвестиција во центар за преработка на отпадна гума


 Советот на Кавадарци ќе расправа за иницијативата за фабрика за третман на отпадна гума на 22 август,  во рамки на редовната 45-та седница.  Ваква одлука е донесена, откако претходно, денеска,  советниците Вуко Мелов и Павле Маневски писмено побараа да се расправа по иницијативата за отворање на фабрика за третман на отпадна гума. Претходно, двајца советници, […]

Во Кавадарци почна собирање потписи против регионален центар за собирање и третман на отпадна гума


Во Кавадарци денеска започна собирање потписи против регионален центар за собирање и третман на отпадна гума.  – Всушност, собирањето на потписи е против нова Г-1 индустрија во општина Кавадарци. Потписите се собираат на градскиот плоштад во Кавадарци, рекоа незадоволните кавадарчани, кои на вчерашната јавна расправа организирана од Министерството за животна средина, во голем број, порачаа […]

Кавадарчани не сакаат рециклажен центар за отпадни гуми во близина


Кавадарчани се во голем број против рециклажен центар за собирање и третман на отпадни гуми, порачаа голем број на кавадарчани на денешната јавна расправа организирана од Министерството за животна средина. Тие се исплашени за сопственото здравје, земјоделството, винскиот туризам и развојот на регионот. Јавната расправа беше за животна средина во врска со Г-1 зона.  – […]

Кавадарци ќе добие хотел „Холидеј ин“ во новиот мол „Литл Америка“


Договор за франшиза, изградба на хотел ,,Холидеј ин”, во новиот мол на „Литл Америка” што е во изградба, беше потпишан денеска во Кавадарци. Хотелот ќе биде во рамките на комплексот станбени згради и трговски центар под името „Little America“, инаку инвестиција на кавадарчанецот Трајче Зуко Ристовски, кој над дваесет години работи и живее во Америка […]

Овозможени обуки за вработливост преку „3ајакнување  на  младите  преку  нови  можности  2“


 „3ајакнување  на  младите  преку  нови  можности  2“, е насловен проектот што СОС Детско село го спроведува во соработка со општина Кавадарци, со финансиска поддршка од Министерството за економска  соработка  и  развој  на  Сојузна  Република  Германија  и  Фондацијата  Херман  Гмајнер.  Градоначалникот Митко Јанчев, во своето обраќање пред присутните, рече дека целта на настанот е интеграција и […]

Вински музеј Кавадарци со околу 13.500 посетители за неполни четири години


Вински музеј Кавадарци е посетен од околу 13.500 посетители за неполни четири години, информираше денеска директорката Весела Честоева. Таа истакна дека во овој летен период најголем дел од гостите се од различни делови на светот. – За првата половина од оваа година имаме евидентирано околу 1.600 гости од земјава и странство, лани бројот на посетители […]

Кавадарчанка пријавила дека ќерката ѝ се одјавила од интернат и не одговара на телефонски повици


Четириесет и петгодишна жена од Кавадарци пријавила во полиција дека на 6 јуни, нејзината 17-годишна ќерка се одјавила од средношколскиот интернат и заминала кај К.Ѓ.,19-годишно лице од Битола, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес. Според пријавеното, таа неколкупати стапила во контакт со неа, но, потоа престанала да одговара на телефонските повици и […]

Триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци, прва жртва при распадот на Југославија


Триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски, припадник на Југословенската народна армија, прва жртва при распадот на Југославија, се одбележаа денеска во Кавадарци. Беше положено цвеќе на неговиот споменик на градските гробишта, а беше посетена и новата фонтана изградена во негова чест, на кружниот тек што го носи неговото име. Од кавадаречката Музеј […]

Ученици обезбедија клима-уред за социјално загрозено семејство


Ученици обезбедија грејно – разладно тело за социјално загрозено семејство во Кавадарци, во рамки на активностите од програмата за промоција на хумани вредности, информираше денеска Димитар Каракулев, претседател на Општинската организација на Црвениот крст.    – Младите волонтери во нашата хуманитарна организација реализираат неколку проекти, станува збор за платформата „Црвен крст во акција, промоција на […]

Ден на ,,станушина” на 11 мај во Кавадарци


 Ден на ,,станушина” е насловена манифестацијата што ќе се реализира во Кавадарци на 11 мај, во организација на Здружението ,,Македонски семејни винарии“.  Од Здружението вечерва соопштија дека станува збор за единствената автохтона македонска сорта на грозје.  – Нашето македонско девојче, како што сите ние го нарекуваме, сакаме да го издигнеме на едно повисоко и достоинствено […]

Кавадарци: Љубовникот на мајката ја обљубил нејзината малолетна ќерка


Кавадарчанка пријавила во полиција дека лице со кое била во љубовна врска извршило полови дејства врз нејзината ќерка, син физички го нападнал татка си со тврди предмети, кавадарчанец агресивно се однесувал и предизвикал пожар во сопствениот стан. Ова се настаните за кои денеска информираа од СВР Велес.  – Синоќа во 19.30 часот, полициски службеници од […]

Млади од Кавадарци организираа хуманитарен концерт за поддршка на самохрана мајка


Млади од Кавадарци реализираа хуманитарен концерт за поддршка на семејство на самохрана мајка и нејзиното малолетно дете. Настанот се одржа синоќа во основното општинско музичко и балетско училиште „Лазо Мицев Рале”.  -Во рамките на програмата ЦКА-ПХВ ( Црвен крст во акција-промоција на хумани вредности), младите на Црвениот крст Кавадарци кои доаѓаат од ООУ „Тошо Велков […]

Кавадарци меѓу првите општини со фотонапонски панели на јавните општински објекти


Општина Кавадарци е една од првите општини  во државата, која во 2022 година постави фотонапонски панели на сите јавни општински објекти со вкупна инсталирана моќ од 19,2 киловати на час. За ова попладнево информираа од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев Во Кавадарци за првпат се реализира ваков иновативен проект со кој се придонесе кон заштита […]